12 јануари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< јануари >>
Н П В С Ч П С
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

12 јануари е 12-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 353 денови до крајот на годината (354 во престапна).

Настани:

1915  Претседателскиот дом на САД го отфрли предлогот жените да добијат право на глас.
1945  Втора светска војна: Во текот на жестоките борби во Ардените, советските сили тргнаа во голема офанзива против Третиот рајх. Челичниот валјак брзо ја проби непријателската одбрана во длабочина од 150 километри, а на 3 февруари првите советски тенкови стигнаа до Кистрин и Франкфурт, само 80 километри од Берлин.

Родени:

1746  Јохан Хајнрих Песталоци — швајцарски педагог и реформатор.
1876  Џек Лондон — американски писател и социјалист.
1893  Херман Геринг — член на водството на Националсоцијалистичката партија.
1944  Џо Фрејзер — американски боксер.
1969  Роберт Просинечки — хрватски и југословенски фудбалер и тренер.

Починале:

1987  Анатолиј Ефрос — познат советски режисер.
1995  Климе Савин — македонски пливачки маратонец и спортски работник.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември