1000 Скопје, Р.Македонија, ул.”27 Март” бр.5, Скопје, тел: +389 2 3222101, тел/факс: +389 2 3215121

МАТИЦА
www.pogodok.com.mk
НАСТАНИ
БИЗНИС КЛУБ
ИЗДАВАШТВО
КУЛТУРА И ТРАДИЦИЈА
ВЕСНИЦИ
netpress
netpress
None
None
РАДИЈА И ТВ
None
None

None

None

ТУРИЗАМ
maamer

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА Вторник.28.3.2017
ВО СТРАНСТВО ЌЕ ГЛАСААТ 68.000 МАКЕДОНЦИ *** ЕВРОПАРЛАМЕНТАРЦИТЕ СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ *** КАНДИДАТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ СЕ ЗНАЕ НА ПРВИ МАРТ *** БИЛЈАНА ВАНКОВСКА ЌЕ СОБИРА ПОТПИСИ ЗА НЕЗАВИСЕН КАНДИДАТ *** УЧЕБНИЦИ ПО ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК ЗА 45 КУРСИСТИ ОД ДИРЕКТОРАТОТ ЗА ДИПЛОМАТСКА АКАДЕМИЈА *** СВЕТОТ ГИ ЦЕНИ ТРУДОВИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ НАУЧНИЦИ *** СРЕДБА НА МАКЕДОНСКИТЕ АЛПИНИСТИ ВО МКЦ
РЕПОРТАЖА
ВО БИТОЛСКО ОПАЃА МИГРАЦИЈАТА СЕЛО-ГРАД
Бебе пропеа каде што ни пиле не пееше



Скопје 09. јуни 2008 (МИМ)
Џагорот на Сара го врати животот во Тепавци, село на изумирање во срцето на Пелагонија во кое живеат уште неколкумина старци. Класје жито со денови ненагазено од возило, го кријат земјениот пат што води до домот на Сара, дојдена на свет пред една недела, и на една и пол година постарата сестра Анастасија во битолското село Тепавци. Човек побрзо би се откажал отколку да минува низ ова пустелија, мислевме додека се обидувавме да ја премостиме оддалеченоста од само 22 километра од градот. Поради лошата сообраќајна врска, потребен ни беше еден час за да стигнеме до домот на Петровски, единствено сочувано живеалиште меѓу старите разурнати куќи.




Ова е единственото семејство што опстојува во селото, во кое живеат уште неколкумина старци. Малите девојчиња се отцепени од цивилизацијата. Анастасија, наместо со дубак, зачекорила потпирајќи се на јагниња, а тукушто родената Сара нема удопство за редовно капење бидејќи до домот се’ уште не стигнала водоводна мрежа.

Тешко е да се живее во вакви услови, особено што пред една недела се породив со царски рез. Раната боли, а морам да носам вода од селската чешма оддалечена 500 метри за да ја избањам малата, да зготвам и да донесам вода за пиење - вели 35-годишната Барда Џока, мајка на девојчињата.

Пред три години таа го напуштила селото Скурај во албанската општина Лач и се омажила за 45-годишниот ерген од Тепавци, Љупчо Петровски. Со него свила гнездо во село за кое битолчани велат дека ни пиле не пее. Одгледуваат овци, а стопанот еднаш неделно продава сирење на градскиот пазар. Велат дека подобро им е да останат со стоката на село, отколку да живеат од социјална помош в град.

Ова не се добри услови за одгледување деца, но што би работеле в град? Моите биле сточари и тоа ми е единственото наследство што ми го оставиле - рече Петровски.

Градоначалниците на општините во пелагонискиот регион Новаци, Демир Хисар и Могила се изненадени од бројот на брачните парови што во последно време се одлучуваат за живот на село. Според Заводот за статистика, во Пелагониско миграциите град-село бележат пораст за 22,4 отсто, а меѓуселските миграции за 29,5 отсто. Со ова се крева кочницата на петдецениските преселби што испразнија 50 од вкупно 200 села во овој регион.

Се’ уште е мал бројот, но важно процесот почна. Особено се враќаат иселените лица во мариовскиот и пограничниот регион за да се занимаваат со сточарство - вели градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски.

Во битолскиот регион се одгледуваат околу 13 илјади говеда и 50 илјади овци. Бројот на стоката се очекува да се зголеми во следните четири години поради финансиската поддршка што ја вети државата за сточарството во износ од 700 милиони денари. Паралелно со ова, бројот на индивидуални земјоделци се искачи над 5 илјади. Необработена остана само земјата што слабо раѓа.

Рак рана на регионот се’ уште се неасфалтираните патишта. Во Новаци, една од најголемите општини по површина, во која спаѓа и селото Тепавци, од 41 населба, половина се поврзани со земјен пат. Кредитот во износ од 650 илјади евра што Општината го подигна од Светската банка треба да донесе асфалт на патиштата, од кои дел не се реконструирани од Првата светска војна.

ЛИНКОВИ
maamer
forum-mkdch
maamer
maamer
maamer
maamer
forum-mkdch
ТЕТОВО СКОПЈЕ КРИВА ПАЛАНКА БЕРОВО ШТИП ГОСТИВАР ВЕЛЕС ДЕМИР КАПИЈА ДЕБАР ПРИЛЕП ГЕВГЕЛИЈА ОХРИД БИТОЛА
© Матица на иселениците oд Македонија. Сите права задржани.