Франш-Конте
Франш-Конте |
|||
---|---|---|---|
— Регион на Франција — | |||
|
|||
Земја | Франција | ||
Префектура | Безансон | ||
Департмани | |||
Управа | |||
• Претседател на советот | Мари-Маргерит Дифе (PS (Социјалистичка партија)) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 16.202 км2 | ||
Население (2008-01-01) | |||
• Вкупно | 1.159.000 жит. | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
ISO 3166 | FR-I | ||
NUTS | FR43 | ||
Портал | franche-comte.fr |
Франш-Конте (француски изговор: [fʁɑ̃ʃ kɔ̃te]; франко-контски: Fraintche-Comtè; франко-провансалски:Franche-Comtât) е регион и традиционална провинција во источна Франција. Се состои од департманите: Ду, Јура, Горна Сона и Територија Белфор и има 1,159,000 жители (2008).
Позначајни градови се градовите Безансон, Белфор, и Монбелјар. Други значајни градови се Дол (престолнина пред регионот да биде освоен од страна на Луј XIV во доцниот 17-ти век), Везул (главен град на Горна Сона), Арбоа ("винската престолнина" на Јура), и Лон-ле-Соние (главен град на Јура).
Содржина
Историја[уреди | уреди извор]
Регионот бележи човечко присуство уште во времето на Палеолитот и бил населен од страна на Галите. Во 5 век бил дел од териториите на Алеманите а потоа и дел од Кралството Бургундија од 457 до 534. Бил христијанизиран под влијание на Свети Колумбан, кој тука основал неколку манастири. Во 534, станал дел од франското кралство. Во 561 бил дел од меровиншкото кралство Бургундија, под власта на Гунтрам, третиот син на Клодовик I. Во 613, Клотар II го обединил франското кралство под своја власт а регионот останал дел на Кралството Бургундија за време на Меровинзите и Каролинзите. Регионот потпаднал под власт на Светото римско царство во 1034 и тој дефинитивно се отцепил од војводството Бургундија сé дури повторно не станал дел од Франција во 1477. Таа година во битката кај Нансси во текот на Бургундските војни, бил убиен во битка последниот војвода Карло Ќелавиот. Регионот преминал под власт на Австрија во 1481 и Шпанија во 1556. Франција го повратила овој регион во 1668 но го вратила со договорот од Екс-ла-Шапел. Тој по вторпат бил освоен во 1674, и конечно бил отстапен на Франција во 1678. Енклави како Монбелијар останале надвор од француска контрола. Од 1851 до 1946 населението се намалило за една петтина поради миграцијата село-град (најмногу во Горна Сона и Јура).
Администрација и политика[уреди | уреди извор]
Регионот е поделен на четири департмана а најнаселен е Ду додека најгусто населен е Територија Белфор.
Департман | Број на департман | Население | Густина на население | Главен град |
---|---|---|---|---|
Ду | 25 | 522 685 | 100 жит./km² | Безансон |
Јура | 39 | 260 740 | 52 жит./km² | Лон-ле-Соние |
Горна Сона | 70 | 238 548 | 45 жит./km² | Везул |
Територија Белфор | 90 | 141 958 | 233 жит./km² | Белфор |
Франш-Конте се состои од 1.786 општини. По францускиоте локални избори во 2007, двајца советници се припадници на социјалистите а единаесет на УМП. 55% од жителите на Франш-Конте на претседателските избори својот глас го дале за Никола Саркози во вториот круг на претседателските избори во 2007. Со регионот раководи Мари-Маргерит Дифе, припадничка на Социјалистичката партија.
Географија[уреди | уреди извор]
Местоположба[уреди | уреди извор]
Франш-Конте се наоѓа во западно-централниот дел на Европа. Сместен во источниот дел на Франција се граничи со Швајцарија во близина на Германија и Италија.
Топографија[уреди | уреди извор]
Франш-Конте е планински регион и содржи значаен дел од планинскиот масив Јура, на границата со Швајцарија. На север од регионот се наоѓа планинскиот масив Вогези (еден дел од Алзашки Балон се наоѓа во Франш-Конте). Трите највисоки планински врвови се Крет Пела на височина од 1495 метри (во Јура), Златниот рид на височина од 1463 m во департманот Ду и Алзашки Балон на височина од 1247 метри во територијата Белфор. Повисоките врвови на масивот Јура се наоѓаат во Швајцарија или во департманот Ен.
Хидрографија[уреди | уреди извор]
Регионот поседува речна мрежа во должина од 5350 км од кои на 4549 км можен е риболов а 320 км од реките се пловни.. Главни реки во регионот се Сона, Ена, Кујзанс, Ду, Лу, Оњон, Бјен, Валуза, Сирана, Сеј, Ерисон, Савуреза, Отриш, Ален или Алан (во Франција), Лизон. Се бројат и 80 природни или вештачки езера како Рус (езеро) Рус, Шален, Верноа, езерото Ламура (езеро), Везул-Вевр, Сен-Поан, Реморе, Нарле и познатото езеро Вуглан која е трета француска акумулација со своите 605 милиони кубни литри вода.
Население[уреди | уреди извор]
Населението во регионот броело 1.151.000 жители во 2007. Порастот на населението изнесувал околу 0,20 % годишно меѓу 1990 и 1999[1]. Од демографски аспект, Франш-Конте е релативно густо населен иако на високите висорамнини и басени населението се раселило во градовите напуштајќи ги селата и малите градови. Од друга страна има два големи демографски басени и двата ситуирани во департманот Ду. Во Безансон и околината, живеат повеќе од 220.000 жители и тој е најзначајниот град во регионот. Само во градот Безансон има 134.000 жители, потоа следат Монбелиар, 117.000 жители и Белфор, 92.400 жители. 5,9 % од населението на Франш-Конте се имигранти во однос на 7,4 % на национално ниво, и тоа од земји како Мароко (15,7 %), Алжир (14,1 %), Португалија (13,9 %), Италија (12 %) и Турција (10,6 %).
