2 декември

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Декември 2016 2 декември е 336-иот ден во годината според григоријанскиот календар (337-и во престапна година). Остануваат 29 денови до крајот на годината.

Настани:

1772  Основано Кралското физиографско друштво во Лунд, Шведска.
1804  Наполеон Бонапарт е крунисан за император на Франција.
1805  Наполеон Бонапарт ги победил руските и австриските трупи кај Аустерлиц (место кај Брно, во Чешка). Француската војска (околу 73.000 војници) ги поразила сојузничките сили на Русија (околу 70.000 војници) и на Австрија (околу 15.000 војници). Австрискиот цар Франц II утредента склучил примирје со Наполеон. Аустерлиц подоцна станал поим за брза победа.
1942  Во Чикаго за првпат практично бил остварен процесот на нуклеарна фисија. Експериментот успешно го извеле научниците кои работеле на тајниот проект за производство на првата атомска бомба.
1946  По борбата што се водела помеѓу македонските партизани и грчката владина војска на патот Лерин - Писодер, грчките власти започнале со терор во селото Буф. Околу 200 полицајци и 80 вооружени монархисти од околните села вршеле грабежи, горење и пустошење. Запалиле 46 трла, плевни, воденици, ѕверски мачеле 28 невини Македонци.
1956  Фидел Кастро и помала група кубански револуционери се истовариле на Куба и започнале борба, која завршила со соборување на диктаторскиот режим на Баиста.
1993  Франција официјално објави дека ќе воспостави дипломатски односи со Република Македонија.
1997  Во Новокузнецк, од експлозија на метан во рудникот за јаглен Зирјановскаја, загинале 61 рудар.

Родени:

1728  Фердинандо Галијани — италијански економист и општественик од времето на просветителството.
1923  Марија Калас — американска оперска пејачка.
1930  Гари Бекер — американски економист, добитник на Нобеловата награда.
1935  Рони Метјуз — американски џез-музичар.
1962  Владо Бучковски — поранешен премиер на Република Македонија.
1973  Моника Селеш — југословенска тенисерка.
1987  Никола Еде — француски велосипедист.
1989  Матео Дармијан — италијански фудбалер.

Починале:

1470  Пјеро ди Козимо де Медичи — владетел на Фиренца.
1497  Ана Сфорца — ќерка на Галеацо Марија Сфорца.
1918  Едмонд Ростан — француски неороматичарски поет и драмски писател.
1974  Лајош Зилахи — унгарски писател.

Празници:

1944  Ден на работниците од јавниот патен сообраќај во Македонија
Светски ден на укинување на ропството
јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември