Корзика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Корзика
Corse
—  Регион на Франција  —

Знаме

Лого
Земја Франција
Префектура Ајачо
Департмани
Управа
 • Претседател на советот Пол Џакоби (PRG)
Површина
 • Вкупна 8.680 км2
Население (1 јануари 2011)
 • Вкупно 314.867 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
БДП € 7 млрд (2006)[1]
БДП/жит € 20.300 (2006)[1]
NUTS FR8
Портал corse.fr

Корзика (француски: Corse; корзикански: Corsica; италијански: Corsica; лигурски: Corsega) е француски остров во Средоземното Море. Се наоѓа западно од Италија, југоисточно од француското копно и северно од италијанскиот остров Сардинија. Планините претставуваат две третини од целокупната територија на островот, создавајќи еден масив. Пред француското управување, Корзика била посед на Република Џенова.

Корзика е еден од 27. региони на Франција (régions), иако по закон е означен како територијален колективитет (collectivité territoriale). Поради тоа ужива поголеми права во однос на останатите француски региони. Вообичаено, Корзика е означена како регион и најчесто е заведувана во списокот на други региони на Франција. Корзика е поделена на департмана, Горна Корзика и Јужна Корзика, каде припаѓа и регионалниот главен град Ајачо, кој воедно е и префектура на департманот. Бастија, префектура на Горна Корзика, е вториот најголем град во Корзика.

Иако островот е одделен од континенталното копно од Лигурското Море и е поблиску до Италија отколку до француското копно, политички е дел од континентална Франција. Почнувајќи од 1282, островот му припаѓал на Република Џенова, иако на кратко бил во посед на независната Корзиканска Република од 1755 до француското освојување во 1769. Корзиканската култура содржи елементи на француската и италијанската и нејзиниот устав додека бил Република бил напишан на италијански. Домашниот корзикански јазик е признаен како регионален јазик од француската влада.

Францускиот цар Наполеон Бонапарт е роден во 1769 во корзиканскиот главен град Ајачо. Денес, неговата родна куќа се користи како музеј. Северниот град Калви тврди дека е родното место на познатиот истражувач Кристофер Колумбо.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Портал „Франција

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]