9 август

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

9 август е 221-иот ден во годината според григоријанскиот календар (222-и во престапна година). Остануваат 144 денови до крајот на годината.

<< август >>
Н П В С Ч П С
1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31


Настани[уреди | уреди извор]

Царот Хирохито сликан во Кјото, 1928

Настани:

681  По победата над Византиските војски на императорот Константин IV, Аспарух го формирал канството Бугарија на јужниот брег од делтата на Дунав, со престолнина во Плиска.
1173  Започнала изградбата на ѕвоникот на катедралата во Пиза, кој подоцна ќе стане Кривата кула во Пиза.
1842  Потпишан е договорот за источниот дел од границата помеѓу САД и Канада, односно помеѓу државата Мејн од САД и провинциите Квебек и Њу Бранзвик од Канада, со што се окончани долгогодишните погранични судири.
1930  Бети Буп за првпат се појавува на малите екрани во цртаниот филм Чинии со вртоглавица (англ. Dizzy Dishes).
1942  Махатма Ганди е уапсен во Бомбај од страна на британските сили. Започнува движењето Напуштете ја Индија!.
1945  Воздушните сили на САД ја фрлија и втората атомска бомба врз јапонскиот град Нагасаки, кој беше урнат до темел. Притоа, загинаа околу 36.000 жители, повеќе од 40.000 беа повредени, а во пожарот изгореа повеќе од 20.000 куќи. Шест денови по атомската експлозија, јапонскиот цар Хирохито ја објави безусловната капитулација на Јапонија.
1969  Членовите на кланот на Чарлс Менсон, во Лос Анџелес, убиваат шест луѓе, меѓу кои и бремената актерка Шерон Тејт, сопруга на полскиот режисер Роман Полански.
1986  Во Књуборт Парк, Стивенејџ, Велика Британија ја гледа последната жива изведба на рок групата Квин со нивниот пејач Фреди Меркјури.

Родени:

1386  Хенри Vанглиски крал.
1631  Џон Драјденанглиски поет.
1776  Амадео Авогадроиталијански хемичар.
1883  Панко Брашнаров — македонски комунист
1938  Род Лејвер — легендарен австралиски тенисер, единствениот двократен освојувач на календарски Гренд Слем.
1938  Леонид Кучма — вториот украински претседател.
1939  Романо Продииталијански премиер, поранешен претседател на Европската Комисија.
1945  Ваит Насуфи — македонски писател.
1963  Витни Хјустонамериканска пејачка и актерка.
1971  Андреј Кабанов — руски кануист-спринтер .
1972  Хуанес — колумбиски поп пејач.
1973  Филипо Инзаги — италијански фудбалер.
1986  Роберт Кишерловски — хрватски велосипедист.

Починале:

916  Свети Климент Охридски — родоначалник на словенската книжевност и на црковното беседништво, прв оргинален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, прв епископ словенски и македонски на Балканот и заштитник на Охрид. Роден е во Охрид, околу 840 година.
1048  Папа Дамасиј II — римски папа.
1919  Руџеро Леонкавалоиталијански композитор.
1921  Јован Атанацковиќ — српски генерал.
1962  Херман Хесегермански писател и нобеловец.
2008  Махмуд Дарвиш — палестински поет.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември