Уругвај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Источна Република Уругвај
República Oriental del Uruguay
Знаме Грб
ГеслоLibertad o muerte  (шпански)
"Слобода или Смрт"
ХимнаHimno Nacional Uruguayo  (шпански)
Главен град
(и најголем)
Монтевидео
34°53′ ЈГШ 56°10′ ЗГД / 
Службен јазик шпански
Народности  88% европејци, (шпанци, италијанци, други), 8% мешани население, 4% црнци[1]
Демоним Уругваец
Уредување претседателска република
 -  Претседател Табаре Васкез
 -  Заменик претседател Родолфо Нин Новоа
 -  Избран претседател Хозе Мухика
Независност од Бразил 
 -  Објавување 25 август 1825 
 -  Уставно прогласување 18 јули 1830 
Површина
 -  Вкупна 176,215 км2 (90th)
 -  Вода (%) 1.5%
Население
 -  проценка за јули 2008 г. 3,477,779 (132)
 -  Попис 2002 3,399,236 
 -  Густина 19 жит/км2 (196)
БДП (ПКМ) проценка за 2007 г.
 -  Вкупен $37.357 милијарди[2] 
 -  По жител $11,674[2] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 -  Вкупно $23.256 милијарди[2] 
 -  По жител $7,267[2] 
Џини (2006) 45.2[3] (висок
ИЧР (2013)  0.790[4]
висок · 50та
Валута Уругвајски пезо ($, UYU) (UYU)
Часовен појас UYT (UTC-3)
 -  (ЛСВ) UYST (UTC-2)
Се вози на десно
НДД .uy
Повик. бр. 598

Уругвај (шпански: Uruguay) или официјално Источна Република Уругвај (República Oriental del Uruguay)[5][6] е држава во југоисточниот дел на Јужна Америка. Уругвај е дом на 3.46 милиони луѓе[7] од кои 1.7 милиони живеат во главноот град Монтевидео и неговата метрополитска област.

Единствената копнена граница на Уругвај е со Бразил на север. На запад се наоѓа реката Уругвај, на југозапад се наоѓа сливот на реката Ла Плата а додека на југ е Атлантскиот Океан. Преку реките се наоѓа Аргентина. Уругвај е втората најмала држава во Јужна Америка, веднаш после Суринам.

Монтевидео е основан од шпанците во ран 18 век како воена база. Уругвај се здобил со независност во периодот од 1825-1828, борејќи се за независноста против Аргентина, Бразил и Шпанија. Уругвај е уставна демократија, каде претседателот е шеф на државата и шеф на владата.

Уругвај е една од најбогатите држави во Америка, сите, со висок БНП и 45 рангирана земја по квалитет на живеење.


Етимологија[уреди | уреди извор]

Името Уругвај е скратена верзија од целосното официјално име „Источна Република Уругвај“ или на шпански Republica Oriental del Uruguay. Протолкувано, скратеното име значи „земја покрај реката Уругвај“, а источна е дадено поради местоположбата на државата во однос на реката Уругвај (државата се наоѓа источно од реката). Уругвај потекнува од гваранскиот јазик и целосно не е јасно значењето. Сепак, има теорија дека зборот е составен од: urugua („рак“, „школка“) и i („вода“), а според друга теорија: uru (вид на птица во регионот), gua („наследен од“) и i („вода“).

Историја[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Уругвај.

Пред доаѓањето на шпанските и португалските колонисти, на териториите на денешен Уругвај живееле индијански племиња, главно од племето чаруа. Првиот град којшто бил основан опд страна на Шпанија бил Колонија дел Сакраменто во 1680 година, важна тогашна тврдина која била изградена на источниот дел од Рио Плата, која на повеќе пати во текот на историјата била превземувана од страна на Португалците. Во текот на 1726 година бил основан градот Монтевидео, денешната престолнина на земјата. Територијата во периодот од 17761814 била во составот на Вицекралство Рио де ла Плата. Во 1798, 1806 и 1807 година Англија на повеќе пати се обидувала да ги зазеде териториите на Вицекралството но безуспешно. Во 1822 година Бразил ја окупирал територијата на денешен Уругвај. По шестгодишна војна, во 1828 година Уругвај конечно успеал да издвојува своја независност и да се оформи како држава.

Кон крајот на 19 век, Уругвај го завршил процесот на демокатизација и постогнал определени успеси во поглед на зајакнување на својата економија. Земјата била една од првите во светот која дозволила развод на бракот преку закон (1907), како и право на жените да излезат на избори. Таа е втора земја во светот која со закон регламентирала задолжително и бесплатно образование (1877). Во тој период земјата е една од најразвиените во регионот, поседувајќи ја највисоката зграда на светот, најголемиот стадион на светот. Земјата станала светски шампион во фудбал во 1930 и 1950 година. Овој период земјата била позната и како Американска Швајцарија.

Но, кон крајот на 1950 година, Уругвај влегл во сериозна политиочка и економска криза. Кон 60-тите години на минатиот век зпочнале да се формираат левоориентирани политички сили, наспроти десните ултранационалисти. Ова придонесува за чести конфликти во земјата. Сето ова довело до државен удар. Така на 27 јуни 1973 година претседателот Хуна Марија Бордабери го распуштил парламентот и формирал т.н. Државен совет. Биле уапсени лидерите на левите сили, како и многу граѓани кои не се согласувале со новите состојби во земјата. По уругвајските затвори умреле повече од 1.000 политички затвореници а на околу 140 сѐ уште не им се знае судбината. Целосното повлекување на милитаристите од власта завршила кон 1985 година. Денеска, претседател на земјата е Табаре Васкес, којшто на таа позиција дошол во 2004 година.

Географија и клима[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Уругвај.

Политички систем[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политика на Уругвај.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Уругвај се состои од 19 департмани (departamentos, еднина – departamento).

Карта na уругвајските департмани
Департман Површина
(км²)
Население Адм. центар
Артигас 11 928 78 019 Артигас
Канелонес 4 536 485 028 Канелонес
Серо Ларго 13 648 86 564 Мело
Колонија 6 106 119 266 Колонија дел Сакраменто
Дурасно 11 643 58 859 Дурасно
Флорес 5 144 25 104 Тринидад
Флорида 10 417 68 181 Флорида
Лавалјеха 10 016 60 925 Минас
Малдонадо 4 793 140 192 Малдонадо
Монтевидео 530 1 326 064 Монтевидео
Пајсанду 13 922 113 244 Пајсанду
Рио Негро 9 282 53 989 Фрај Бентос
Ривера 9 370 104 921 Ривера
Роча 10,551 69 937 Роча
Салто 14 163 123 120 Салто
Сан Хозе 4 992 103 104 Сан Хосе де Мајо
Соријано 9 008 84 563 Мерсе́дес
Такуарембо 15 438 90 489 Такуарембо
Треинта и Трес 9 676 49 318 Треинта и Трес

Економија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Уругвај.

Демографија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Уругвај.

Култура[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Уругвај.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]



Знаме на Уругвај
Департмани на Уругвај
Артигас | Канелонес | Серо Ларго | Колонија | Дурасно | Флорес | Флорида | Лавалјеха | Малдонадо | Монтевидео | Пајсанду | Рио Негро | Ривера | Роча | Салто | Сан Хозе | Соријано | Такуарембо | Треинта и Трес