логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Излегоа од печат „Житијата на Светиите“ за месец јули

Во издание на црквата посветена на свети Григориј Палама и свети Димитриј Мироточив во  Струмица, излезе од печат нов том од Житијата на Светиите за месец јули, како и четврто издание на Православниот молитвеник во тврд повез.

e-mail- pravoslavniknigi@gmail.com 

или:  о. Боро Милчев тел. 071 213 000

Повеќе...

Повеќе артикли...


Андреј Рубљов - Икона на СВЕТА ТРОИЦА

Всушност, кога секој човек би измислил некоја претстава за Бога со помош на својата имагинација, колку и да е творечка, ние би имале мошне човечки претстави за Бога, подложни на промените на вкусот од секоја епоха; „боговите-Отец", старци со брада, кои излегуваат од облак зар не се стара и демодирана игра? Опасноста е голема повторно да се вратат идолите од старо време, кои се проекција на човекот за Бога: Бог според образот на човекот, а повеќе не големата тајна на човекот создаден по образ Божји. Затоа верноста на нашите сликари иконографи на Преданието, нивната потчинетост на претставувањето на Бога дозволено од Црквата, ги спасува од заблудата и им овозможува да не ја предадат втората заповед: „Неправиидоли".

Повеќе...

Aпофатичката теологија како позитивно искуство

… Никој никогаш не ја видел во сета полнота  Божјата Убавина, и затоа, според св. Григориј Ниски, нема око што ја видело, дури и вечно да се напрега: всушност, таа не може целосно да се види онаква каква што е, туку единствено според мерата во која е достапна преку силата на Светиот Дух. А како дополнение на оваа непојмливост, најбожествено и најчудесно е тоа што најголемото поимање што човек може да го има, тој го има непојмливо. Оние што гледаат, всушност, не го знаат оној кој им овозможува да гледаат, да слушаат и да пророкуваат, или да ги доживеат вечните нешта, зашто Духот преку кој тие гледаат е непојмлив. Како што вели големиот Дионисиј: „ Таквото заедништво на оние кои се обоготворени со светлината што доаѓа од висините, настанува како резултат на престанокот на сите умствени активности.“ 

Повеќе...

Во продажба е нов број на Премин (111/112)

Православен календар

19/07/2016 -  среда
+Преподобен Сисој Велики; Светите маченици Марин и Марта и нивните синови Авдифакс и Авакум, свештеникот Валентин, Кирин, Астериј и многумина други;
Наоѓање на моштите на Светата девица Јулијанија; Светата маченичка Лукија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Евангелието како живот, а не како професија

Како денес, и не само денес, се брани Црквата, со што? Ако Црквата може и треба на светот да му ја понуди Евхаристијата, присуството на Царството Божјо во овој свет, односно благодарењето што треба да го опфати сиот свет за да му Го принесе на Творецот – Твоја од Твојих – како што секој од нас лично му се принесува на Христос...

Повеќе...

Св. Тајна Евхаристија, храм св. Георгиј

Последни коментари

Кратко молитвено правило

Краткото молитвено правило на преподобен Серафим Саровски за световните луѓе

Станувајќи од сон, секој христијанин нека застане пред светите икони и да ги прочита следните молитви. Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа. . Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Заклучоци од животот

Дали, кога го гледаме нашиот живот, можеме во него да го препознаеме одекнувањето на она моќно ѕвоно коешто нè повикува во живот? Повеќе...

Затоа, трпи брате!

Уште, о. Василиј велел: „Најлошо од сè, е кога христијанинот се превознесува во своето срце над друг човек, се смета себеси поумен, поправеден, подобар. Тајната на спасението се состои во тоа да се сметаме полоши, понедостојни од сета твар. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная





Cevitana