Поважни градови[уреди | уреди извор]
|
Сите податоци се преземени од INSEE за 2008.
|
|
Економија[уреди | уреди извор]
Земјоделското производство се потпира на одгледување говеда (Монбелијард) и производство на сирење. Значајно е и одгледувањето на житните култури (144 380 ha) и маслодајните култури (38 450 ha) [2]. Регионот поседува и виногради во областа Јура и и се произведува вино од пет различни сорти. Значајно е и шумартството со самиот факт дека шумите опфаќаат 42% од вкупната територија на регионот. Франш-Конте, пропорционално со неговата популација е првиот индустриски регион во Франција, 6 од 10 вработувања се во стопанските гранки а нивото на невработеност изнесува околу 8,5 %. Бруто домашниот производ, БДП по жител во 2002 изнесувал 21897 €. Тој воедно е и регион со најразвиен извоз во Франција. Во 2003, БДП се искачил на 25,6 милијарди евра[3] или 1,6% од националниот БДП. Монбелијар-Белфор е економски центар на регионот, особено посветен на автомобилската индустрија и на TGV. Индустрискиот Пежо – Цитроен Сошо е прв во Франција со 13.841 вработени во септември 2006 а воедно и најголемиот работодавец во регионот. Пежо и неговите филијали заземаат 10 % од производството на Франција.
Туризам[уреди | уреди извор]
Во тек на зимската сезона, туризмот е сконцентриран на планинските масиви (главно во туристичките центри Рус и Метабиеф). Центрите не се адаптирани за алпско скијање но сепак, рекреативното се практикува на повеќе места. Во летниот период Франш-Конте им нуди на туристите активности како велосипедизам околу Алзашкиот Балон, риболов на брегот на реките и езерата, како и речен туризам во долината на Сона.
Јазик[уреди | уреди извор]
Жителите на Франш-Конте освен на службен француски јазик зборуваат и на други два јазика:
- Франко-конски јазик, на север
- Франкопровансалски, на југ
Франко-контски јазик[уреди | уреди извор]
Франко-контскиот јазик [4] е дијалект кој припаѓа на јазиците оил и се зборува во Франш-Конте. Се користи во Јура во Швајцарија. Франко-контскиот јазик е дел од групата јазици во кои спаѓаат и пикардискиот, валонскиот како и лоренскиот. Овие јазици имаат заеднички карактеристики а воедно и германско влијание. Јазикот се зборува во Горна Сона, Територија Белфор, Ду, во дел на источна Јура, како и во кантонот Јура во Швајцарија и во еден мал дел на департманот Горна Рајна во Алзас.
Франкопровансалски јазик[уреди | уреди извор]
Јужниот дел на Франш-Конте (јужно во департманите Јура и Ду) зборува на « франкопровансалски јазик » [5]. Франкопровансалскиот е еден од трите големи романски јазици, заедно со окситанскиот (јазик ок) и групата оил. Овој јазик поседува бројни локални варијанти и се дели на бројни дијалекти. Постои дијалектална варијанта која се зборува на југот на Франш-Конте наречена јурски јазик.
Културно наследство[уреди | уреди извор]
Регионот благодарение на бурното минато бележи големо културно наследство а воедно се карактеризира со зачувани питорескни села. Едни од позначајните споменици на културата се:
- Тврдината во Безансон е една од најубавите тврдини на Вобан и е дел на светското културно наследство на УНЕСКО.
- Кралската солана е дело на архитектот Клод Никола Леду и е дел од светското културно наследство на УНЕСКО.
- Лавот од Белфор е скулптура на Фредерик Бартолди. Делото симболизира јуначки отпор на Белфор против пруската војска 1870-1871.
-
Тврдина во Безансон - цитаделата е најпосетуваното место во регионот
-
Селото Лод, кое се смета за едно од поубавите во Франција
Познати личности[уреди | уреди извор]
Гистав Курбе,
Виктор Иго,
Папата Каликст II,
Луј Пастер,
Жорж Кивие,
Тристан Бернар,
Пјер Верние
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Variation de population en Franche-comté Insee; 2003
- ↑ DRAAF Besançon, Service régional de l'information statistique et économique, Mémento de la statistique agricole édtion 2010, p. 14
- ↑ Le PIB Franc-comtois en 2003 Insee, 2006
- ↑ Le franc-comtois
- ↑ Le francoprovençal
Книжевни дела[уреди | уреди извор]
- (француски) Guy Louis Anguenot, nouvelles comtoises
- (француски) Denis Maraux et Véronique Vuillemin-Filippi, Franche-Comté, Déclics, 2004 (ISBN 2-84768-053-5)
- (француски) Jean-François Solnon, Quand la Franche-Comté était espagnole, Fayard, 1989 (ISBN 978-2-213-02339-7)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Регионален совет на Франш-Конте
- Тематско досие на INSEE, демографска и социјална статистика
- Туристичко биро на Франш-Конте
- http://www.dmoz.org/World/Fran%c3%a7ais/R%c3%a9gional/Europe/France/R%c3%a9gions/Franche-Comt%c3%a9/ - Проект „Отворен директориум“
- Генеалогија и наследство на Франш-Конте
|
|