14 јануари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< јануари >>
Н П В С Ч П С
1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31

14 јануари е 14-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 351 денови до крајот на годината (352 во престапна).

Настани:

1914  Хенри Форд, „крал на американската автомобилска индустрија“, ја пушти во работа првата бескрајна производна лента. Тоа значеше пресвртница, бидејќи го забрза производството на автомобили и придонесе за големо намалување на нивната цена.
1969  Во СССР се лансирани во вселената бродовите „Сојуз-4“ и „Сојуз-5“ и за првпат во историјата е формирана експериментална вселенска станица и е остварено преминување на астронаутите од еден во друг вселенски брод.
1994  Фудбалскиот сојуз на Македонија стана придружен член на Европскиот фудбалски сојуз.

Родени:

1860  Атанас Бадев — истакнат македонски композитор и музиколог.
1861  Мехмед VI — отомански султан.
1875  Алберт Швајцер — познат француски хуманист, лекар, филозоф и музичар.
1906  Васил Хаџиманов — македонски етномузиколог и педагог.
1914  Паскал Паскалевски — македонски поет.
1930  Љубица Дамјановска — македонска историчарка на уметноста.
1933  Јозо Т. Бошковски - Јон — македонски поет, раскажувач.
1968  Зоран Маџиров — македонски музичар.
1981  Сергеј Лагутин — узбекистански велосипедист.
1983  Максим Монфор — белгиски велосипедист.

Починале:

1742  Едмунд Халеј — англиски астроном и геофизичар.
1833  Готлоб Ернст Шулцегермански скептички философ.
1986  Дона Рид — американска филмска и телевизиска артистка.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември