ISO 4217
ISO 4217 е меѓународен стандард кој ги дефинира ознаките за валутите што се важечки според стандардите наМеѓународната организација за стандардизација (ИСО). Секоја валута се означува со код од три букви и троцифрен нумерички код[1].
ISO 4217 најмногу се користи во банкарството и воопшто во деловното работењеу, па во повеќето случаи курсната листа се објавува токму со тие кодови, затоа што тие се познати за поширок круг луѓе.
Првите две букви го представуваат називот на земјата според стандардот ISO 3166, додека третата буква во повеќето случаи ја претставува првата буква од називот на валутата.
Пример :
МКD → МК - Македонија; D - денар. Нумеричкиот код за македонскиот денар е 807.
BAM → BA - Босна и Херцеговина; M - марка. Нумеричкиот код за конвертибилната марка е 977.
USD→ US - Соединети Американски Држави; D - долар. Нумеричкиот код за американскиот долар е 840.
JPY → JP - Јапан; Y - јен. Нумеричкиот код за јапонскиот јен е 392.
Ознаки на валутите[уреди | уреди извор]
- Белгиски франк (конвертибилен), BEC
- Европска валутна единица, XEU
- Источно-германска марка, DDM
- Југословенски динар, YUM
- Нов југословенски динар, YUD
- Полска злота, PLZ
- Рубља на Советскиот Сојуз, SUR
- Тонгански долар, TOD
- Чехословачка круна, CSK
- Шпанска пезета (account A), ESA
- Шпанска пезета (account B), ESB