Национална библиотека на Австралија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Национална библиотека
на Австралија
National Library of Australia
NLA logo.png
Податоци за органот
Основан 1960
Претходник Сојузна парламентарна библиотека
Држава Влада на Австралија
Седиште Канбера, Австралија
Кадар 479 (2010-11)
Годишен буџет 62,9 мил. дол. (2011-12)
Раководител Ен-Мари Швиртлих
(генерален директор)
Матичен орган Министерство за правда
Портал
nla.gov.au
Зданието на Националната библиотека на Австралија
Поглед на библиотеката од езерото Берли Грифин, Канбера

Национална библиотека на Австралија (англиски: National Library of Australia, скр. NLA) — најголема референтна библиотека во Австралија, со одговорности согласно пропишаното во Законот за национална библиотека (National Library Act) и има за цел да „чува и развива национална збирка на библиотечен материјал, вклучувајќи опширна збирка на материјали што се однесуваат на Австралија и австралискиот народ.“ Во 2012-2013 г, збирката опфаќала вкупно 6.496.772 единици, како и дополнителни 15.506 метри ракописи.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Во формална смисла, Националната библиотека на Австралија како таква е основана со закон во 1960 г., но работи како таква речиси од почетокот.

Библиотеката е основана во 1901 г. како „Сојузна парламентарна библиотека“ (Commonwealth Parliamentary Library) со цел да го опслужува новосоздадениот сојузен парламент на Австралија.

Денешната зграда на библиотеката е отворена во 1968 г. Дело е на архитектонското биро „Bunning and Madden“. Фоајето е поплочено со мермер и има витражи на Леонард Френч и три таписерии на Матје Матего.[2]

Збирки[уреди | уреди извор]

Во 2012-2013 г. библиотеката опфаќала 6.496.772 единици во збирки и уште 2.325.900 единици во одделот за ракописи.[1] Од особено национално значење е збирката „австралијана“ која се однесува на културното наследство на Австралија. Тука се претставени австралиски писатели, уредници и илустратори кои работат во Австралија или во странство.

Библиотечната збирка опфаќа материјали во секаков формат — од книги, стручна периодика, мрежни места и ракописи со слики, фотографии, карти, музички партитури, етнографски снимки, музички записи и разгледници, летоци и многу друго.[3]

Околу 92,1% од библиотечната збирка е каталогизирана[1] и пребарлива на семрежниот каталог.[4]

Библиотеката има дигитализирано преку 174.000 единици од збирката[5] и настојвуа да ги става на располагање на семрежјето, колку што е можно. Претставува светски предводник во техники на електронско архивирање,[6] и има семрежен архив на одбрани австралиски мрежни места наречен „Пандора“ (Pandora Archive).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]