11 јануари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< јануари >>
Н П В С Ч П С
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

11 јануари е 11-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 354 денови до крајот на годината (355 во престапна).

Настани:

1693  Во земјотресот што се случи во Катанија, Италија, загинаа околу 80.000 луѓе.
1897  САД и Велика Британија се согласија со арбитража да ги регулираат границите меѓу Канада - британски доминион и Алјаска, огромна територија од 1,5 милиони квадратни километри, која Американците во 1867 година ја купија од Русија за 7,2 милиони долари. Утврдените граници се непроменети до денес.
1945  Во Скопје е одржана Првата конференција на балканската младина на која присуствуваа делегати од Југославија, Грција, Албанија и Бугарија. Меѓу другото, беше донесена Резолуција за зближување на младината од балканските земји.
1994  Република Финска и Република Македонија воспоставија дипломатски односи.
1995  Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Романија и со Кралството Саудиска Арабија.

Родени:

347  Теодосиј I — римски цар.
1814  Танкреди Пазеро — еден од најголемите италијански оперски бас-пејачи.
1842  Вилијам Џејмс — американски психолог.
1920  Славко Јаневски — македонски писател.
1923  Јово Камберски — македонски раскажувач и романсиер.
1961  Жан Митрев — македонски кардиохирург.
1968  Саша Ќириќ — македонски фудбалер.
1975  Матео Ренципремиер на Италија.
1985  Хозе Семедо — португалски фудбалер.
1988  Камерон Мајер — австралиски велосипедист

Починале:

705  Јован VI — римски папа.
1801  Доменико Чимарозаиталијански композитор, претставник на Неаполската оперска школа.
1928  Томас Харди — англиски писател.
1923  Константин I — грчки крал.
1941  Емануел Ласкер — германски шахист.
1990  Асен Тодоров — еден од доајените на македонското новинарство.
2008  Едмунд Хилари — првиот освојувач на Монт Еверест.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември