MK. Turk Tiyautros Н.У. ТУРСКИ ТЕАТАР

10308320_976767409002993_7146042514334025754_n

http://www.turktiyatrosu.mk/

https://turski-teatar.webstrian.mk/Files/Write/05958/Files//MONOGRAFIJA_2015_MKD.pdf

Oсновањето и историјата на Н.У. Турски Театар

Напоредно со негувањето на народните театарски форми, како што се Караѓоз, Медох и Орта ојуну, во средината на XIX век во Турската Империја длабоко навлегле влијанијата на европската културна традиција и театар.
Напорите на турската интелигенција да фати чекор со современиот европски, пред сè француски, театар биле најочигледни во политичкиот и во културниот центар на земјата – Истанбул. Откако тука биле направени првите обиди за создавање театар од европски тип, подоцна тие се прошириле и во другите краишта на Империјата, па и во Македонија.
Во „Цариградски весник“ бр. 22 од 30 октомври 1848 година, пишува: „Минатата сабота почна со театарски претстави новосоздадениот, од сите страни убав, театар ’Бејоглу’.“ Набрзо, во овој театар почнале да гостуваат и странски трупи. Во исто време е одбележано дека во Цариград, на Галата Сарај, работел уште еден театар на еден Сириец по име Михаил Наум Ефенди, познат како „Наум театроси“.
Природно, слични обиди се правеле и во поголемите градови во Македонија. Ова во прв ред се однесува на Солун, како втор град во Царството, во кој, според известието на весникот „Турција“ (бр. 21 од 21 декември 1864 година), на местото на еден стар театар се градел нов.
Примерот на Солун го следеле Скопје и Битола, во кои културната монотонија била разбивана со повремени гостувања на разни патувачки трупи. Судејќи по зачестените гостувања на театри отстрана, се чувствувала потреба и во Скопје да се изгради театарска зграда.
Со доаѓањето на Махмуд Шефкет-паша за скопски валија, човек образован во Берлинската воена академија, идејата се реализирала. Така, додека неговиот претходник Хафиз-паша го изградил кејот на Вардар и го покрил делот на Серава што тече низ градот, Махмуд Шефкет-паша ги изградил Железничкиот мост преку Вардар и театарот. Тоа е првата театарска зграда во Скопје, која кај скопјани е останата во сеќавање како Турски театар, а започнала да работи во 1906 година. Зградата била лоцирана на местото каде што беше старата зграда на МНТ. Објектот бил голем, а неговата местоположба иста како и на зградата на МНТ. Ист бил и влезниот хол кон гледалиштето и сцената. Подот во салонот бил рамен и дозволувал и други видови приредби – од театарски и кино-претстави до балови и свечени приеми на скопските конзули. Салата имала ложи, а била осветлена со гас-ламби (лукс-ламби или газелини). „Салонот“ имал голем капацитет и бил прилично висок. Гледалиштето имало правоаголна форма и галерија, што се гледа од приложените фотографии на кои се наѕира меѓукатната конструкција во средината на прозорската височина. Греењето било со обични печки и не задоволувало, па на подот се седело со скрстени нозе, околу мангали во кои се варело кафе. Еден дел од ложите имал решетки, од каде што анамите ги следеле настаните на сцената. За оваа зграда ќерката на Бранислав Нушиќ, Гита Предиќ, во „Нова Македонија“ од 20. I 1957 година, меѓу другото, истакнува дека била изградена од слаб материјал, со многу дрвенарија, но дека, сепак, била мошне голема, така што можела да прими повеќе луѓе отколку „Народно позориште“ во Белград. Пред театарот имало градина со шадрван чија вода високо плискала, додека околу него седеле Турци, Арнаути и други на ниски столчиња и пиеле кафе. Зградата имала партер со над 20 ложи и потребни галерии. Сцената била широка, опремена со богата декорација изработена во Дизелдорф. Театарот имал име  – „Грасдски театар Шубан и Ватан“.
Гостувањето на „Српско кралско народно позориште“ од Белград во Скопје кон крајот на октомври и во почетокот на ноември 1909 година е регистрирано во написот „Една посета во Скопје“. Во него стои дека во преполнетата сала на турскиот театар публиката била сместена на двата ката со ложи и во широкиот партер. „На втората галерија се белееја кечиња на салепчии и бозаџии, кои беа презадоволни од песните во ’Коштана’ поради што силно свиркаа, во замена на аплауз, а долу во партерот сè се црвенееше од длабоките фесови на образованата публика. Од први- те ложи се извиваа пердуви на големите женски шапки купени во Солун, Пешта и Белград.“
Главен закупувач на театарот бил некој Италијанец, кој преку својот застапник во Скопје, Морени, ја издавал зградата под наем. Но, кога избувнал судирот меѓу Турција и Италија, дотогашните подзакупници Хасан Шукри и Ф. Бајрам се ослободиле од скапото посредништво на Италијанецот и зградата директно ја презела општината. Покрај драмските и оперските претстави, се при кажувале и кино-претстави. Салонот располагал со кино-апаратура што се движела на мотор, а која била сместена во помошната просторија откај јазот. Од посебно значење фактот што првите кино-претстави во Скопје биле одржани во овие простории. Закупнината изнесувала еден наполеон на ден. Тука се прикажувале и театарски и оперски претстави, концерти на пејачката дружина „Вардар“, како и на училиштата во Скопје, официјални приеми и балови, што повремено биле приредувани од страна на конзулатите на одделни странски држави кои во Скопје ги имало во поголем број. Во 1898 година Скопје имало 35.000 жители, а во него биле акредитиранн руски, австриски, грчки, српски и бугарски конзули, а се очекувало наскоро да пристигне и англиски. Стариот мост стоел над Вардар. Бугарите имале убав конзулат на кејот на Вардар, Грците имале неколку убави згради, посебно убава гимназија, Србите имале свое училиште. Градот во тоа време имал околу 50.000 жители.
Расходите за градбата на Театарот, заедно со декорациите и внатрешното уредување и мебелот изнесувале 150.000 лева. Скопје можело со право да се гордее со него, бидејќи во тогашно време тоа бил единствениот модерен театар во цела Турција.
Постоењето на Театарот и неговата активност по превратот дошле токму навреме, бидејќи тоа било можност поголема маса Турци, без разлика на нивната ошптествена положба, да се соберат во него со можности едните да ги искажуваат патриотските чувства, а другите да се будат од вековната летаргија што ја наложувала злочестата династија и престапничката тиранија.
Дотогаш театарот служел повеќе за кафе-шантан, каде што се појавувале разни третокласни актери и актерки.
Напоредно настапувале и дилетантски театарски трупи кои прикажувале претстави. Една од нив е трупата на турската националистичка младинска организација „Шубан и Ватан“ (Младоста на татковината). По името на организацијата театарот е наречен „Градски театар – Шубан и Ватан“.
Во еден допис од Бугарија се говори за претставата „Ватан“ и, меѓу другото, во написот пишува дека идејата и иницијативата за изградба на театарот се должела на неколкумина млади интелектуалци – Турци, меѓу кои бил и високообразованиот Изет-бег, воен инспектор на српската граница.
Пиесата „Ватан“ ја напишал локалниот турски писател Кемал-бег, чиј портрет бил поставен пред две антички слики. Театарот бил преполн со Турци, млади и стари феслии и оние што носеле чалми, како и со арнаути со бели кечиња. Засвирел воениот оркестар, но наместо „Хамидие“, тој првпат ја отсвирил „Химната на слободата“. Се кренала завесата и пред гледачите се покажала мома облечена во бел фустан, која во едната рака го држела турското знаме, а во другата меч. По второто кревање на завесата – портретот бил опколен со сите актери што учествувале во претставата, од кои двајца излегле напред и одржале говор кој често бил прекинуван со аплаузи. Претставата била следена со огромно внимание, со гробно молчење и жив ннтерес. А кога актерите ги изговориле зборовите Ватан Османли, душман – салата се тресела од френетични аплаузи.
И покрај тоа што пиесата била играна од актери-аматери, кои првпат прикажале патриотска претстава, исполнувањето било повеќе од успешно. Особено со својата игра се истакнал Фаик-ефенди, инспектор на православните училишта и учител по турски јазик во бугарското педагошко училиште, кој доста успешно ја одиграл улогата на командантот на опседнатата тврдина, кој херојски опстојувал и ги отфрлал нападите на непријателите. „Впечатокот од претставата бил неопислив, па одново ги воодушевил дури и старите закоравени Турци, во чии жили се влеала една мала доза од новиот животен еликсир на преродената Турција“.
На претставата присуствувале сите конзули – англискиот, австрискиот, рускиот, грчкиот и српскиот – како и поголем дел од европската колонија, како и неколкутемина австриски жандармериски офицери и сите турски чиновници и првенци. За неколку дена во Скопје требало да пристигне бугарска театарска група, пишува весникот „Вечерна пошта“ бр. 144 од 12.9.1908 година.
За претставата пишува и весникот „Вардар“ од 7.9.1908 година, и тоа дека на 5 септември учениците на Ислахана ја прикажале драмата „Татковина“ од познатиот турски писател Ќемал-бег. Општинскиот театар бил преполн со публика, а биле и претставниците на власта и сите конзули, освен бугарскиот агент. „Учениците ја одиграа драмата како мошне добро увежбана театарска трупа. На аплаузите им немаше крај. Публиката уживаше искрено во убавите сцени и патриотски извици на најдобриот турски писател“.
Весникот „Вардар“ од 13. Х 1908 година пишува дека минатата сабота турската театарска трупа ја прикажала во Општинскиот театар пиесата „Беса“ од познатиот турски писател Шемседин Сами-бег. Пиесата била со тема од современиот арнаутски живот.
Покрај ова, интересни се и податоците што ни ги дава Филиз Незир во написот „Имало Турски театар на локацијата на која сега се гради новиот МНТ“, дека „во првите години поставена е претставата на Нам’к Кемал „Татковина или Силистра“, од биле се заработени 240 османслиски алтани. Охрабрени од овој успех, градските интелектуалци, со цел да се постигнат повисоки стремежи, во Скопје го поканиле господинот Бурханеттин, тогаш славен актер во Истанбул. Со него ги поставиле претставите „Наполеон Бонапарта“, „Како се случи?“, „Младиот Осман“ и „Тарик“, кои биле со воодушевеност прифатени од страна на публиката. Во последните месеци на 1908 година била поставена претставата „Беса“ од Шемсетин Сами-беј. Според текстот на Хусеин Сулејман, во кој тој пишува дека во последните години од владеењето на Османлиите во работата на скопскиот градски Турски театар учествувале Ферид Бајрам и Хасан Шукру, тој потенцира дека широките народни маси не биле толерантни во однос на овие случувања. Во текстот на Сулејман пишува:
„Поголемиот дел на населението, под влијание на верскиот фанатизам, не гледаше со симпатии на театарот. Од овие причини, во тој период, зборот театар носи други значења, особено неморални. Интелектуалците го мислеа спротивното. Но, за жал беа беспомошни во однос на мнозинското верски ориентирано население…“
Весникот „Вардар“ од 19 мај 1911 година пишува дека во Општинскиот театар се одржала конференција на која говорел новинарот Етем Рухи-бег за надворешната и за внатрешната политика.
Работењето на Театарот, на киното, на Културно-уметничкото друштво „Вардар“ и на Градскиот театар „Шубан и Ватан“, како и ученичките приредби на гимназиите, гостувањата на народните театри од Белград и Софија, театарот на Војдан Чернодрински и многу други гостувања на патувачки театри, циркуски групи, жонглери и задолжителниот „Караѓоз“ театар, делумно ја пополнувале активноста на културен план во Скопје по Хуриетот.
Во државната голема медреса „Крал Александар“ учениците прикажувале претстави. Така, на 29 април 1928 година, за време на Бајрам, ја прикажале претставата „Адем-бег“ со концертен дел, а во ноември 1928 година ја прикажале „Грешници“. Според извештајот на училиштето, во учебната 1928/29 година биле прикажани пет драмски претстави, а во 1930/31 година – три пиеси.
На Курбан-Бајрам учениците од шести клас ја прикажале пиесата „Моминска клетва“. На 8 март 1936 година, на екскурзијата во Битола, во салата на Театарот, ја прикажале „Хаџи Лоја“. Истата претстава ја прикажале во Охрид во хотелот „Ривиера“, а на 6 март 1936 година таа е прикажана во Народниот театар во Скопје и пов-торно на 2 декември 1936 година.
Оваа прошетка по историјата го покажува континуитетот во развојот на театарското дело на турскиот народ во Македонија. И по ослободувањето се одржувале приредби насекаде. Така, на 30 мај 1945 година, во женското училиште „Ирфан“, била прикажана приредба на Турчинките, во која настапиле и ученичките иа училиштето „Шефкет“. По химните, рефератот, хорските композиции, рецитациите, дијалозите, читањето басни и стари народни приказни, турскиот хор ги испеал „Во борба“ и „Денес над Македонија“, а потоа била рецитирана „Партизанска пролет“ од В. Марковски. Биле одиграни и неколку ора, а на крајот била прикажана пиесата „Дончева Нада“.
Октомврискиот фестивал во 1949 година му ја доделил наградата во износ од 8.000 динари на КУД „Јени јол“ од Скопје, за претставата „Шабан оџа“ од Мустафа Карахасан.
Друштвото „Јени јол“ е формирано на 15 мај 1948 година. Негова прва претстава е „Хаџер“ од Мустафа Карахасан. Друштвото е наградено со 10.000 динари, а неговите членови Џеват Хусеин и Јилдиз Ахмет со 1000 динари и Шерефедин Хајредин со 500 динари. Друштвото во Скопје прикажало над 10 претстави пред 4.000 гледачи. Драмската трупа ја подготвила и пиесата „Инадирмак“ од Мустафа Карахасан. Пиесите биле прикажани во Скопје осумпати и по двапати во Куманово и Велес, а еднаш и преку Радио Скопје. Во Скопје биле прикажани и три претстави за жените. За заживувањето на драмската трупа најголема заслуга имаат Идриз Осман, Јилдиз Ахмет и Џеват Хусеин, како што пишува Шукри Рамо во „Културен живот“ во јуни 1949 година.
Со решение на Извршниот одбор на Градскиот народен одбор на Скопје, во втората половина на декември 1949 година е формирана управа задолжена да раководи со целокупната работа на Малцинскиот театар. За директор е назначен Абдуш Хусеин, штотуку завршен ученик на Првата генерација на Државната театарска школа. За негов помошник е назначен Бехаедин Красниќи. Актерскиот ансамбл е составен од актерите на КУД „Емин Дураку“ и „Јени јол“. Со задоволство било констатирано дека меѓу актерите има и многу млади Турчинки и Албанки. На театарот му биле доделени простории во кои веднаш можел да почне со работа.
Абдуш Хусеин раскажува дека го повикале Лилјана Чаловска и Кемал Сејфула. Тие му ја соопштиле одлуката за основање на театарот. Веднаш се пристапило кон собирање луѓе кои би можеле да се вклучат во неговата работа.
На 11 март 1950 година, во Министерството за наука и култура се одржал состанок со директорите на театрите, на кој Абдуш Хусеин известил дека Турската „трупа е собрана“ и дека ќе почне со работа, а Албанската „допрва ќе се собира“.
Турската трупа својата прва премиера „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ ја прикажала во Салонот на МНТ на 8 јули 1950 година. Режисер на претставата бил Абдуш Хусеин. Во улогите настапиле: Јеротие – Шефки Махмут, Аница – Јелдиз Ахмет, Марица – Суна Махмут, Виќо – Сеза Окџуоглу, Жика – Бехиќ Садулах, Милисав – Шерефедин Неби, Ѓоко – Фикрет Демир, Алекса Жуниќ – Абдуш Хусеин, Јосо – Фаик Хасан.
Турскиот уметнички колектив на Малцинскиот театар со голем успех го прикажало „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Абдуш Хусеин. Претставата несомнено оставила длабок впечаток кај публиката, судејќи по нејзината реакција. Режијата вложила максимум залагања за да биде изведбата на Нушиќ што повеќе реалистична. Речиси целиот колектив добро ја сфатил задачата. Навистина треба да се подвлече дека турскиот колектив, со оглед на тоа што тоа било прва претстава, постигнал голем успех. Публиката имала впечаток дека гледа колектив со долгогодишно искуство. Мустафа Карахасан, во рецензијата објавена во „Нова Македонија“ на 3 август 1950 година, под наслов „Женидба“ од Гогољ и „Сомнително лице“ од Нушиќ, меѓу другото, пишува: „…Во интерпретирањето на капетан Јеротие Пантиќ, Шефки Махмут покажа дека засега е најдобриот во колективот. Тој наполно влезе и се соживеа со својата улога, така што ја толкуваше со голема слобода и, би се рекло, со голема рутина. На сцената беше сосема сигурен, така што неговите движења во голема мера влијаеја на другите во толкувањето на нивните улоги. Не би се претерало кога би се кажало дека Шефки Махмут како артист има прекрасни особини и квалитети, кои во иднина повеќе ќе се развијат. Со добри успеси своите улоги ги толкуваа Јилдис Махмут и Суна Махмут (Анѓа и Марица), а особено Јилдис, која ја изненади публиката со своето сценско држење. Таа е позната како артистка уште од драмската група ’Јени јол’. Сега добро ги толкуваа своите улоги Муса Халим како Таса, Сеза Окчиуолу како Виќа, Фаик Хасан, Шефкет Неби и другите.“
Во Турската и во Албанската трупа биле ангажирани актери покрај од КУД „Јени јол“ и „Емин Дураку“, и од драмската трупа „Братство единство“ од Дебар. Во времето на прикажувањето на првите претстави, Турската трупа имала 15 мажи и 2 жени, а во составот на Албанската трупа биле вклучени 15 мажи и 4 жени. Во Малцинскиот театар, според тоа, биле вработени 36 актери.
Малцинскиот народен театар е основан во согласност со решението на Градскиот народен одбор бр. 4579 од 1950 година. Со отворањето на Театарот се крунисаа напорите и идеалите кон кои се стремеа нашите национални малцинства во својот сестран развоен пат да имаат свој театар.
Таа година веќе суштествуваа неопходните општествено политички услоови да се оствари на дело и во оваа овласт на културата, полната рамноправност на народите и народностите во Македонија и во цела Југославија. На територијата на тогашна Југославија веќе беа формирани малцински професионални театри – Албанската драма во Приштина; Унгарската драма во Нови Сад и Суботица, како и Италијанската драма во Риека. Поради тоа, надлежните органи на општествено-политичката заедница на Скопје ја потикнуваа иницијативата за основање ваков театар, што требаше да земе врз себе необично одговорна и значајна обврска за ширење на сценската уметност меѓу припадниците на турскиот и албанскиот народ.
На овој начин турското и албанското национално малцинство во Скопје и во цела Македонија се здобија со една општествена трибина за издигање на своето културно и просветно ниво. Со отворањето на овој театар се крунисаа напорите и идеалите кон кои се стремеа нашите национални малцинства, во својот сестран развоен пат да имаат и свој сопствен театар.
Се редеа едноподруго премиерни изведби. Со низа слабости и успеси, колективот на Турскиот театар се збогатуваше со искуства. Младите ентузијазирани артисти сè повеќе израснуваа во вистински уметници на сцената. Во печатот сè повеќе се пишуваше за постигнувањата на овој млад, но полетен колектив. Така, со зголемувањето на активноста на Ансамблот се слушаше не само за неговото постоење туку и за уметничкото созревање.
Благодарение на разовидниот и квалитетен репертоар, Турскиот театар во Скопје стекнуваше сè побројна, редовна публика. За тоа придонесоа и други настојувања: трудољубивата и самопрегорна работа на повеќе генерации режисери и артисти, решителните ставови на управите во овозможувањето на сите вработени да го користат театарот за натамошно лично стручно и културно збогатување и не само на вработените туку и на припадниците на турскиот народ во Македонија – ученици, студенти, возрасни. Во сообразност со правилната театарска политика, Ансамблот беше редовен гостин во продрачјата на Македонија каде што живеат нивни сонародници, а кои ги чекаа со нетрпение.
За културното зближување на народите, важни се и гостувањата што беа организирани во многу држави. За одбележување е дека покрај театрите во Турција, Турскиот театар од Скопје е единствен професионален театар не само на Балканот туку и на светот. Признанијата што Турскиот театар ги добил во овие 65 години од компетентни македонски и светски театарски жирија, како и од критиката, навистина се бројни и ласкави. Меѓу другото, Турскиот театар има освоено голем број награди и како театар и како поединци. Со својата работа тој претставува првокласен фактор во втемелувањето на турската национална и македонска култура, посебно на театарската уметност, од часот кога се појави па сè до денес. Тој таа важна функција ја вршеше во пресудниот момент по Ослободувањето и, што е најважно, притоа никогаш не запаѓаше во роматичарски претерувања и застранувања.
Во текот на својата дејност, Турскиот театар е и своевидно училиште на театарските стручњаци, полигон за обучување млади писатели, режисери, актери, сценографи, костимографи, кои потоа оставија видна трага во целокупниот наш простор.
Турскиот театар во македонскиот театарски живот дејствува како пресуден фактор кој не допушта еден театар да се затвори само во себе, да се повлече на периферијата, да се провинцијализира и да изгради лажни критериуми на вредности само во својата средина. Напротив, Турскиот театар со задоволство и често излегува на широката балканска арена, па и пошироко, и таму слободно се изложува на оценувања, за кои може да се верува дека се објективни.

Турскиот ансамбл сезоната ја отворила со „некој друг“, претстава во која имаше неколку интересни актерски остварувања, од кои особено се издвоија оние на атила клинче и на перихан туна-ејупи. својот текст „некој друг“ авторот ергун сав го комплетирал со создавање три посебни драмски целини, меѓу себе поврзани во основната замисла. изведбата со седуммина актери беше од камерен вид, се играше на сцената заедно со публиката.

Во првата годинашна премиера „Хурем султан“ настапија Бедија Беговска, Мустафа јашар, атила клинче, перихан туна-ејупи, елјеса касо и други. својот зла- тен јубилеј, 50 години од основањето, турската драма го одбележа со одржување тркалезна маса на која учествуваа повеќемина театарски работници од колективот, но и проследувачи на театарскиот живот кај нас кои имаа свои излагања поврзани со работата на театарскиот колектив. турската драма, покрај континуираното следење на драматургијата на турски јазик, и` посветува нагласено внимание и на презентацијата на македонската драм- ска литература. Досега во репертоарот на ансамблот беа вклучени со по едно или повеќе дела коле Чашуле, томе арсовски, Горан стефановски, јордан плевнеш, славко јаневски, ристо Давчевски, владимир плавевски, Борис вишински. Годинава ним им се придружи и венко андоновски, со „Бунт во домот за старци“. Димитар станкоски, почест гостин во ансамблот, и овојпат реализирал мошне впе- чатлива претстава, со грижа текстот да прозвучи актуелно и инвентивно. придонес во претставата, пред сè, дале „одличниот елјеса касо“ (управник на затворот) со сигурниот партнер, Зиба радончиќ и со не помалку ефектните епизоди на Бедија Беговска, ердоан Максут и посебно Мустафа јашар, во придружба на студентите на ФДу несрин тахи и неџат али. според иван ивановски, изведбата можела да се оцени како уште „едно мошне успешно претставување на ансамблот пред својата пасионирана публика“. театарскиот критичар тодор кузмановски во својот осврт на радио скопје вели дека режисерот понудил претстава која „докрај не ги ефектуира можностите што ги нуди текстот. се сведува на просто репродуцирање на драмската предлошка“. наспроти групните сцени, паралелно тече и драмата. управителот на домот мину- ва низ разни расположенија, при што доминира незадоволството од себе, од око- лината, од судбината, но и низ фрустрациите од разновиден карактер кои се пре- точуваат во насилство. ова последново е „прилично застапено во креацијата на ликот на управителот од страна на елјеса касо, особено во неговите односи со сестрата ана (Зиба радончиќ). елјеса касо неоспорно покажува афинитет и слух за сложеноста на ликот во кој се прекршуваат основните пораки на лошо уредениот свет. ведрината во делото доаѓа од креациите на парот сестра Мери и рударот, при што актерката перихан туна „со сигурен и непосреден приод, со својата природ- ност и умешност, ја плени и ја разбранува публиката, предизвикувајќи живи реак- ции“. Групата старци која бессилно ќе се побуни, со што бунтот станува комичен, ги вклучува креациите на Мустафа јашар (Генералот), Џемаил Максут (касапот), ердоан Максут (Грофот), Бедија Беговска (академикот) и наџи Шабан (попот Милош). оваа година Драмата постави пет премиери. „искрените“ од Мариво првпат е поставена на професионалната сцена кај нас, во режија на владимир Милчин. претставата е реализирана во драматизација на реномираниот режисер од словачка владимир стрниска. тоа е доста „светла, прозрачна и миловидна извед- ба, која нè пренесе во сферите на ведрината, но истовремено и нè подзамисли за многуте човечки слабости, заблуди, лудории, изразени во неизбирањето средства во интегрирањето, безочноста, преправањето итн“. комедијата се одвива во рам- ките на водвиљски конципираното дејство. режисерот владимир Милчин настојувал да го следи оригиналот по секоја цена. карактерите на јунаците, иако произлегуваат од авторовото време, сепак имаат и заедничко и за сензибилитетот на современиот гледач. свежината во претставата Милчин ја овозможил со вклучување во проектот на тројца студенти од ФДу „означувајќи го на тој начин доаѓање- то на ’новата пролет“ на турската драма. инаку режисерот Милчин „ја води пре- тставата сигурно, разиграно, ненаметливо“. актерската екипа ја сочинуваа елјеса касо (ергаст) која беше стожер на претставата, ердоан Максут (Фронтен) со гриж- ливо „изработување на партитурата на улогата“ и Зиба радончиќ (лизета), која оствари „доста заокружен комичен карактер“. тројцата актери „ликовите ги издиг- наа до поцелосна концепција“. Другото трио го комплетираа студентите Филиз ахмет, несrин таир и ертан Шабан. тие беа на нивото на поставените задачи, изгра- дувајќи „мошне свежи и амбивалентни комедиографски ликови и покажувајќи го јасното значење на внатрешниот згуснат ритам при конципирањето на ликовите“. со симултаниот превод, што е редовна практика во турската драма, премиерата на „искрените“ предизвика максимално интересирање, заклучува на крајот од напи- сот иван ивановски. режисерот јуџел ертен како да не знае да направи лоша претстава. познат по антологиската претстава на турската драма „кавкаски круг со креда“, претставата „куќа на граница“ ја сместил под сцената на место кое често се користи за изведби од камерен вид. тој во претставата внел понов дух и фантазија, на убави сценски решенија и изненадувања од режисерот и од актерската екипа. со неопходната мерка и такт, ертен, кој е и автор на адаптацијата на текстот, ликовите и збиднува- њата во нив, ги извлекува од автентичното авторово милје и ги пренесува на наше поднебје, на наша почва, без да загуби пиесата од својот длабок сатиричен засек“. тројцата цариници говорат на турски, албански и македонски јазик, пиесата како да е пишувана за нас, со што добива повеќе во својата актуелност. претставата се одликува со хомогеност и прецизна уиграност, „динамична кондензираност и сценски континуитет, дотолку повеќе што режијата пројави чувство на голема одговорност за сите елементи на претставата.“ сето ова се остварило во соработ- ката на режисерот со изведувачкиот состав „во една динамично кондензирана, цврста, стегната изведба, која трае нешто помалку од еден час и не може да се игра поинаку освен инспиративно, полетно, свежо повеќеслојно. одличната креација на Бедија Беговска (свекрвата) „со својата кристално јасна и методолошка прецизност во играта, со својата неусиленост и мајсторство на говорната фраза, со чувство за стил, се чини, најмногу покажа и докажа како и со наједноставни средства може да се постигне максимумот во играта, да се извлечат повеќе слоеви во креацијата, да се стигне на патот до најпрефинета игра“. салаетин Билал и Мустафа јашар (цариниците) ги оствариле ликовите со „сочна и полнокрвна комика, прикажувајќи ја апсурдноста во која се затечени“. убаво и функционално се вклопиле во извед- бата тројцата делегати, потоа шверцерот и офицерот како и сите други. „куќа на граница“ е претстава, еден вид меѓник во историјата на турската драма која долго се памети. исто така кон крајот на годината е реализирана и претставата „Мачето и паљачото во режија на Мустафа јашар, улогите ги толкуваа Филиз ахмет и Џенап самет. праизведбата на „Малечката“ од младата актерка сема али фасцинира со искре- ност и емотивност во стилот и начинот на исцртувањето на најсуштествениот про- блем на генерацијата што зачекорува во реалниот свет на љубовта, искреноста и вистината, но огледалата исчезнуваат оставајќи искривени одрази и тајните, и ѕидови и зад нив повторно ѕидови, и зад нив уште ѕидови во недоглед, ја започну- ва рецензијата сандра титизова. како што сема али го бара малиот отвор на надеж- та, така режисерот Димитар станкоски ја отворил сценската димензија на овој крик во форма на илузична опредметеност. сема али создала карактер во кој невиноста и љубовта стануваат сатански грев, создавајќи личност осудена на прогонство меѓу небото и земјата… режисерот го гради ставот во безвоздушните простори каде што ги води актерите градејќи психолошки затвор во кој преку длабоко емотивна изведба Филиз ахмет ја оживотворува Малечката „како симбол на револт што енергично се престорува во протест на една генерација за правото на живот, за правото на љубов, за правото барем на уште една тајна“. во таа слепа улица се појавил роберто (сртан Шабан). и сите повторно трагаат по вистината, по љубовта. и сузан акбелге, и Зекир сипахи, и несрин таир, и Џена самет, и Мустафа јашар, и ердоан Максут, и неат али, „од сите нив избива исклучителна решеност да се истрае, несебично трошејќи ја својата младост и актерски талент, а притоа покажу- вајќи голема енергичност и способност на вистински начин да се насочи емоцијата, којашто преку усетот за приспособување и канализирање во зависност од емотив- ниот конфликт и ситуација во која запаѓа нивниот карактер, ја преминува рампата и на гледалиштето му ја открива нивната последна тајна – надежта“. и валентин светозарев, со затворот во кој нè внесува животот, и Благоја Ми цев – ски, со костимографските концепции со милитантни временски назнаки, извонред – но се вклопени во музичката подлога на венко серафимовски. Музиката ја следи актерската емоција, „градирајќи од суптилност до експлозивност слевајќи се од сцена во сцена и заокружувајќи го авторовиот, режисерскиот и актерскиот став. оставете го барем детето чисто, оставете му ја љубовта и надежта. тоа, како и сите ние, има потреба од барем уште една тајна“, вака на крајот крикнува со својот апел рецензентката титизова.

„Малечката“ ја комплетираат 11 кратки сцени, а режисерот ја сместува во голе- ма железна конструкција која асоцира затвор. авторката на текстот и поголемиот број учесници се студенти на ФДу од турската класа што ја води елјеса касо – Филис ахмет, несри таир, ертан Шабан, Џенал самет и други. Забележлива беше улогата на Филис ахмет во насловната улога. охрабрувачко деби, мошне осмислена поста- новка, мошне хомоген изведувачки состав е глобалниот впечаток од претставата „Малечка“. едночинките „Мечка“ и „просидба“, од Чехов во режија на дебитантот војо цветановски кому ова му беше дипломска претстава, одел по широчина, трагал по послободно транспонирање на драмскиот материјал, вклучувајќи и десетина други ентузијасти за да добие текстот посовремено звучење, проекција во вид на спектакл. Дипломската претстава најави несомнено режисерско талентирано присуст во, со презентирање жива и разиграна претстава, која наиде на одличен прием кај публи- ката, која убаво се разонодуваше, а на крајот изведувачите ги награди со дол ги спон- тани аплаузи. во носителите на единствените три улоги ердоан Максут, Зиба Бекир- радончиќ и наџи Шабан, како и останатите учесници, режијата наишла на одлична соработка и на поддршка, од што резултатот е содржајна игра. акценти на комична вдахновеност и прецизност оствари наџи реџеп и со другите двајца прет ста вуваше мошне уиграно актерско трио, ја завршува рецензијата иван ивановски.

Режисерот коле ангеловски во постановката на најдолгата комедија на Фејдо „Дамата кај Максим“ се определил за сценската адаптација на Бедија Мухавир и ризу Забу од турција, верзија која ригорозно го крати текстот и ликовите и која го доближува амбиентот до менталитетот на турскиот човек… оттука и промената на насловот во „аман да не чуе жена ми“. ангеловски создал со фино чувство за рафинман и стил, изведба со убаво темпо, која се следи со интерес. полетната екипа: сузан акбелге, Фунда ибрахим, Зиба радончиќ, Филич ахмет, Мустафа јашар, ердоан Максут, наџи Шабан, Џенап самет, неат али и тамер ибрахим, оства- рила успешни креации и настапија мошне уиграно и свежо. посебна динамика и шарм внесоа акбелге и Фунда ибрахим, а двете заедно со извонредниот ердоан Максут и секогаш солидниот Мустафа јашар го сочинуваа „моторот“ на изведбата, вели иван ивановски.

Најстариот еп на светот, епот на Гилгамеш, возобновен во форма на голем сцен- ски спектакл, во режија на Дејан пројковски преку средствата на современиот сценски јазик, танцот и ритуалот, донесува мистична приказна за потрагата по бес- мртноста. пројковски тргнува од Гилгмаеш како лик, притоа следејќи го сижето на епот од почетокот до крајот. режисерот преку Гилгамеш проговара за есенцијал- ните проблеми на човекот, тој во себе носи универзална димензија. тоа е обемен сценски спектакл со околу 30 актери, а во насловната улога елјеса касо и покрај него атила клинче, Мустафа јашар, салаетин Билал, перихан туна, Бедија Беговска, Зиба радончиќ, сузан акбелге и други. визијата да ја прикаже раздвоеноста, поделеноста и скриеноста на човекот, режисерот александар поповски ја сместува меѓу јунаците од „Бура“, како и идејата за прецизна игра која за контекст ја има магијата. во неа е прецизно одбрана и мак- симално определена и реализирана играта на Бедија Беговска (просперо), елјеса касо (Фердинанд), сузан акбелге (Миранда), на Филиз ахмет (ариел) како и на салаетин Билал (алонсо), тамер ибрахим (себастијан), атила клинче (антонио), Мустафа јашар (Гонзало) несрин таир (калибан) и Џенап самет (тринкулио). на почетокот сите се кријат еден од друг, но постепено, некаде кон крајот на претставата се гледаат, се препознаваат. Дотогаш комуницираат само со очите. сè друго е непознаница – жените под црната мантија со фереџиња, мажите под црни мантили за дожд со ќулавки на главите. сите ги врзува младоста, љубовта меѓу Миранда и Фердинанд кои припаѓаат на семејства што не се сакаат. сред тој поде- лен свет, мачна, темна, полна со магија атмосфера, лебди духот на вилата ариел. претставата почнува со ариел што поповски го идентификува со прашокот за перење кој се сипа во машината за перење. почнува перењето на духот, на затво- рените светови, состојби, на возење во круг (Фердинанд со велосипед); на мисте- ријата во дебелата црвена книга „капитал“ од карл Маркс. на поповски коавтори му се Благој Мицевски, кој го изготвил дизајнот и кој точно комуницира со негова- та идеја, успешен дел од изведбата е и музиката на кирил Џајковски во која вока- листката вера Милошевска со прекрасната интерпретација на песните ја затвора квадратурата на кругот во кој сме ние, или, како што поповски резонира, Маке до – нија како оаза на мирот. режисерот Љупчо Ѓорѓиевски прави транскрипција на класичниот текст на „цар едип“ преточувајќи го на модерен сценски јазик близок на современиот гледач. новата реалност и современите алузии ќе бидат најавени во воведните сцени преку ефектната и драматична музика на Горан трајковски, преку монументалниот декор на валентин светозарев, што претставува рударско окно во кое се случуваат ужасните слики на светот. ваквиот пристап им придал на ликовите поширока смис- ла (така хорот и софокле најпрвин се појавуваат како рудари, па потоа како коман- доси и слично). Зрелоста Ѓорѓиевски „ја постигнува со филозофското осмислување на драмскиот материјал, со енергичната и јасно спроведена идеја за што, се разби- ра, е неопходен изведувачки состав, способен да реализира најсложени сценски дела“. елјеса касо (едип) „со динамична експлозија во злокобната градација при- качувајќи го ликот како модерен апсурден јунак, како една човечка бесмисла, како суштество што се наоѓа во бездна без дно. поради доминантноста на улогата и силината на нејзиниот интерпрет, во некои сцени се имаше впечаток како да при- суствуваме на возбудливо монодрамско остварување“. Бедија Беговска (јокаста) „беше проткаена со фина внатрешна мисловна проекција, без пошироки гестови, силни гласовни модулации“. Другите ролји на атила клинче, салаетин Билал, перихан туна, Мустафа јашар, секир сипахи и селпин керим, како и хорот беа одлично „отсвирени“ како на една жица, ја завршува рецензијата иван ивановски објавена во весникот „време“ на 25 јануари 2005 година.

театарот на народностите во 2004 година се пререгистрира и од него произле- гоа два одделни ентитета – турски театар и албански театар. Зградата му е доделена на албанскиот театар, додека турскиот ќе добие нова и ќе се дислоцира. До целосно реализирање на проектот за новиот турски театар, ансамблот продолжува да ги користи своите стари простории и да игра претстави на сцената на театарот на Бит-пазар. локацијата на новиот турски театар е добиена кај просторот до новата Железничка станица, на местото на поранешното балетско училиште, а проектот е во фаза на изработка на идејно решение за театарот. оваа година видовме три премиери: „азизнаме“ од азиз несин, во режија на јуџел ертен, „игра на слободата“ од адем атар и „тимон атињанин“ од Шекспир во режија на Бранко Брезовац, во копродукција со народниот театар од Битола и Laboratorio Nove, Firenca. *на 26 јуни во скопје почина Љутви сејфула, актер и режисер, кој за својот 40- годишен творечки пат играл во над стотина претстави од познати светски домаш- ни и светски автори, од кои најголем дел во неговата матична куќа театарот на народностите – турска драма, но и во многу други театарски куќи. роден е во 1926 година во Дуќанџик, маало во скопје, а првите сознанија и наклоности кон театар- ската уметност ги стекнал за време на рамазанските вечери во Деве-хан, каде што Фаик-ага приредувал Хаџиват, караѓоз игри. како професионален актер и режисер работел од 1951 година. играл на турски, македонски и албански јазик, автор е на повеќе драмски текстови и новели. Добитник е на повеќе награди.* претставата „азизнаме“ е со колажен карактер, работена според хумористичко- сатиричните текстови на авторот, во режија, адаптација, сценографија и кости- мографија на угледниот режисер од турција јуџел ертен. публиката ја прифатила претставата како кабаре со чести аплаузи и на отворена сцена. кога ваков текст, сатирично-хумористичен паноптикум, ќе се најде во рацете на режисер каков што е јуџел ертен, вели иван ивановски, тогаш доживувањето не може да биде неком- плетно, реализацијата да не биде поетична, да нема сила и цврстина, жар и твореч- ка инспирација. ертен не оставал ништо на случајот, сè било изработено со мину- циозност, објаснето и протолкувано и блиско до гледачот, постигнувајќи го тоа преку десетте различни „приказни“ и сонгови, адаптирани кон песните што се пеат и се омилени кај населението од турска националност во земјава. во проектот се вклучени осум актери од три различни генерации, што им овозможи да создадат амбиент за пријатна, непринудена атмосфера. тие, од еден во друг лик, од една во друга ситуација, со голема леснотија успеаја да и` дадат смисла и физиономија на претставата, вешти и во овој вид мотиви, сè што е човечко да прозвучи и комично. оваа задача со голем успех ја остварија водечките актери салаетин Билал, Мустафа јашар и елјеса Kасо, како и извонредните млади и талентирани актери. според критичарот ивановски, психолошката драма „игра на слободата“, може- би е најдобра постановка на јуџен ертен. Девет жени, затворенички, живеат во сонот за она што може и што сакаат да им се случи кога еден ден ќе излезат на сло- бода. сонот го претвораат во инфантилна игра. во претставата што се игра на сце- ната заедно со публиката, гледачите стануваат дел од тој голем сон за слобода – на едно место ќе се најдат интелектуалка, една брлива, избувлива, не баш контроли- рано суштество. вo судирот со реалноста прикажан низ чести, едноставни и јасни, но не буквални линии, „без трага од екстравагантност и формални егзибиции, со докрај осмисленa и прецизнa мизансценa, со сигурно водење на драмското дејст – во“, ертен го прикажал калеидоскопот на малочовечки радости но и na големи раз- очарувања. тој ја завршил претставата експресивно и возбудливо, со поетска визија за животот. Голема поткрепа режисерот имал во актерскиот тим кој претставувал убав спој на младоста и искуството, со внесување свежина и непосред- ност. перихан туна, Бедија Беговска, Мукерем Билал и Зиба радончиќ импонирале со зрелоста во играта, а помладите сузан акбелге, Филиз ахмет, несрин таир, наџие Хасан, Фунда ибрахим и Батухан инрахим внесувале свежина и непосред- ност во остварувањето на ликовите. според критичарот тодор кузманов, со претставата „тимон од атина“ во режија на Бранко Брезовац, конечно македонската театарска сцена прими трансфузија на нова крв. необичната и изненадувачки оригиналната инсценација на Шекспир, предизвика силни позитивни реакции. сместени во т.н. контејнери на тркалца, гле- дачите беа транспортирани од еден на друг крај на холот на Младинскиот културен центар, а секое поместување носешe ново доживување и изненадување. Блиските средби со актерите, можноста да се чуе шепот на увото, да се помириса потта, да се дојде во контакт со телото на артистите, ја прават претставата перформанс на живи тела и енергии. работена со три различни театри, актерите говореа и пееја на три различни јазици, со единствена смисла да се говори за мааните на човекот, да се потенцираат лакомоста, суетата, расипништвото, како фундамент на општествена- та реалност. колективноста, истрајноста, тешките физички задачи на артистите воодушевуваа. сето ова докажува дека имаме актерски кадар кој покрај научениот текст, има кондиција, ориентација во просторот и чувство за колективност. „тимон од атина“ е „извонреден начин и цврст поттик да се почне една нова ера во маке- донскиот театар, ера на смели, инвентивни театарски дејци отворени за експери- мент“. од турската драма, во претставата со голем успех настапија салаетин Билал, елјеса касо, селпин керим, атила клинче и несрин таир. оваа година имаше само две премиери, и тоа „евнух“ од теренциј во режија на коле ангеловски и „тартиф“ од Молиер во режија на Дејан пројковски. коле ангеловски е легитимиран со посебен афинитет кон комедиографскиот жанр, така што со комедијата „евнух“ е на „свој терен“. тој создава урнебесна пре- тстава чија основна цел е да ја забави и релаксира публиката што го постигнува со темпо-ритамот кој е динамичен, на моменти фуриозен, но сепак не прави пого- леми иновации, туку се задоволува со конвенционална и непретенциозна извед- ба. „евнух“ на ансамблот и на режисерот го оживува античкиот свет на хетери, слуги измамници, нескротливи синови, преубави девојки, војници, чиновници. тие градат најразлични односи кои неочекувано ги менуваат правецот и целта. Љубовта на браќата Федрија и Хајреа минува низ перипетии, но на крајот ќе заврши добро. Женските ликови ги толкуваат актери, и обратно, што ја зголему- ва провокацијата за актерски креации. претставата врие од енергија и преда- ност. Доминантната вербална комика наидува на убав прием кај публиката, која аплаудираше и на отворена сцена. актерите несрин таир (Федрија), Филиз ахмет (Хајреа), Фунда ибрахим (војникот Фалбаџија трасон) и Зиба радончиќ (Гнатон) креирале интересни и профилирани ликови, навестени и преку маските и кости- мите. селпин керим (куртизаната таида) и Џенап саме (питија) заокружуваат амбиент на заплети и забуни, а половата измешаност води до симпатични актер- ски проблесоци. комедија дел арте на брехтовски начин лежи во основата на најновото дело на режисерот Дејан пројковски. Молиер е еден од творечките текстови за секој режи- сер. Главната тема во „тартиф“ е лицемерството или избегнувањето да и` се погле- да на вистината в очи. тргнавме, вели пројковски, зошто тој лицемер успева меѓу нас? Дали во претставата „тартиф“ е најголемиот лицемер? втората тема низа пре- тставата е религијата, односно како таа станува средство за масовна манипулација на луѓето. правиот обид една комедија дел арте да се претстави на брехтовски начин. и оваа претстава ги има предзнаците на спектакл. во претставата можеа да се видат и видео-проекции, како и музика во живо. режијата на пројковски го следи текстот, го исфрла непотребното во текстот и неколку лика, во вакво време побитни му се хипокризијата, лицемерието, измами- те, манипулациите на и во средината. сцената е отворен простор со „платна“ од не – он ски светилки, метална конструкција со шест прегради, горна платформа и еден отвор на просцениумот од кој од подземјето доаѓа тартиф. елјеса касо (тар тиф), Мустафа јашар (оргон), Бедија Беговска (елмира), Џенет самет (Дамис), Филиз ах – мет (Маријана), тамер ибрахим (клеонт) и несрин таир (Дорина) преку силна дис- циплина и содржински кореографски движења на кренаре невзати, го следат кон- цептот на пројковски. резултатите во турскиот театар не се од вчера, туку од многу поодамна, а перио- дот за собирање на плодовите е константен. ансамблот го интересира успехот на претставата, не на поединецот и така сите добиваат. Човечките односи се на виси- на, меѓусебно се почитуваме и се радуваме на успехот на секој актер. За чувстви- телни работи, вели Мустафа јашар, знаеме да се консултираме, да го најдеме најдоброто решение. во оваа година подготвени се две премиери. „поблиску“ од патрик Марбер, во режија на Мартин кочовски, е реално шоу во кое низ интеракцијата на четирите лика се вивисекцира проблематиката на конфликтот меѓу вљубувањето и љубењето. се говори за зависноста од вљубу- вањето и неподносливата леснотија на љубењето. претставата не се игра на сце- ната, туку во друг простор, а публиката ја гледа проекцијата во живо. режисерот вели дека го открил совршениот баланс меѓу театарската игра и играта пред камера. целата претстава не се гледа на видео бим за да не се загуби ефектот на живата игра. текстот првин е игран во Драмски театар, во режија на слободан унковски, уште во 1999 година. „поблиску“ е трогателна приказна за љубовта, страста и сексот на современиот човек. текстот се сфаќа како метафора, вешта форма за изразување на отуѓеноста на луѓето и нивната оддалеченост. Близината останува желба, која сè потешко се постигнува, близина која добива виртуелна замена во интернет технологијата. овие карактеристики се содржани во сложените односи меѓу четири лика кои стапуваат во врски и односи кои зна- чат љубов но и прељуба, друштво и осама. на крајот остануваат очајот и трагич- ниот крај. ништо нема совршено, ниту цивилизацискиот дострел, бидејќи чове- кот останува жртва на сопствените производи и изуми. режисерот акцентот го става на деликатните односи на вљубувањето, па во постановката провејува поетичност која е контрапункт на разорувачката реалност. Филиз ахмет (алис) „е флуидна, заводлива, игрива“. несрин таир (ана) „е нешто поодмерена и кај неа ќе преовладее осамата“. неат али и селпин керим (Ден и лери) се две современи момчиња подложни на каприците на времето кои се впуштаат во разнообразието на љубовните перипетии, вели тодор кузманов во емисијата емитувана на радио скопје по повод премиерната изведба на „поблиску“. театарскиот чин како готов производ-претстава е еднаш засекогаш даден резултат на сцената и она што публиката како краен консумент и судија може да го види. но, отсекогаш љубопитноста е голема за она што се случува зад сцената. тоа љубопитно око во пиеса го претвори Мајкл Фрејн, кој ги слика збрките и тен- зијата што го прават најсветиот чин на актерот, режисерот, сценографот во претставата „Зад кулисите“ во режија на Драгана Милошевска-попова. актерите својата „невозможна мисија“ ја извршиле максимално добро. Бедија Беговска (Доти) уште еднаш покажала дека знае и надмено, но и суптилно, ненаметливо да владее со сцената. со енергичност се наметнал импулсивниот Џенап самет (лојд Даглас, режисер) како и режисер на сета збрка, а секако дека било потребно и искуството на Мустафа јашар (селсдон), пред сè поради сигурноста на неговите колеги. Многу интересна ролја остварил несрин таир (попи), фино дозирана и во хумореската и во „сериозната“ лутина. не помалку значајни биле Филиз ахмет (Брук) и Љуран ахмети (Гери), неат али (Фредерик), а особено интересна епизода остварил един јакуповиќ (тим). сценографијата на Беди ибрахим, иако оскудна, е функционална, а во целиот тој динамичен ролинг се вклопува и музиката на огнен атанасовски и речиси незабележливо, но успешно поставената кореогра- фија на васил Зафирчев. прва премиера во оваа година беше „Женички“ од тунџер Џуџеноглу, во режија на наташа поплавска. во оваа приказна има чувства, спомени, болки, наместени насмевки, изнудена љубов, но и простор за покајание, поглед кон желбите скрие- ни, сè додека не заболи „до коска“ и не умреш од љубов, за „животот“ слободен, раз- вратен, болен; тука се и сведоците, постојано присутни, „прислужниците“ апо и парлак. тие го следат светот на инши, нериман, Мехтал и Хајрие. Драмата е про- филирана како мјузикл, и тоа доста успешно, со експонирање на гласовните и пеач- ки, покрај солидните актерски способности. направен е интересен склоп на дра- мата, сонгот, музиката, играта, театарот и дејството. тука помогнал видео-бимот како поддршка на празната сцена. така, помалку низ драмски ефекти, а повеќе низ танц и музика, видео-ефекти и сонгови тече приказната за заробеничките на нару- шените морални норми. сè на сè, една симпатична заокружена, уедначена и стил- ски дотерана продукција на турскиот театар. по премиерата на „охридско лето“, одржана е и скопската премиера на „ромео и јулија“, вонредно театарско доживување кое на публиката во моменти сосема и` го одземала здивот „со својот препознатлив и веќе етаблиран режисерски рако- пис Дејан пројковски прави осовременето жестока драма, во која на површината излегуваат есенцијалната идеја и поттекст во кој се слави љубовта“. Дејството го редуцира, делумно го раскажува низ сонгови со соло-хорски изведби и го сведу- ва на игра на само шест ликови. Драма полна со енергија, страдање и со лиричност на кои им дава мера, ги денфува толку за да не се престорат во патос. претставата ве ежи, ве разгалува. антологиските сцени на балконот, на балот, на разделбата, сцената во која капулети ја убедува јулија да се откаже од ромео беа феноменал- но изведени. Горан трајковски направил драматична музика која самата по себе е дејство, создава оригинална подлога со дискретно цитирање на прокофјев, осо- бено со употребата на хорните, на моменти со призвук на ориентот, на моменти модерна. сценографијата – ултрамодерна. ретко видено. од сцената создал гео- метриски тела кои се движат во сите правци и ротираат, што е во функција на актерската игра. а тие се најубавиот дел од приказната. Младата талентирана актерска екипа правела чуда: „пее, игра, дуби и виси на глава, се качува и се сим- нува, се врти и врти и притоа глуми. Глуми одлично. накратко, се работи за фанта- стична актерска игра, особено на ударната тројка Зубејде селимовска (јулија), селпик керим (ромео) и Џенап самет (капулети). „’ромео и јулија’ е, се чини, еден од оние исклучоци во нашиот главно демоде и зачмаен театар, кој го следи она што е светски тренд: тотален театар без пардон. притоа облагороден со фина, наша, балканска емоција“ ја завршува рецензијата Даниела стојановиќ со наслов „светски модерно, (по) нашински емотивно“, објавена во веникот „вест“ на 21 октомври 2008 година. романтичната комедија „леонс и лена“ е убава лирска експозиција во бајковита форма насловена како „лирска лудост“, исполнета со иронија и цинизам, но и со фантазија и поезија, претставува убаво репертоарско освежување. режисерката Драгана Милошевска-попова не сакала да се идентификува со театарските конвенции „раководејќи се од желбата за ослободување од сцен- ските шаблони, со интенција на изведбата да и` обезбеди еден посовремен сценски сензибилитет“. поинаква од постановката не била ни играта на акте- рите – млака, рутинска, не многу амбициозна. улогите со различен успех ги толкувале Зубејде селимовска, един јакуповиќ и осман али во насловните улоги а и другите. во доста тешки просторни услови за работа, театарот жилаво се бори за одр жува- ње на репертоарот, како и за збогатување со проекти кои зрачат со своето значење. тоа се гледа и со новиот проект – праизведбата на трагикомичната фантазија „сијах калем“ („црниот молив“) од илхами емин и јордан плевнеш со стручниот соработник рифат емин и режисерот владо цветановски. сите тие конципирале драмска поема возбудлива за големиот турски сликар сијах калем (XV век), чиј идентитет не е познат. неговата филозофија, животна одисеја и сликарската магија на авторите нè воведу- ваат во светот на експлозија од бои и звуци, ритами, танци и друго. тие создале драм- ска структура која доби сценски облик во рацете на режисерот, особено експониран во доменот на визуелниот театар. цветановски инсистирал на поетските вредности кои живеат низ чувствата на ликовите, со звучно-ликовен запис на нашите соништа, за минатите вековни премрежија, постигнувајќи ја посакуваната поетска театралност и современост. претставата почнува во фоајето на театарот со сликарот сијах калем (елјеса касо), кој им ја доближува магијата и убавината на сликањето. претставата продолжува на сцената заедно со публиката. во претставата со дваесетина актери со вистинско задоволство ги следевме простудираните креации на постарите актери, предводени од елјеса касо, потоа Бедија Беговска, салаетин Билал и Мустафа јашар, кои толкуваа по неколку улоги, но и младите актери, кај кои „клокотеше голема тво- речка енергија“: сузан акбелге, несрин таир, Зубејде селимовска, ексел Мехмед и други. изведбата со несомнени вредности во сите нејзини компоненти апсолутно го заслужи долготрајниот аплауз. не се помни на сцената на турскиот театар толку долг, срдечен и спонтан апла- уз како јубилејната, би рекол антологиска, изведба на пиесата „куќа на граница“. аплаузите беа упатени на екипата што ја сочинуваа Бедија Беговска, атила клинче, салаетин Билал, Мустафа јашар, Фунда ибрахим, Филиз ахмет, елјеса касо, Зекир сипахи, наџи Шабан, тамер ибрахим и ријад тахир. аплаузот беше и за гостинот од турција, режисерот јуџел ертен. публиката уживаше во проектот, ја галеше мисла- та дека оваа претстава ја направил нејзиниот театар, со создавање славенички амбиент и атмосфера. турскиот театар да реализира 100 изведби во една иста постановка, со непроменета каст-листа од премиерата, е настан достоен за почит. ваков настан досега немало ниту во турскиот театар ниту во поранешниот театар на народностите. претставата континуирано се игра од 2002 година и неа ја гледа- ле и во Битола, ресен, велес, Штип, на Фестивалот на комедијата во куманово, на неколку интернационални фестивали во истанбул и во измир, кипар и косово. својата кулминација изведбата ја постигна на 38. фестивал „војдан Чернодрински“. Фестивалските признанија беа круна за театарот, награда за долготрајните напори, залагања, тетеравења и талкања по непроодени патишта кон саканата цел. „Будење на пролетта“, која спаѓа меѓу привлечните драми не само во герман- ската туку и во светската драматургија, е дело на Франк ведекин, драматичар и поет, кој творел кон крајот на XIX век. поставувањето на пиесата е потврда повеќе за константната грижа на театарот во негувањето квалитетен репертоар.

режисерот васил Христов се определил за посовремен третман на текстот, но тој не го менува ригорозно драмскиот материјал, ниту пак го дополнува, туку ги следи авторовите идеи. тој е целосно на страната на лирскиот исказ, со што се ослободил од авторовата патетика и од некои помрачни тонови. тоа не е отворена критика на општеството со интенција што поекспресивно да се навлече во внатрешните неми- ри, недоумици, потисната младешка енергија и слично. во актерската екипа наста- пуваат актери и од постарата и од помладата генерација, со надополнување на мла- доста и искуството. импонираа, пред сè, Филиз ахмет, селпин керим, осман али, сузан акбелге, Зубејде селимовска, неат али, аксет Мехмет и заедно со перихан туна, Мустафа јашар, Зекир сипахи, ердоан Максут, Мукерем Билал и други прават компактна претстава, откривајќи ги ликовите со интензивен ритам, изразност и широки стилизирани изрази. •Шеесет години на еден театар се доволен повод за да се пристапи кон разгле- дување и оцена на неговата работа, особено кога тој театар е дел на културната историја на турското население во република Македонија. Дотолку повеќе, тоа е и обврска да се обидеме неговата активност да стане и предмет на анализа и синте- за која без предрасуди ќе ја преземе задачата да ги осветли патиштата на неговиот развој и да го навести патот што треба да го изврви… од такви желби се јави и мислата за пишување на монографијава посветена на турскиот театар во Македонија во мигот на неговата шеесетгодишнина. Благодарение на зачуваните документи во архивите, кај поединци, во вес- ници и списанија, како и на мојата лична архива, беше можно во главните правци на развојот на општествената свест и атмосферата што се создаде во и околу теа- тарот, со придружните одзиви на културната јавност, да ја согледаме помалку или повеќе историската слика на животот на турскиот театар од неговите почетоци до денес. Монографијата на националната институција турски театар во скопје треба да биде сфатена како нов, досега единствен поттик за истражување кон поде- тални написи за резултатите на оние уметници кои денес со своите креации го одбележале театарот на нашето време. Монографијава не можеше да го има сето она што нејзините иницијатори го сакаа, остануваат не мал број уметници и заслуж- ни поединци за чие дело остануваме должници. ако во книгава не можеме да најде- ме монографија за мошне заслужните абдуш Хусеин, Шерафетин неби, Љутви сејфула, Џемаил Максут, кемал лила, Мирко стефановски, саша Маркус, салаетин Билал, Мушареф лозана, Бедија Беговска и многу други, не значи дека на сите ним, не само нив во оваа монографија не им е дадено место колку можеше, а и нивниот изоден пат од шеесет години е осветлен со факелот на нивниот дух. изминатите шеесет години се потврда на творештвото на ансамблот и негови- те можности да се одбележат сите оние што стојат во основата на сценската креа- ција, во актерството, режијата, сценографијата, костимографијата, но и шеесет години на драмската литература, уште повеќе, години во кои се будеше и вдахно- вуваше љубопитството на турските жители за сè што е драмска литература на дру- гите нации. евидентен е напорот да се изнајде мерата на ефемерноста на театарската пре- тстава, но не може да се избегне покачената температура на симпатија која, во крајна линија, уште еднаш ја подвлекува вистината дека во неговата суштина е топ- лината на контактот меѓу публиката и актерите. театарот растеше со својата средина и беше некаков барометар на културниот растеж, а во него се прекршуваа и сите противречности во сфаќањата и сите борби во него водени на планот на европеизацијата, како и за врските со македонската култура на народните од светот за да се доближи преку нив како преку некаков мост со културата на човештвото.

Монографијава е своевидна историја и секако дел од историјата на театарот во Македонија и пошироко на светските простори. Зборот во сценската уметност е само дел од средствата за искажување. Затоа со него во оваа книга просторот го делат многуте страници илустративен материјал – тој, нормално, доминира, зашто да не забораваме дека театарот е една слика која говори, дише и се движи. напишана е на едноставен јазик, достапна за секој читател, а за турскиот театар во република Македонија е достоинствен споменик. на најдобар начин, на генера- циите кои минале низ него, им возвраќа со потребната почит и љубов, самата пре- вреднувајќи, оти во неа учествувале само луѓе со немерлива љубов кон сцената. во тоа всушност се убавината и древноста, а зошто не и мудроста на театарот, меѓу другото, ќе напише рецензентот на монографијава, проф. д-р васил тоциновски.

Преходно оваа функција ја обавуваше Атила Клинче

Краток период на местото в.д. директор Наџи Шабан

Oфицијално 06.08. 2018 год Директор на Турскиот Театар Скопје –

Erdoğan Maksut Eрдоган Максут

НАРОДЕН ТЕАТАР ОХРИД

Лична карта

Формиран со одлука на Владата на Р.М. во јануари 2011

Раководител: Горан Стојаноски Актери: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Ивица Цонев, Павел Маслов, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски, Елизабета Стефановска, Сашо Ристовски, Билјана Танески

Режисери: Ирена Стеријовска, Ѓорѓи Ризески  Драматурзи: Кристина Тодороска Петреска, Зоран Пејковски Инспициент: Филип Ангеличин Жура Технички директор: Зоран Левески Одговорен декоратер: Љупчо Крстаноски Реквизитери: Марјана Николоска, Соња Крстаноска Гардеробери: Деса Лазороска, Линдита Мерко Техничар на светло: Борис Велјаноски    Техничар на тон: Митко Серафимоски, Никола Карајованов Сценски декоратери: Кире Ангелоски, Даниел Андрески, Ѓоко Китески

Одиграни Претстави

  1. (03.06.2011) МЕТАМОРФОЗИ, Овидиј, режија Андреј Цветаноски

*овој датум официјално се води за роденден на тетарот

  1. (24.09.2011) КАБАРЕ МИСТЕРИОЗО, Дарио Фо, режија Деан Дамјаноски
    3. (17.12.2011) АЈ ДА СИ РЕЧИМЕ УШТЕ ЕДНА, по мотиви на народно творештво и песни, режија Андреј Цветаноски
    4. (21.04.2012) ПОЛИЦАЈЦИ, Славомир Мрожек, режија Андреј Цветаноски
    5. (16.06.2012) СВАДБАТА НА ИТАР ПЕЈО, Братислав Димитров, режија Деан Дамјаноски
    6. (09.10.2012) МАЛОГРАЃАНСКА СВАДБА, Бертолд Брехт, режија Дејан Пројкоски
    7.(30.12.2012) ЕМИГРАНТИ, Славомир Мрожек, режија Ирена Стеријовска
    8.(07.08.2013) СОН НА ЛЕТНАТА НОЌ, Вилијам Шекспир, режија Иван Лео Лено (Хрватска)
    9.(28.09.2014) ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ, Марко Периќ, режија Драгана Таневска
    10.(29.10.2014) ДЕТЕКТОР ЗА ЛАГИ, Василиј Сигарев, режија Ненад Витанов
    11.(01.12.2014) НА ДНОТО, Максим Горки, режија Кирил Петрески
    12.(15.02.2015) СВИЊАРОТ,Ханс Кристијан Андерсен, режија Ѓорѓи Ризески
    13.(07.04.2015) ВЕЧЕРА ЗА ГЛУПАЦИ, Франсис Вебер, режија Ирена Стеријовска
    14.(15.10.2015) МУЗИЧКА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА, режија Ѓорги Ризески
    15.(19.02.2016) СТАРИ ВРЕМИЊА, Харолд Пинтер, режија Нела Витошевиќ

16.(25.02.2016) Импровокација, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипроски (копродукција)

17.(28.02.2016) Убавицата и сверот, Шарл Перо, режија Ѓорѓи Ризески

18.(08.03.2016) Писма од Земјата, Марк Твен, режија Никола Тодороски (копродукција)

Изиграни  преку 170 претстави на домашна сцена и остварени 36 гостувања

  • Во 2017 година за в.д директор е поставен Стрезо Стаматовски

Народен Театар Охрид за 2017 година,

Годината за започнавме со Охридска премиера на “Дениција” од Петре М. Андреевски, во режија на Константин Плевнеш.

Играат Рубенс Муратовски, Димитрина Мицкоска и балерината Саша Евтимова.

Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Марија Пупуческа
Уметнички соработник: Флориан Габер
Оригинална музика: Константин Плевнеш
Видео арт: Милчо Узунов
Слики на тема Дениција: Сергеј Андреевски
Претставата се одигра уште два пати, од кои едното беше гостување во Брисел на Balkan Trafik Festival.

Следеше премиера на претставата “Аналфабет” според Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески.

Играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска. Сценограф е Зоран Николовски, а костими на Ванчо Василев. Претставата се одигра уште 17 пати, од кои осум гостувања на фестивалите во Македонија, како и гостување во Народно Позориште во Белград

Последна претстава во продукција на Народен Театар Охрид беше претставата “Баал” од Брехт. Премиера на 5.12.2017
Играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Дамјан Цветановски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Јасмина Билаловиќ, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Тони Денковски. Сценографија: Сергеј Светозарев Костими: Милена Пантелеева Музика: Димитар Андоновски Дизајн на светло: Милчо Александров Инспициент: Филип Ангеличин – Жура Асистент на режија: Ѓорѓи Ризески.

Покрај овие претстави, на репертоарот се најдоа и: “Детектор за лаги” од Василиј Сигарев, режија Ненад Витанов, монодрамата “Писма од Земјата” на Никола Тодороски, според Марк Твен и “ Импровокација ” со Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски и Филип Жура, со која Народен Театар Охрид забележа гостување во Франкфурт, Германија.
Во 2017 НТО изигра вкупно 30 претстави во матичната куќа и оствари десет гостувања.

СТРУМИЧКИОТ ТЕАТАР ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТЕАТАРОТ

Со Патникот стигнавме до изборната лудница

Во популарниот “културен дом”, Денот-празник го одбележаа два настана – промоцијата на книгата “Патникот” од нашиот колега Борче Грозданов -Пандур, и централниот, постановката на “Народен пратеник” од Нушиќ во режија на гостин од Бугарија Владлен Александров.

Струмичкиот театар, односно НУЦК “Антон Панов” од градот под Царевите кули и овојпат докажа дека е дел од светската театарска мапа, одбележувајќи го Светскиот ден на театрот.

Во популарниот “културен дом”, Денот-празник го одбележаа два настана – промоцијата на книгата “Патникот” од нашиот колега Борче Грозданов -Пандур, и централниот, постановката на “Народен пратеник” од Нушиќ во режија на гостин од Бугарија Владлен Александров.

Патешествието наречено “Патникот” по скопската промоција продолжи и во градот каде двајцата јунаци од книгата, Паки и Шики го поминуваа поголемиот дел од својата дружба. Дел од нивните “сплетки и интриги” овојпат беше оживеан од актерите Ангелина Тренчева и Ванчо Мелев, како и од промоторот Ацо Гогов и авторот Грозданов.

Пиесата “Народен пратеник” не смести во лудница, овојпат изборна, денешна, сегашна актуелна… Оваа претстава уште еднаш докажа дека театарот иако понекогаш искривено, е и тоа како точно општествено огледало… Дека лудоста на актерот знае да биде безгранична ни докажаа актерите од речиси целиот ансамбл на НТ “Антон Панов” кои лудилото, сарказмот гротеската, но и чистиот комичен нерв и го понудија на публиката, ставајќи не и нас консументите во таа искревена но точна слика на она што се вели “општествено живеење”…

Затоа секоја чест на четата предводена од Кољо Черкезов (Јеврем), Јасмина Вучкова (Таска), Анкица Бенинова (Даница), Ванчо Василев (Ивковиќ), Коста Ангов (Докторот), Ангелина Тренчева (Сестрата)… и останатите, кои ја заокружија убавата ведра, но и “замислителна” слика на она што навистина ни се случува.
Кога се ќе се собере и одземе, завчеравечер во Струмица присуствувавме на една убаво заокружена театарска приказна.

Најголемиот театар на светот се наоѓа во Кина

СВЕТСКО МОДЕРНО ЧУДО

 

25 март 2016

Токму едно светско чудо на модерното време е најголемиот театар во светот, Националниот театар во Кина, кој се протега на неверојатни 219.400 квадратни метри.

Театарот е една од најстарите форми на уметност изведена за првпат од страна на талентирани мажи, а потоа и жени и тоа од сите возрасти, на градските плоштади, во просториите на владетелите, во арените и на дрвените сцени кои се склопувале и се расклопувале од страна на театарските трупи кои патувале од едно место до друго.

Патувајќи низ времето, драмската уметност застанала на цврсти нозе и го нашла своето место во пространите објекти кои станаа центар на општествениот и културниот живот. Денес, театрите се големи културни институции кои ги собираат љубителите на играните уметности. И самите театарски зданија претставуваат архитектонски уметнички дела.

Токму едно светско чудо на модерното време е најголемиот театар во светот, Националниот театар во Кина, кој се протега на неверојатни 219.400 квадратни метри.

Бисерот на вода, како што Кинезите го нарекуваат, или солза, меур, јајце, како уште го нарекуваат Националниот кинески театар или Националниот центар на играни уметности (НЦПА), е едно од современите светски чуда во интересна форма, кое со својата позиција и големина го привлекува вниманието и отстапува од традиционалната кинеска архитектура.

Огромната зграда се наоѓа на вештачкото езеро на градскиот плоштад Тјенанмен во Пекинг, и е поврзан со копното со патеката која оди под езерото, каде што се наоѓа и паркинг. Креаторот на овој прекрасен театар, стратешки поставен во езерото, така што полуелипсата рефлектира и создава илузија на лебдење на водата, е францускиот архитект Пол Адра, познат како архитект на бројни аеродроми во Азија и на Блискиот Исток, но и на парискиот аеродром Шарл де Гол.

Изградбата започнала во 2001 година и била завршена во 2007 година, а го опфаќа периодот кога Кина се градела брзо, со цел да биде достоен домаќин на Олимписките игри (лето 2008 година). На проектот работел и дизајнерот Каору Менде кој се погрижил за феноменалното осветлување. Секое светлосно тело е намерно ставено под прецизен агол и на точната локација, на две нивоа, а некои се вградени и на подот.

Театарот се состои од опера, голема сцена и концертна сала, со вкупен капацитет од 5480 места. Операта, која е и седиштето на зградата прима најмногу посетители, 2420, концертната сала до 2020, а театарот 1040. Всушност, тоа е културен комплекс, кој се разликува од традиционалните театри. Во склоп на театарот има и продавници со книги и сувенири, украсени чекални, салони, кафулиња и ресторани, речиси целиот уметнички квартал под стаклено ѕвоно.

IN MEMORIAM: Почина актерот Ацо Јовановски

Театарот е една голема анегдота – Ацо Јовановски ја живееше

Театарот е една голема анегдота, а животот на Ацо Јовановски се состоеше од низа анегдоти. Кога мојата генерација влегуваше во театарот токму неговата генерација не прими како свои. Не негуваше земајќи не во закрила и притоа учејќи не дека Академијата е само школо, а театарот е живот кој константно го учиме…”. Со овие зборови актерот и колегата Марин Бабиќ се прости од легендата на македонското глумиште Ацо Јовановски.

Од големиот актер се простија и театрологот и некогашен директор на Драмски Ристо Стефановски, како и актуелниот прв човек Роберт Вељановски. На крајот на комеморацијата одржана вчера во неговиот живот-театар – Драмски, неговите колеги, пријатели и поклоници се простија со пригодна песна и огромен аплауз, простум оддавајќи му последна почит на големиот Ацо Снагата… Ацо Јовановски беше македонски филмски, театарски и телевизиски актер, еден од легендите на македонската драмска сцена.

Во неговата богата кариера има одиграно 10 до 12 врвни улоги, како во македонските така и во југословенските претстави и филмови. Филмската кариера ја започнува со улогата во првиот македонски филм „Фросина” во 1952 година. Тој е единствениот македонски актер, кој заедно со Петре Прличко ја има добиено наградата „Славица”, а познат е по театарските улоги: Долго патување во ноќта – Едмонд, Пепелашка -Принцот, Манде -Турчинот, Галеб – Третљов, Болва во уво – Шандебиз и Пош една од најиграните претстави во македонскиот театар воопшто со преку 300 изведби). Јовановски има одиграно и околу 40 филмски улоги во филмовите Фросина, Волчја ноќ, Мирно лето, Македонска крвава свадба, Планината на гневот, Најдолгиот пат..

Театар Куманово “Тајко Прокопиев”

 Историја на Народен театар – Куманово

Драмската уметност во Куманово отсекогаш наидувала на плодно тло. Траги на драмската уметност се среќаваат уште во почетокот на дваесетиот век. Документарни траги среќаваме веќе во 1920-1926 година, кога при КУДАбрашевиќ се формира драмска секција.

Преку разни приредби, КУДАбрашевиќ со својата активност ги зближувал напредните работници и продонесувал за нивно политичко осознавање. Драмската секција при друштвото подготвила неколку дела: Жртва на капиталот и Рудари, напишани од тогашниот професор во гимназијата во Куманово, Милан Мијалковиќ, потоа На дното од Максим Горки и други.

Драмата Жртва на капиталот која требала да се прикаже пред полна сала во кино Едисон (сегашноКозјак), заради својата тематика во последен момент била забранета. Во салата се слушале извици: долу полиција!, долу варварство!.     Актери во оваа и во другите драми биле напредни младинци од Куманово, меѓу кои и професорот Мијалковиќ со својата жена Љубица. Оваа претстава, освен во Куманово, се играла  и во други места како Врање, Скопје, Штип и Велес.

Разните провокации и насилства не спречиле работата на овие секции, а претставите насекаде биле поздравувани и следени со интерес.

Шестојануарската диктатура во 1929 година се одразила и на активноста на КУДАбрашевиќ и неговите секции. Работата на Друштвото во тој период била забранувана, но членовите успевале да продолжат со нивната активност.

Со формирање на синдикатите во 1933 година, била обновена активноста на КУДАбрашевиќ, во чија дејност, по неколку години, се вклучиле и познатите револуционери од нашиот крај: Перо-Чичо, Киро Бурназ, Мара Нацева и други.

Во овој период се работело тешко, меѓутоа ентузијазмот, упорноста и љубовта кон создавање на ваквиот тип уметност биле гаранција дека резултатите нема да изостанат.

Во периодот од 1936-38 година биле организирани повеќе излети до селата на Општина Куманово: Шупли камен, Режановски врби, Градиште, Матејче, Прешево и други. На приредбите во овие села, најмногу прифатена била едночинката Секира од Благој Стефковски-Гојчо, во која бил прикажуван макотрпниот живот на селаните. По иницијатива на Партијата и Месниот синдикален совет, во 1938 година бил организиран излет во селото Матејче, на кој присуствувале работници од Куманово, Скопје, Велес и Прешево. На сите излети присуствувала и полиција, која била задолжена за ред и мир за време на прикажувањето на  едночинките и скечевите.

Во Куманово, пред Војната, работеле и други групи кои подготвувале едночинки. На почетокот на 1930 година биле формирани и две дилетантски групи: дилетантската група при Занаетчиската комора, која секоја сабота давала програма, а своите едночинки од Нушиќ, Стерја, Трифковиќ и др. ги давала во зградата на Занаетчискиот дом и дилетантската група при Трговската комора, во која најиграни биле едночинките на Перо Николиќ, а посебно неговата Тон филм.

И за време на окупацијата и Вооруженосто востание, во Куманово не престанале активностите од оваа културна дејност. И во партизанските единици, во периодот на кратките одмори, меѓу две битки, биле прикажувани едночинки.

Градски аматерски театар од 1945 – 1948

Во овој период од развојот на театарската уметност во Куманово неколку случувања и настани ќе придонесат за удирање теменли за поорганизиран и поадекватен период и третман во градење на театарска структура преку иницијативи, кадри и проекти, што ќе претставува солидна основа за севкупното театарско живеење во времето што потоа ќе следи.

Во декември 1944 година, на иницијатива на љубителите на драмската уметност бил формиран бил формиран Градски аматерски театар. Првиот проект бил прикажан на самиот плоштад (некогашнаТумба) и тоа претставата Ние сме ќорите.

Посебно значаен датум е здобивањето на сопствена зграда на театарот во 1947 година. Местото каде што требала да се изгради сцената и припаѓало на  Ленче Владиќ, вдовица на љубителот на драмска уметност Леонид Владиќ, која со задоволство дозволила да се изгради сцена на местото на кое живеела. На оваа сцена прво била прикажана комедијата Чорбаџи Теодос од В. Иљоски, а потоа и Сомнително лице од Нушиќ, Житата зреат од Мокрев, Водата од планината од Р. Плаовиќ и др.

Со одлука на Народниот одбор на Општина Куманово од 01.01.1948 година, Театарот започнал да работи како полупрофесионален. Првите професионални актери во Театарот биле: Ѓоко Николовски, Петар Тасевски, Киро Крстевски, Митко Кировски, Рада Сарева и Вера Петрушевска.

Професионална театарска куќа од 1948 – 1954

Следната етапа од развојот на Театарот, започнува со датумот 15.07.1948 година, кога со работа започнуваПрофесионална театарска куќа, со уметнички ансамбл од петнаесет актери. Во пригодно адаптиран сценски простор биле реализирани вкупно триесет и една премиерни изведби, со над осумстотини претстави.

По седум години постоење како Професионална театарска куќа, кумановската театарска публика, па и сите кумановчани изгледа немале доволно сили да и се спротистават на официјалната власт и партиските структури во тоа време. Пред се театарски работници, како на актерите Илија Милчин и Илија Џувалековски, работеле на  затворање на поголем дел од тогашните професионални театарски куќи во Македонија, меѓу кои и кумановскиот театар.[1]

 Повторно раѓање на НТК од 1961- 1990

Едно од неколкуте неиздржани образложенија за затворање на театарот во 1954 година било дека потребите на кумановската публика, која масовно ги посетувала претставите во својот театар, треба да почне да ги задоволува Македонскиот народен театар, кој за седумте години кога Куманово немало театар, всушност не успеал да ги задоволи потребите на кумановчани. Тој гостувал само три пати или, во просек земено, на две години и четири месеци по еднаш, со што уште на самиот почеток била погрешна тезата за затварање на театарот, а од друга страна допринело и за потполно замирање на театарскиот живот во градот.

Овој потег не можел да ја уништи желбата за театар на кумановските ентузијасти, па тие, меѓу кои Драгољуб Димовски, Душко Петровски, Ѓоко Николовски и др., во 1961 година со поткрепа на градски структури на тогашната власт, придонеле повторно да се роди и да заживее театарска куќа во Куманово. Откако се адаптирал сценскиот простор, каде Театарот и сега егзистира, и откако се направила задодоволителна структура од млади актери од Куманово, актери од други театарски куќи, како и актери од претходниот состав, се создале солидни услови за создавање на нови и квалитетни вредности, кои предизвикале внимание не само кај домашната публика, туку и на севкупната културна мапа на Македонија.

За само три-четири театарски сезони, откако биле направени квалитативни промени во актерски состав со доведување нови имиња, како Ацо Ѓорчев, Милојка Ковечевиќ, Митко Костов, Кире Андоновски и др., со продукција, на која можеле да позавидат голем број театарски куќи во тоа време, Театарот повторно ги освоил срцата на кумановчани и станал хит театар во шеесетите години

 

ТЕАТАРСКА СЕЗОНА ПРЕМИЕРИ БРОЈ НА ИЗВЕДБИ
1961/62 12 79
1962/63 7 112
1963/64 7 115
1964/65 7 120
1965/66 7 138
1966/67 7 150
1967/68 7 146
1968/69 7 162
1969/70 7 160
1970/71 7 155
ВКУПНО 75 1337

 

На крајот на ова деценија, добар дел од актерскиот состав го напуштил театарот, заминуваќи пред се во скопските театри, што довело до перманентно опаѓање на продукцијата и намалување на претходно стекнатите вредности. Но, прикажаните седумдесет и пет премиери за десет години, односно илјада тристотини триесет и седум претстави и посетеност од вкупно 439526 посетители, говорат за целокупната успешност на овој театар.

Откако две-три години на почетокот на седумдесетите години биле изгубени во внатрешни недоразбирања, на репертоарот на кумановскиот театар се отстапил повеќе простор за македонска драма и за само пет сезони, дела од македонски автори биле поставени два пати повеќе, отколку за целиот период по ослободувањето.

Во текот на осумдесетите години била надминат дефицитот на актери. Била вработена речиси цела класа завршени академски актери од Факултетот за драмски уметности, бројката се зголемила на шеснаесет актери, а тоа допринело и за подобрување на целокупното работење во Театарот, како и за поадекватна репертоарска политика.

 

ТЕАТАРСКА СЕЗОНА ПРЕМИЕРИ БРОЈ НА ИЗВЕДБИ
1980/81 6 139
1981/82 2 154
1982/83 5 126
1983/84 4 180
1984/85 4 124
ВКУПНО 21 723

 

 

Во првата половина на осумдесетите години со 723 изиграни претстави, Народниот театар од Куманово бил веднаш зад Драмскиот театар од Скопје (1142) и МНТ (830).

Поради недоразбирања со официјалните органи на власта и партиски структури, било сменето раководството во театарот и во втората половина на осумдесетите години дошло до повторно згаснување на театарот, при што дошло до опаѓање на премиерни изведби, а со тоа и до опаѓање на вкупниот број прикажани претстави, речиси за половина,па биле одиграни 375 претстави.  Дошло и до престанок на работа и повторно затворање на театарот.

Повторно театар во Куманово од 1991-2002

По затворањето на кумановскиот театар во 1989 година, со актерски ансамбл од само осум членови и речиси без сценска техника и руинирана театарска зграда ставена вон употреба, за среќа без поголема пауза, со помош на тогашните градски структури, враќањето на Томислав Спасовски на чело, тој заедно со помошта на Ристо Стефановски, на 8 Мај 1990 година повторно ја кренале завесата на театарот со претставата Црна од Б. Ѓузел, во режија на Љубиша Георгиевски.

По три години екипирање, 1993 година станува значајна година за театарот во Куманово. Во негов состав влегува и Сашо Миленковски, во чија режија претставата ГАМЕ ОВЕР на фестивалот Војдан Чернодрински  во Прилеп била прогласена за Најдобро театарско остварување, а претставите Антигона од Д. Јовановиќ, во режија на Ленка Удовички, како и Црнила на К. Чашуле, во режија на Љ. Георгиевски, влегле во десетте најдобри претстави според ренгирањето на списанието Екран, во кое традиционално, секоја година го правело рангирањето.

Прогласувањето за најдобро театарско остварување на претставата ГАМЕ ОВЕР, најдобро актерскоостварување на Горан Илиќ, наградата за режија на Љубиша Георгиевски, како и двете актерски награди во претставата Црнила на Митко С. Апостоловски и Љупчо Хаџистојанов, гостувањето во Крањ, Словенија на претставите Антигона,какои гостувањето на Црнила во Данска на Деновите на македонската култура, се мигови кои ги одбележуваат 1993 и 1994 година.

По пет години од повторното формирање и започнување со работа, биле прикажани дваесет и осум премиери, петстотини и седум репризни прикажувања и 84933 посетители, што дава јасна слика за театарот во Куманово во деведесетите години.

Меѓутоа, во поседните две или три театарски сезони, поради рестриктивната политика на Министерството за култура во однос на финансирање, придонеле за создавање на поголеми потешкотии во нормално одвивање и извршување на функцијата за која постои театарот, со што театарот одново се нашол пред вратата на неизвесност на прагот на дваесет и првиот век. Но, секако театарот продолжува со работа.

Народен Театар Куманово од 2002 до денес

Народниот театар Куманово од 2002 година, па до денес, заедно со Домот на култура Трајко Прокопиев,функционираат како задничка куќа (едно правно лице), под името Национална установацентар за култураТрајко Прокопиев – Куманово. И Домот на култура, и Театарот се наоѓаат на поранешните локации, па претставите и денеска се реализираат и репризираат во Театарот, освен фестивалот Денови на комедија, кој поради потребата од поголема сала, традиционално се одржува во Домот на култура.

Вака изгледа табелата на премиери од 2000-09 година:

 

2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009
2 4 1 3 5 5 3 4 5 5

 

 Театарот во Куманово денес (2009)

 Кумановскиот театар го зазема централното место на драмските случувања во градот. Од 1961 година, до денес, тој се наоѓа на истото место, во центарот на Куманово, а историјата покажува дека без разлика на кое место и да се наоѓал како објект, Театарот располагал со квалитетен актерски ансамбл и звучни режисерски имиња. Посебен напредок се забележува по повторното отварање на театарот во 1991 година, кога како директор во театарот доаѓа Томе Спасовски. По само две години театарот го свртува вниманието на македонската јавност, а посебно на љубителите на театарската уметност, со тоа што нуди квалитет во репертоарната политика, а како заслуга за тоа, говорат наградите за најуспешна претстава (меѓу кои Златна плакета за ГАМЕ ОВЕР), како и наградите за актер на годината (Горан Илиќ, Драгиша Димитриевски-Шипе и Митко С. Апостоловски). Оттогаш, па наваму, театарот одново не го достигнуваврвот на македонската театарска уметност[2], но не престанува со создавање на квалитетни театарски продукти и не заостанува зад останатите театари во Македонија.

Во 2002 година, заедно со поранешниот Дом на култура, Театарот го среќаваме под името, Национална установа центар за култура Трајко Прокопиев – Куманово[3].

Со новото име на кумановскиот театар не се смени бројката од минимум 100 прикажани претстави годишно, како и доделувањето на награди на актерите.

Како што може да се види од Табела 5, театарот нема свои постојани режисер, сценограф и костимограф. Исто така, нема ни драматург. Позитивно е тоа што сега за сега вработувањето оди по нагорна линија. Составот е зголемен во однос на 2002 година, па навака. Намален е само бројот на актери, на чие зголемување активно се работи.

После секој пад на Театарот, кој како што видовме во Историјата на театарот, се случува скоро на секои десет години, Секторот за програма и организација активно работи на репертоарско и кадровско престројување. Меѓутоа, во тој процес треба да бидат вклучени и творци на драмска дејност, што во моментот не е случај.

 

Текстот е добиен од дипломската работаАнализа на театарот во Куманово” 2009год.

Симона Тоскиќ

 Во 2016 год 

Минатата година беа изведени осум наслови на македонски јазик и четири наслови на албански јазик.

Кумановските актери извеле 90 претстави кои биле посетени од над 17.500 гледачи.

30 претстави пред 6500 гледачи за пола година

Актерите од Кумановскиот театар во првата половина од 2017 година одиграле 30 претстави пред околу 6.500 пoсетители, велат од установата.

Ансамблот на Театар Куманово од почетокот на годинава подготви две премиери финансирани од Министерството за култура – „Хај-Фај” од Горан Стефановски во режија на Јани Бојаџи и „Интрига и љубов” по текст на Фридрих Шилер и во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

„Одиграни се две премиери и 26 репризи во наша продукција и уште 12 претстави, гостувања и копродукции на македонски јазик, со вкупна посетеност од околу 6.500 гледачи”, велат од Театар Куманово од каде за втората половина на годинава најавуваат комедија со која планираат учество на Денови на комедијата со што планираат да ја надминат бројката од околу 17 500 гледачи што ја постигнаа минатата година.

2017 година за директор поставен Роберт Цветковски
 

2017 -ТРИ ПРЕМИЕРИ, ПЕТ РЕПЕРТОАРНИ ПРЕТСТАВИ

Во текот на 2017 година, Народен Театар Куманово на својата сцена се претстави со три премиери: „Хај Фај“ од Горан Стефановски во режија на Јани Бојаџи, „Интрига и љубов“ од Фридрих Шилер, во режија на Љупчо Георгиевски и „На погрешно место во погрешно време“, инспириран од текст на Франсис Вебер, а во режија на Мирослав Петковиќ.

Освен овие премиери, на репертоарот беа и претставите „Жена од Минатото“ од Роланд Шимелфениг, во режија на Нела Витошевиќ и „Бегај еве ја жена ти 2-Па не баш“, по текст на Реј Куни, во режија на Коле Ангеловски.

Кумановската екипа преку овие претстави се обрати до публиката, обидувајќи да подели заеднички моменти: слободно сонување и верна репродукција на соништата, висока верност, барем во себе, во „Хај Фај“; штитењето на слободата и животите на генерации и генерации млади луѓе од наездата на бескомпромисните борци за власт, во секое општество и во секое време, во „Интрига и љубов“; урнебесни, скоро невозможни, но комични ситуации со низа неочекувани пресврти во кои се препознаваат многу карактери и од нашето секојдневие во комедиите „На погрешно место, во погрешно време“ и „Бегај еве ја жена ти 2 – Па не баш“,  можни одговори на прашањата „дали човекот е среќен со изминатиот живот или е спремен да остави сè зад себе и да скокне во нов“ и „како минатото влијае на сегашноста и дали може да ја уништи иднината“, во „Жена од минатото“.

Во периодот од 02.10.2017 до 21.10.2017 година, НУЦК „Трајко Прокопиев” Куманово го реализираше 20-тиот Меѓународен театарски фестивал „Денови на Комедија” – Куманово 2017. На фестивалот учествуваа вкупно 15 драмски остварувања од земјата и од странство (Р. Србија, Р. Бугарија, БИХ и Р. Косово), а Театар Куманово на Фестивалот ја изведе премиерно претставата „На погрешно место во погрешно време“.

Да споменеме и дека во состав на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Театар Куманово, работи и ансамбл на албански јазик со свој репертоар.

Резиме на 2018 год Театар Куманово

Колку драми беа изиграни во кумановскиот театар?

Македонската драма при НТ Куманово минатата година гостуваше во Прилеп на мТФ „ Војдан Чернодриски „, Бела ноќ „ во Скопје, а оставрени се гостувања и во Виница, Радовиш, Гевгелија и Затворот Кшање.
Во кумановскиот театар остварени се три гостувања на театари од Македонија, како и две гостувања на косовски претстави.
Реализирани се и 16 копрдукциски изведби во училиштата во Куманово, а во рамките на фестивалот “ Денови на комедија „ остварени се 13 гостувања, со вкупно изведени 14 претстави. Фестивало го посетија 7 694 гледачи


Јордан Хаџи Константинот Џинот – Велес

 Театар

Јордан Хаџи Константинот Џинот – Велес

Градски Народен Театар Велес е „Обичен човек“ од Бранислав Нушиќ во режија на Борис Бегинов сезона 1948/49 година.

До 1999 година биле одиграни 241 премиера согласно податоците објавени во првата монографија за театарот на Ристо Стефановски и Славомир Маринковиќ.

РЕЗИМЕ на НУЦК Театар „Јордан Х.К-Џинот“, Велес за 2018 година

Во рамките на Годишната програма за работа за 2018 година Театарот „Јордан Х.К-Џинот“, Велес реализираше вкупно 8 премиерни изведби. На сцената на театарот премиерно беа прикажани претставите „Тоалет за дами“ од Родолфо Сантана во режија на Деан Дамјановски, „Кралските копилиња“ авторски проект на Сашо Димоски, „Заспаниот супер-херој“ – претстава за деца во адаптација и режија на Младен Крстевски, „Лисистрата“ од Аристофан во адаптација и режија на Хакоб Газанчјан (к.г. од Ерменија), „Елешник“ од Југослав Петровски во режија на Елеонора Теова, „Златната рипка“ – претстава за деца според „Рибарот и рипката“ од А.С.Пушкин во режија на Младен Крстевски, „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ во режија на Венцислав Ристов и „Снешка смешка и Тео текнувало го спасуваат Дедо Мраз“ – новогодишна претстава за деца во адаптација и режија на Ненад Витанов.

Покрај новите премиери, на репертоарот на театарот се изведуваа и претставите „Вдовицата се мажи“ според „Мечка“ на А.П.Чехов во адаптација и режија на Младен Крстевски, „Синиот портокал“ од Џо Пенхол во режија на Александар Ивановски, „Театар љубов моја“ од Валери Петров во режија на Деан Дамјановски, „Волшебникот од Оз“ од Л.Ф.Баум во драматизавција на Катерина Момева а во режија на Александар Ивановски и „Шумата на моето дрво“ од Сашо Димоски во режија на Александар Ивановски, копродукција на Театарот со независната театарска компанија „Импакт“.

На репертоарот на театарот се одиграа вкупно 159 претстави кои ги посетија повеќе од 34.000 гледачи. Најизведувана претстава на репертоарот на театарот е „Тоалет за дами“ со вкупно 27 изведби.

Во текот на 2018 година, Театарот го реализираше и Циклусот „Вечери на поезија“ со поетски вечери посветени на Павлина Климкар Меанџиева, Игор Крајчев, Васил Тоциновски и Димитри Соле Љубин.

Театарот имаше и 20 успешни гостувања и фестивалски настапи во земјава и странство. Со „Синиот портокал“ театарот настапи во Културно-информативниот центар во Софија-Бугарија, на манифестација „Бела Ноќ“ во Скопје, во Центарот за култура „Травно“ во Загреб-Хрватска, а на фестивалот „Гола месечина“ во Скопје ја освои наградата за најдобра машка улога за актерот Фаик Мефаилоски.

„Волшебникот од Оз“ беше изведена на Меѓународниот фестивал на детски претстави „Волшебната завеса“ во Трговиште-Бугарија, а „Заспаниот супер херој“ имаше три последователни изведби во Центарот за култура во Радовиш.

Со „Вдовицата се мажи“, театарот гостуваше во Радовиш, Виница, Македонска каменица, Гевгелија, Трговиште-Бугарија, а настапи и на фестивалот „Скопско лето“, на Македонското културно лето во Мала Преспа-Албанија, на фестивалот „Денови на комедијата“ во Куманово, на Меѓународниот фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, а на Меѓународниот фестивал „Руска класика“-Лобња, во Москва, Русија ги освои наградите за најдобра странска претстава и најдобар актерски ансамбл за актерите Марина Поп-Панкова, Васил Зафирчев и Младен Крстевски.

„Тоалет за дами“ гостуваше во Драмскиот Театар во Скопје, во Центарот за култура во Радовиш, а беше изведена и на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

„Лисистрата“ беше изведена на свеченото отворање и затворање на Интеранционалниот фестивал на античка драма „Стоби“. На истиот фестивал, Театарот настапи и со претставата „Кралските коплиња“ за која ја доби и специјалната награда од стручното жири за современ сценски израз конципиран врз лабораториски истражувања.

Копродукцијата пак со Импакт „Шумата на моето дрво“ беше изведена на Меѓународниот фестивал „Тара-ра-бумбиа“ во Благоевград-Бугарија и на Меѓународниот фестивал „Тома Караџиу“ во Плоешти-Романија.

Театар „Јордан Х.К-Џинот“, Велес

в.д директор  Александар Ивановски

АРХИВА НА ПРЕМИЕРИ ПО ГОДИНИ

2013 година

ПОСЛЕДНИОТ БАЛКАНСКИ ВАМПИР

2012 година

НОЌИТЕ ВО БЕЛ САТЕН

ШАШАРДИСАНИ ВРЕМИЊА
БЕТИЈА

2011 година

НОРА
ММЕ КОЈ ПРВ ПОЧНА
ТРЕПЕРЕЊЕ
ОНЕГИН

2010 година

БАХАНАЛИИ
ГЕНЕРАЛНА ПРОБА ЗА САМОУБИСТВО
ЗЛОСТОРСТВО НА ОСТРОВОТ НА КОЗИТЕ

2009 годинa

МУШИЧКА
ТЕРОРИЗАМ
ЧЕРНОДРИНСКИ СЕ ВРАЌА ДОМА
ЖЕНИ
БЕЛЕГ ОД ЧОВЕЧКИ ЗАБИ

2008 година

ПТИЦИ
ЏИНОТ УЧИТЕЛОТ
ВЕСЕЛИТЕ ЖЕНИ ОД ВИНДЗОР

2007 година

ПРОКЛЕТСТВОТО НА ИЗГЛАДНЕТАТА КЛАСА
ДА СЕ ЗАБОРАВИ ХЕРОСТРАТ
Х-ХАМЛЕТ

2006 година

ВРАЌАЊЕ
ЖЕЛЕЗНО ПИЛЕ
БРАЧНА ИГРА
ДОН ЖУАН
ГАЛИЛЕО
ДОМ ЗА ПТИЦИ

2005 година

ЖЕНИ ВО НАРОДНОТО СОБРАНИЕ
ВООБРАЗЕН БОЛЕН
ДУШИЧКА
И ШТО СЕГА
ХАМЛЕСТИЈА
СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ

2004 година

НА ПОЛКОВНИКОТ НЕМА КОЈ ДА МУ ПИШУВА
ЅВОНАРОТ НА БОГОРОДИЧНАТА ЦРКВА ВО ПАРИЗ
БРАЧНИ ПОНУДИ (МЕЧКА И ПРОСИДБА)
ЧЕТВРТАТА СЕСТРА
ОРЕСТ
ВТОРИОТ ТЕСТАМЕНТ
ЦРВЕНКАПА И ЈАНА
ЗАСПАНИОТ ДЕДО МРАЗ

2003 година

ШОУ ЗА ЕДНА ЖЕНА
ВО САМОТИЈАТА НА ПАМУЧНИТЕ ПОЛИЊА
ДОМОТ НА БЕРНАРДА АЛБА
ЅВЕЗДАНКА И ВОЛШЕБНИКОТ
ОБЛАЦИ
БУДЕЊЕ (ЧЕЛИК ЧАМАК)
НОВОГОДИШНА ЖЕЛБА

2002 година

ДВЕ, ТРИ ЗГОДИ ЗА КОШНИЧКА ЈАГОДИ
СТРИП ШЕКСПИР
ПИЈАНИСТОТ
ЛИСИСТРАТА
ПРОВИНЦИСКИ ПЛЕЈБОЈ
СОНОТ НА СМЕШНИОТ ЧОВЕК

2001 година

БАЈКА ЗА МРТВАТА ЦАРСКА ЌЕРКА
ФИЛОКТЕТ
ДУПЛО ДНО
РАДОВАН III

2000 година

КОМЕДИЈА А
ИЗМАМНИЦИ
ЕЛЕШНИК
ОЈДИП ТИРАНИН
ЗМЕЈОТ
ЦАРСКАТА ЌЕРКА МРАЗУЛКА
ДОМА

1999 година

НЕВАН – СРЦЕТО НА СВЕТОТ
ПАТЕНТАЛИЈА И ТЕНТЕЛИНА
ПЛУТОС
КАТЕ КАРАТЕ
ЗАСПАНИОТ ДЕДО МРАЗ

1998 година

ЉУБОВНА ВРТЕЛЕШКА
СЕРДАРОТ
ВАЗНА ОД ПОРЦЕЛАН
МАЈА И КРАДЦИТЕ

1997 година

БОЖИЛАКОТ И СМРТТА
ЕМИГРАНТИ
СОНАТА ВО А-МОЛ
ЗЛАТНАТА РИПКА
БАКХИ
ТЕШКО Е ДА СЕ РЕЧЕ ЗБОГУМ
ЧЕТИРИЕСЕТ МАЧЕНИЦИ (ПОЛКОВНИКОТ ПТИЦА)
НАТПРЕВАР ЗА МРАЗОНАСЛЕДНИКОТ НА ДЕДО МРАЗ

1996 година

СИВО СО ПРИЗВУК НА ОЛОВО
ФОРТИНБРАС Е ПИЈАН
ИФИГЕНЕЈА ВО АВЛИДА
ЦАРЧЕ ЖАРЧЕ
АДВОКАТОТ ПАТЛЕН
СМРЗНАТИОТ ПИНГВИН

1995 година

АРЛЕКИН – СЛУГА НА ДВАЈЦА ГОСПОДАРИ
ЛОНГ ПЛЕЈ
ПРИКОВАНИОТ ПРОМЕТЕЈ
ПОЛИЦАЈЦИ
НОВОГОДИШНА СКАЗНА ЗА ВОЛКОТ И ТРИТЕ ПРАСИЊА

1994 година

ЗМЕЈОВИТЕ ЗАМИНУВААТ
РЕВИЗОР
ХЕКУБА
КИЛИБА
НОВОГОДИШНА ЛОВЕЧКА СКАЗНА

1993 година

КРАЛ ИБИ
ВРЕМЕ ЗА СОНУВАЊЕ
ОДАМ НА ЛОВ
АНТИГОНА
ГРЕШНИТЕ СЕ УТЕШИЈА
ЗАСПАНИОТ ДЕДО МРАЗ

1992 година

УТЕШЕНИЕ ГРЕШНИМ
ЕЛЕКТРА
ЏИНОТ И СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА

1991 година

БРАЧНИ ПОНУДИ
КРЧМА НА ПАТОТ ЗА ЈЕВРОПА
АХ, ТАТКО, ТЕШКО МИ Е ЗНАЈТЕ ОД ВОЈНИТЕ ШТО ГИ ПРАЈТЕ или ШАМОКЛО И АВГУСТИНА
НАЖАЛЕНА ФАМИЛИЈА

1990 година

ПРЕЧИСТУВАЊЕ
ЦАРСКИОТ ПАЖ

1989 година

ПОСЛЕДНИОТ БАЛКАНСКИ ВАМПИР
НА СЕЧИЛО
КРИСТАЛНО СРЦЕ
ШУАБИ АП

1988 година

СМРТТА НА ТАРЕЛКИН
БОЛНИЦА НА КРАЈОТ ОД УМОТ
ВУЈКО ВАЊА

1987 година

ЖЕНИДБА
ДОН ЖУАН
ХАМЛЕТ ОД ДОЛНО ДИВЈАЦИ

1986  година

КРАЛ ИБИ
ПАНУРГИЕ

1985 година

КОБНОТО ТРКАЛЦЕ
БУМЕРАНГ

1984 година

ПЕШ
КУКАВИЧИНО ЈАЈЦЕ
СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ

1983 година

РАСКОЛНИКОТ ОД ХЕТИИМ/ЏИНОТ
СЛУГА НА ДВАЈЦА ГОСПОДАРИ
ГРОФ МИЛИВОЈ

1982 година

ЗЛОСТОРСТВО И КАЗНА

1981 година

ЦАР ТРОЈАН
МЛАДОСТА ПРЕД СУД

1980 година

ЧОРБАЏИ ТЕОДОС
СУД

1979 година

… И ТАКА ЈА ПОВИКАА ТАЈНАТА
КОЈ ЌЕ ГО СПАСИ ОРАЧОТ

1978 година

ЦРНИЛА
СТАПИЦА ЗА БЕСПОМОШЕН ЧОВЕК

1977 година

МЕДЕЈА

1976 година

ВЕЈКА НА ВЕТРОТ
СВАДБА

1975 година

ВРАЌАЊЕ

1973 година

АЛ БИГОРИИ
ДОН ЖУАН ВО ПЕКОЛОТ
АХ ДОБОГА, МИСТЕР ДРИНК, СМИРЕТЕ СЕ

1972 година

ЦАР ТРОЈАН
ЈАЗОВЕЦ ПРЕД СУД

1971 година

СИНА РУЖА ЗА ПРИНЦЕЗАТА
ФИЛОКТЕТ
СТРАДАЊАТА НА Г-НОТ МОКИНПОТ
СЕРДАРОТ
СКИЦА ЗА ГОБЛЕН СО ПАЛЈАЧИ

1970 година

КРАЛОТ УМИРА

1969 година

ПТИЦИ БЕЗ ЈАТО
ОДАМ НА ЛОВ
ВАРИЈАЦИИ НА ТЕМИ
ЈАЗЛИ

1968 година

ЗАБАВА
ЗООЛОШКА ПРИКАЗНА
КИР ЈАЊА
ГУЛИВЕР МЕЃУ КУКЛИТЕ

1967 година

КРАЈ НА ИГРАТА

1966 година

СЛУЖБЕН ПАТ
ИГРА НА ЉУБОВТА И НА СЛУЧАЈОТ

1965 година

СТАПИЦА ЗА БЕСПОМОШЕН ЧОВЕК
ПРИМЕРЕН МАЖ
КОШТАНА
ЗАД БОЖЈИОТ ГРБ
СВЕТЛАНА ЈА БАРА СРЕЌАТА
ЧЕКАЈЌИ ГО ГОДО
ЛЕГЕНДА ЗА РАЦИН
ОГНЕНА ЛАМЈА

1964 година

ПОГЛЕД ОД МОСТОТ
ЗОНА ЗАМФИРОВА
БАРОНОТ МИНХАУЗЕН
БОГОМИЛСКА БАЛАДА
ПОКОЈНИК
СТАРЕЦОТ КЛИМОЕ
НАШИОТ РЕВИЗОР
МАНДРАГОЛА
`РТОТ НА ДОБРА НАДЕЖ
БОРЈАНА

1963 година

ШЕГА СО СТАНЕЦ ТИРЕНА
ЗА ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ОД АЛТОНА
СИНО И ЦРВЕНО ВО ВИНОЖИТО
ЛУСИ КРАУН
ВЛАСТ
СВЕКРВА
ВОЛШЕБНА ПЕСНА
КУЛА ВАВИЛОНСКА
ВОЛШЕБНО КИЛИМЧЕ
КАРОЛ
НА МОРСКАТА ШИР
СИ ГИ ЗГРЕШИЈА МАЖИТЕ

1962 година

ДВА ЦВАНЦИКА
АЈША
ОЛИВЕР ТВИСТ
ТРИ ЛУДИ ДЕНА
РИБАРСКИ КАРАНИЦИ
УЛИЧНИ МУЗИКАНТИ
ГЕНОВЕВА
КЕКЕЦ
ВУК БУБАЛО

1961 година

СКРОТЕНАТА БЕС
НА КРАЈОТ НА ПАТОТ
ПАРИТЕ СЕ ОТЕПУВАЧКА
КОНКУРС
ЛЕКЦИЈА
АЛЕКСАНДРА
КУКЛАТА НА МАЛАТА КОЗЕТА
КОГА Е ЖЕНАТА НЕМА
СВАДБЕНО ПАТУВАЊЕ БЕЗ МЛАДОЖЕНЕЦ

1960 година

Д-Р
ЛИСИЦАТА И ГРОЗЈЕТО
НАШИТЕ ДРАГИ ДЕЦА
ИВКОВА СЛАВА
КАМЕНО СРЦЕ
МОРАЛОТ НА ГОСПОЃАТА ДУЛСКА
ГОСПОДАР НА СВОЕТО ТЕЛО
СКРЖАВЕЦ
ЖОРЖ ДАНДЕН
ВО ПОТРАГА НА РАДОСТА

1959 година

ЧОВЕКОТ ОД МАРС
МАЛИТЕ ПТИЧАРИ
ПРЕЖИВЕАЛИЦИТЕ НА НИКОЛЕТИНА БУРСАЌ
СТУДЕН ТУШ
ОДМАЗДА
ЛОГАРИТМИ И ЉУБОВ
ДРВЕНА ЧИНИЈА

1958 година

БЛУДНИЦА ДОСТОЈНА ЗА ПОЧИТ
ЧИЧО ТОМОВАТА КОЛИБА
ЃАВОЛШТИНИТЕ НА СКАПЕН
БОГ ДА ЈА ПРОСТИ ТЕТКА
МЛАДОСТА ПРЕД СУД
ДА НЕ ПОМИНАЛ ОТТУКА МЛАД ЧОВЕК
СОСТАНАРКА
ИНТРИГА И ЉУБОВ

1957 година

ДОСЕТЛИВА ДЕВОЈКА
ЧУДНО ПАТУВАЊЕ
ВЕЈКА НА ВЕТРОТ
ШКОЛА ЗА ЖЕНИ
РАСЦВЕТАН ЈАСМИН
СЛУГА НА ДВАЈЦА ГОСПОДАРИ

1956 година

МОНСЕРАТ
МАНДЕ (ТРИПЧЕ ОД УТОЛЧЕ)
ШАРЕНА ТОПКА
ЖЕНАЧКА И МАЖАЧКА
СО СИЛА ЛЕКАР
ЛАЖА И ПРЕЛАЖА
ЈАЗОЛ
ЛУЃЕ

1955 година

СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ
БЕЗ ВИНА ВИНОВНИ
ЖЕНА САТАНА
ВОЛШЕБНА ШУПЕЛКА
ЗАЕДНИЧКИ СТАН
ЗУЛУМЌАР
ТАКА МОРАШЕ ДА БИДЕ
БИБЕРЧЕ
МЛАДОЖЕНЕЦ ОД АМЕРИКА

1954 година

БЕСЕН ТЕОФИЛ
ЛУЃЕ БЕЗ ВИД
МРТВИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ДАНОК
ГОЛТАРИ
КОШТАНА
ПОКОНДИРЕНА ТИКВА
ВЛАСТ

1953 година

ФАМИЛИЈА БЛО
ОГНЕНА ЛАМЈА
ЗОНА ЗАМФИРОВА
БЕЛГРАД НЕКОГАШ И СЕГА
ЗЛАТНАТА РИПКА
ЧЕСТ
ГОСПОЃА МИНИСТЕРКА
НАРОДЕН ПРАТЕНИК
МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА
ДОЛГОНОГ, МЕШЛО И ДАЛЕКОГЛЕД

1952 година

МИНИСТЕРСКА КРИЗА КИРИЈА
ДВА СПРЕМА ЕДЕН
СИЛЈАН ШТРКОТ
СВОДНИЧКА
ИНСПЕКТОРОТ ДОЈДЕ
ВЛАСТ (АНАЛФАБЕТ, СВЕТСКА ВОЈНА, ЕДНА ПРЕДИЗБОРНА НОЌ)
ТОПКА ТРОПКА
УЧЕНИКОТ НА ЃАВОЛОТ
ЧОРБАЏИ ТЕОДОС
СЕЛСКА УЧИТЕЛКА

1951 година

ДЛАБОКИ КОРЕНИ
АНТИЦА
ВИСТЕНКО И ПРАВДЕНКО
ПОП КИРО И ПОП СПИРО
СВЕТ
ДОХОДНО МЕСТО

1950 година

ЧОРБАЏИ ТЕОДОС
ВТОРО ПРИШЕСТВИЕ
ОЖАЛОСТЕНА ФАМИЛИЈА
БЕГАЛКА
СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ

1948/49 година

ОБИЧЕН ЧОВЕК
ПРОТЕКЦИЈА
ПЕЧАЛБАРИ
ДЕН ЗА ОДМОР
ПРИЈАТЕЛСКО СРЦЕ

veles-2016-god

Годишна програма на Театар „Џинот“ Велес за 2016 година

Во рамките на Годишната програма на Театар „Џинот“ Велес за 2016 година, поддржана од Министерството за култура на Р. Македонија, беа реализирани 3 нови театарски продукции.
По повод Светскиот ден на театарот, 27ми март, беше реализирана премиерната изведба на првата театарска продукција „Старицата од Калкута“, работена според текст на израелскиот автор Ханок Левин, во режија на Софија Ристевска Петрушева.
Втората театарска продукција беше холандската драмска класика „Добрата надеж“ на Херман Хеијерманс, во режија на Александар Ивановски, чија премиерна изведба беше реализирана во месец септември.
Третата продукција Театар „Џинот“ Велес ја посвети на својата најмлада публика со постановката на тетарската претстава за деца „Мачорот во чизми“, работена според познатата приказна на Шарл Перо, во драматизација на Катерина Момева, а во режија на Деан Дамјановски, чија премира беше во месец октомври.
Последната продукција од Годишната програма на театарот е праизведбата на второрангираниот драмски текст од Конкурсот за отворање на новата театарска зграда „Ана Комнена“ на драмскиот автор Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев и Ненад Витанов, чија премиерна изведба е предвидена до крајот на месец јануари 2017 година.
На редовниот репертоар на Театарот беа изведени вкупно 69 претстави со вкупна посетеност на публиката од 15.275 гледачи.
Покрај тековните изведби на претставите од редовниот репертоар, Театарот имаше и повеќе успешни гостувања и фестивалски настапи.
Претставата „Спанаќ со пржени компири“ гостуваше во Театарот во Штип и во Центарот за култура во Кочани. „Класен непријател“ гостуваше во Драмскиот театар во Скопје, во Центрите за култура во Виница и Кочани, а беше изведена и во неофицијалната програма на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. „Ноќите во бел сатен“ гостуваше во Центарот за култура во Радовиш. „Федра“ настапи на театарскиот фестивал „Та-ра-ра-бумбиа“ во Благоевград, Бугарија. “Старицата од Калкута“ беше изведена во официјалната програма на МТФ “Војдан Чернодрински” и на „Скопско лето“.
На сцената на Театарот годинава беа реализирани и 87 настани на институции, организации, здруженија и поединци од областа на културата и уметноста, со вкупна посетеност на публиката од 13.449 гледачи.
Во делот на драмската програма, на сцената на театарот гостуваа: Интимен театар од Битола со „Будење на пролетта“, ФАД „Стоби“ со премиерните изведби на „Медеја“ и „Жени од подземјето“, Штипскиот театар со „Хотел ни на небо ни на земја“, Театарот „Бора Станковиќ“ од Врање со „Три сестри“, Театарот од Ниш со „Жорж Данден“, Турскиот театар со „Слуга на двајца господари“, Македонскиот народен театар со „Прекината одисеја“, монодрамата „Јане Сандански“ на актерот Петар Темелковски, Театарот „Скрб и утеха“ со „Некрстени денови“, како и испитната претстава на студентите од „ЕСРА“ од класата на проф.Мето Јовановски.
Во делот на музичката и музичко-сценската дејност беше реализрана дел од официјалната програма на Интернационалниот танцов фестивал „Танцфест“ и премиерите на Скопје Танцов Театар, гостуваше Балетот на МОБ со балетската претсава за деца „Трите Прасиња“, Танцовата компанија „Ларондина“, а беа реалиизрани и концертите на Националниот ансамбл за народни песни и игри на Македонија „Танец“, „Фолтин“, пејачките хорови од Македонија и Хрватска, КУД „Керамичар“ и Музичкото училиште од Велес.
Во делот на филмската програма на сцената на Театарот се реализираа Фестивалот на новиот германски филм, Фестивалот на дебитантски филм „Киненова“, Фестивалот на планински филм „Ехо“, а во соработка со Агенцијата за филм и повеќе филмски проекции на домашни и странски филмски остварувања.
На сцената на театарот се одржаа и годишните изданија на Интернационалниот фестивалот на античка драма „Стоби“, Фестивалот на изведбени уметности „Импакт“, како и дел од програмата на поетската манифестација „Рацинови средби“.
Во текот на 2016 година во Театар „Џинот“ Велес биле реализирани вкупно 156 настани со вкупна посетеност на публиката од 28.724 гледачи.
Театар „ЈХК-Џинот“, Велес Уметнички директор Васил Зафирчев

2017 ОСУМ ПРЕМИЕРИ, 120 ОДИГРАНИ ПРЕТСТАВИ

Сезоната 2017 Театар „Јордан Х.К-Џинот“, Велес ја заврши со 8 реализирани премиери, од кои 5 одобрени и поддржани со Националната програма за култура, 2 од сопствени средства и 1 копродукција. Во рамките на Годишната програма за работа, со поддршка на Министерството за култура на Р.Македонија беа реализирани претставите „Ана Комнена“, „Театар љубов моја“, „Песни за татковината“, „Синиот портокал“ и „Тирамису“.

Од сопствени средства Театарот ги продуцираше претставата за деца „Волшебникот од Оз“ и комедијата „Вдовицата се мажи“. Во копродукција пак со „Северно од Импакт“ беше реализирана претставата „Шумата на моето дрво“. На редовниот репертоар на театарот во 2017 година беа одиграни 120 претстави кои ги посетиле 20.000 гледачи. Театарот имаше и повеќе успешни гостувања и фестивалски настапи каде што освои и неколку награди. Во подготовка е и новата продукција на претставата „Тоалет за дами“, која театарот ја реализира од сопствени средства и чија премиера е предвидена за 26 јануари.

,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, – Годинава 33 илјади посетители 2018-та година.

Tеатар

Годинава што завршува во велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, се одиграни 158 претстави кои ги виделе 33 илјади гледачи. Ова се бројктеи со кои пред јавноста излезе театарот, како резиме за 2018-та година.

Во текот на 2018 година реализирани се вкупно осум  премиерни изведби од кои четири финансиски поддржани од Министерството за култура а четири сопствени.

На сцената на театарот премиерно беа прикажани претставите „Тоалет за дами“, „Кралските копилиња“,„Лисистрата“, „Елешник“,„Сомнително лице“ и  детските  „Златната рипка“,„Заспаниот супер-херој“ и „Снешка смешка и Тео текнувало го спасуваат Дедо Мраз“.

Покрај новите премиери, на репертоарот на театарот се изведуваа и претставите „Вдовицата се мажи“, „Синиот портокал“, „Театар љубов моја“„Волшебникот од Оз“ и „Шумата на моето дрво“.

Театарот може да се пофали  што годинава  имал и 20 успешни гостувања во земјава и странство, Јужна Кореја, Романија, Софија, Загреб,Москва фестивалски настапи во земјава, а од Москва со претставата ,,Вдовицата се мажи,, се врати и со награди. Најмногу играна е ,,Тоалет за дами,, со 28 одиграни претстави.

Годинава велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, имаше голем јубилеј 70 години постоење, но за жал оваа годишнина не беше одбележана.  Неодамна поставениот в.д директор  Александар Ивановски, прашан на прес дали и како ќе го одбележи јубилејот, кратко кажа дека  имал премалку време за ,,достојно да ја одбележи годишнината,, тоа требало да го стори претходниот директор.

Народен театар „Војдан Чернодрински” Прилеп

Завесата на Театарот првпат се кренала на 18 февруари 1950 година со изведбата на претставата “Кир Јања” од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Првите актери кои несебично ,, гореле, на сцената биле Рампо Ачески, Борка Димкароски, Благоја Кепески, Борка Солески, Блага Алампиоска, Блага Батаклиева, Рада Смилеска, Маре Русеска, Владо Спиркоски, Аце Михајлоски, Нада Галеска, Цане Настоски, Димче Шилоски. После доаѓаат и Димче Гешоски и Кирил Жежоски…

Актерите, вооружени со елан, самопожртвување и творечки занес го покренаа “плугот да ја ораат театарска ледина”, уверени дека ангажманот ќе даде плод. Така и би. Низ годините се ределе премиерите еднаподруга, се нижеле успесите и падовите на Театарот. Колективот се збогатувал со искуство во катадневната пракса.

Денес израсна во Ансамбл со врвни актерски имиња. Но, и млади актери кои допрва доаѓаат и ќе покажат што знаат и умеат.

Во досегашниот од, од 62 години, Театарот ,, Војдан Чернодрински,, прикажал над 350 премиери, изиграл над 7000 претстави кои ги гледале над 1, 5 милиони луѓе. Најгледаната и најиграна, изведена стопати, е “Солунски патрдии” од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски.

Голем успех постигнаа  и претставите “Силјан Штркот” според Цепенков, во режија на Бранко Ставрев, потоа “Кумови”, Собирен центар”, “Туѓо сакаме свое не даваме”, “Колобан”, “Молам за секс”, “На два стола”. ..

Белег во повеќедеценискот растеж на Театарот дале и претставите “Спиро Црне” од Б.Р. Платнар во режија на Владимир Милчин, “Колобан” од Блаже Алексоски во режија на Љубиша Георгиески, “Арсениј” од Б.Р. Платнар, “Полковникот птица” од Христо Бојчев и “Опера за три гроша” од Брехт и двете во режија на Владо Цветановски.

Во досегашната историја, претстава која најмногу го сврте вниманието не само на македонската, туку и на балканската публика е “Тапани во ноќта” од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, која се крена до димензии на бренд на македонскиот театар. Со ,, Тапаните..,, театарот освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-то издание на МТФ ,, Војдан Чернодрински,,. Не помалку наградувана е ,,Кавкаскиот круг со креда,, која во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот ЕХ Понто во Љубљана, Словенија.

Театарот во земјава го има приматот на куќа во која се даваат праизведби на текстови од македонски драмски автори. Тука за првпат се поставени текстовите на Коле Чашуле, Томе Арсовски, Благоја Ристески – Платнар, Трајче Крстески, Петар Петрески…

Театарот работи во состав на ЦК “Марко Цепенков. Ансамблот брои 20 актери од кои дел се хонорарно ангажирани. Се:

 Најдо Тодески Цветанка Чавлеска  Андон Јованоски 
 Марјан Чакмакоски Виолета Чакарова  Игор Трпчески 
Владимир Ѓорѓијоски Марија Спиркоска – Илијеска  Наташа Наумоска 
 Зоран Иваноски Даниела Иваноска  Димитар Црцороски 
Јасмина Мицковска – Станкоска  Димитар Ѓорѓиевски  Александар Тодески 
Катерина Чакмакоска Александар Степанулески Кирил Петрески – режисер
Михајло Миленкоски  Ангела Наумоска  Никола Настоски
Мартин Кочоски – режисер Лидија Митоска – Ѓоргиовска – драматург Ивана Нелковска – драматург
Кристина Димитрова – режисер    

 

Награди – Театарот, освен низ Македонија, во Дебар, Виница, Скопје, Радовиш, Струмица, Битола,  Куманово на ,,Денови на комедијата,, имаше и гостувања во странство, во Словенија и во Германија, каде се освоија значајни награди и признанија.

Претставата,, Кавкаскиот круг со креда,, од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, европската театарска асоцијација НЕТА ја прогласи за најдобра, по учеството на фестивалот,, Ристо Шишков,,.

Од НЕТА беа освоени наградите:
За најдобра претстава ,
заедничка колективна игра на актерската екипа и
за музиката на групата ,,Фолтин,,.

 

Театарот ,,Војдан Чернодрински,, со ,, Кавкаскиот круг со креда,,  во септември настапи и на престижниот театарски фестивал Екс Понто во Љубљана, Словенија,  како единствен театар од Македонија кој досега двапати имал можност да биде дел од овој фестивал. И таму беше освоена публиката.

Претставата беше ПРОГЛАСЕНА за НАЈДОБРА на Екс Понто.

Театарот, по изведбата на ,, Кавкаскиот круг со креда,,  воедно  ја доби поканата во 2012 годинада учествува на значајниот театарски  фестивал МЕСС во Сараево.

Наградите за театарот се потврда за квалитетот на претставите, но и на Ансамблот и поттик за натамошна плодна работа.

Претставата ,,Антица,, од Крле, во режија на Бранко Брезовец, во ноември беше прикажана на реномираниот европски фестивал за современ театар и танц во Лајпциг, Германија. Германската публика беше воодоошевена од претставата која двапати беше прикажана во рамките на фестивалот, а играта на актерите беше наградена со долготраен аплауз.

65 ГОДИНИ ПРИЛЕПСКИ ТЕАТАР

Прилеп ги даде Нада Гешоска, Димче Гешоски, Илија Џувалековски…

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински” денеска одбележува 65 години постоење. И тоа на најубав начин, велат во ансамблот на театарот – со 100-та изведба на комедијата „Од кол на кол” на Реј Куни, во режија на Коле Ангеловски. Ова е доволен повод за разговор со раководителот на Прилепскиот театар Стојан Дамчески и со директорот на Центарот за култура „Марко Цепенков” Тони Чатлески под чија „капа” театарот е од 2004 година

Дамчески е 30 години во театарот и уште десет години претходно како аматер, и сите години ја следи развојната линија на прилепската театарска култура. Со Дамчески разговараме за развојот, „златната доба” на Театарот, за успесите, желбите и проблемите.

Што да се каже кога се говори за почетоците на прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински” пред 65 години?

Далечна 1950 година на 18 февруари првпат била крената завесата на овој професионален театар со претставата „Кир Јања” на Јован Стерија Поповиќ во режија на Аце Михајлоски. Почетоците датираат од есента 1949 кога на тогашното градско собрание во Прилеп била донесена одлуката да се формира Театарот. Тогашното драмско аматерско друштво при Тутунскиот комбинат и големиот дел од членовите – актери-аматери, влегле во новиот театар и се дел од првата постава, првите зачетоци и корени на професионалниот театар во Прилеп. Тие актери првпат професионално ја одиграле претставата „Кир Јања”. Се работело на ентузијазам. Мора да се каже дека драмското живеење во Прилеп влече корени уште од педесеттите години на 19 век. Се споменува и познатата „Соколана” во Прилеп, каде што се играле аматерски претстави, раскажува Дамчески.

Прилеп дал многу познати актерски и воопшто, театарски имиња!

Точно. Во педесеттите години следува период кога се појавуваат актери од типот на Нада Гешоска, Димче Гешоски, Илија Џувалековски, Олга Наумоска. Еден период директор е и Мирко Стефановски. Тој период кога Стефановски е директор, околу 1955 до 1960 година, се смета за „златните години” на прилепскиот театар. Прилеп бил расадник на талентирани актери. Голем дел од нив заминуваат во Скопје, а Театарот „Војдан Чернодрински” го оформува својот ансамбл.

Развојната линија имала осцилации?

Тие се појавиле 70-тите години на минатиот век, бидејќи немало подмладок во актерската екипа. Тоа навистина долго трае. Сега, од оваа дистанца, слободно може да се каже дека последните 6-7 години, прилепскиот театар доживува ренесанса.

Главно, поради подмладената екипа?

Благодарение на нашите заложби, зашто пративме многу млади талентирани луѓе на ФДУ во Скопје, на слухот на Министерството за култура, ги отворивме вратите за аматеризмот, во моментов имаме 15-16 млади дипломирани актери, а уште шест веќе студираат, и сега може да се каже дека прилепскиот ансамбл е актерски екипиран. Но, остануваат другите проблеми кои го мачат театарот. пред се, стариот објект.

Каква е сегашната екипираност? И кога всушност почна „новото златно доба” за прилепскиот театар?

Не дека е ново златно доба на прилепскиот театар, но претставите, актерите го прават развојот, театарскиот имиџ. Добрата претстава сите работи ги покрива.

Тоа ли е формулата за успехот?

Се согласувам со тоа. Почнувајќи од 90-тите години на минатиот век, кога се подготвуваше и се играше претставата „Спиро Црне”, па претставите „Арсениј”, „Колобан” и потоа кога дојде Мартин Кочовски да режира работејќи ги драмите на Брехт („Тапани во ноќта”, „Кавкаски круг со креда” „Добриот војник Швејк од Втората светска војна”) со гостувањата на меѓународен план („Тапани во ноќта” на Југословенско драмско позориште во Белград на „Експонто” во Љубљана, на МЕСС во Сараево, каде што победи 2008 година, а потоа и на фестивалот „Војдан Чернодрински” во Прилеп, како што победи и „Кавкаски круг со креда”). Сето тоа се огромни успеси. Не се памети на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински” еден театар во четири години да победи три пати. Тоа се случи со прилепскиот театар.

За екипираноста?

Сега се 19 актери, машки и женски, и мислам дека имаме врвен квалитет на остварувања. Сосема доволно за еден професионален ансамбл.

Што покажуваат бројките на одиграни претстави во овие шест и пол децении постоење и бројот на публиката која ги гледала претставите?

Бројот на премиери на претстави се движи над 360, одиграни се над 6500 претстави. Секоја година имало барем по 100 претстави со преку еден и пол милион публика сите овие години. Не ги сметаме гледачите при гостувањата.

На јубилејот ја играте и стотата претстава на комедијата „Од кол на кол” од Реј Куни во режија на Коле Ангеловски. Би рекле, убаво одбележување на 65-те години. Оваа е втора покрај „Солунски патрдии”, која е играна барем 100 пати?

Така е. Имаме две „стотки” за две претстави со еден режисер. Навистина е задоволство да се потврди тоа. Стотата претстава на „Солунски патрдии” беше за одбележување на 40-годишнината на театарот. Има и интересен податок. Целата актерска екипа од комедијата „Од кол на кол” играше и во „Солунски патрдии”. Ова значи дека се водела добра репертоарска политика. „Од кол на кол” се играше преку шест, а „Солунски патрдии” преку десет години за да се стигне до стотата изведба. Секогаш за успех се пресудни актерската екипа и добро избраниот текст. И мора да се каже за успехот на прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински” е пресудна добрата актерска екипа и публиката која ја прифаќа претставата и таа живее со години.

Единствена „болка” на Театарот е што нема нова зграда?

Се уште се користи првата стара зграда, некогашното кино на Напевци. Правени се мали, симболични адаптирања, но отсекогаш бил проблемот со просторот и потребата од нова театарска зграда.

Ќе се реши ли тоа? Министерството за култура еден период покажа слух?

И на Прилеп му треба темелно решавање на проблемот со театарска куќа, како што неодамна тоа го реши Велес. Веројатно останува како прва задача за новите генерации во театарот и за „градските татковци” да го решат проблемот со просторот и со новата театарска зграда. Имаше најави да се адаптира простор во Домот на културата „Марко Цепенков”, но мислам дека тоа не е решение. Таа зграда на Домот на културата архитектонски не одговара за нов театар. Иако административно сме заедно со Центарот за култура, сепак претставите се играат во постојната театарска зграда. На Прилеп му треба посебна театарска куќа. Не е важно каде. Може и на местото на постојната стара зграда.

Во разговорот го вклучуваме и директорот на Центарот за култура „Марко Цепенков” во Прилеп, Тони Чатлески, под чија капа од 2004 година е прилепскиот театарски ансамбл. За Чатлески ова се јубилеи за почит, а развојот на прилепскиот театар го гледа во заедништвото со Центарот за култура.

Идејата за нов простор за прилепскиот народен театар во склопот на Домот на културата „Марко Цепенков” е добра. Сега имаме одлична екипа, имаме огромни успеси на домашен и меѓународен план и недостасува адаптација на нов театарски простор. Се надеваме дека наскоро и тоа ќе ни се оствари, заклучува Чатлески.

  • 2018

Tеатарот „Војдан Чернодрински“  Прилеп

Со изведбата на веќе култната претстава „Од кол на кол“ во режија на Коле Ангеловски, театарот „Војдан Чернодрински“ во понеделник  19.02.2018 ќе одбележи 68 години  од формирањето. Публиката повторно ќе може да ужива во оваа најгледана претстава одиграна 115 пати и која  десет години е на репертоарот и за која се уште се бараат  карти повеќе. Ова е втора најгледана претстава во историјата на театарот веднаш по „Солунски патрдии“. Моментно на репертоарот се три претстави „Клетници“ од Виктор Иго, во режија на Мартин Кочовски, „Ништо без Трифолио“ од Р. Богдановски, во режија на Коле Ангеловски и “Хроника на еден сон“ од Ивана Нелковска, во режија на Ивана Ангеловска.

Завесата на Театарот првпат се кренала на 18 февруари 1950 година со изведбата на претставата “Кир Јања” од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Премиерите низ годините се ределе, се нижеле успесите. Колективот се збогатувал со искуство во катадневната пракса. Денес израсна во Ансамбл со актерски имиња кои покажуваат дека знаат и умеат да „согорат“ на сцената.

Во досегашното постоење Театарот ,, Војдан Чернодрински,, прикажал над 370 премиери, изиграл над 7500 претстави кои ги гледале над 1,6 милиони луѓе.

Театарот најголемите успеси ги постигна со претставата „Тапани во ноќта“ од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, која се крена до димензии на бренд на македонскиот театар. Со ,, Тапаните..,, театарот освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-то издание на МТФ ,, Војдан Чернодрински,,. Не помалку наградувана е ,,Кавкаскиот круг со креда,, која во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот ЕХ Понто во Љубљана, Словенија.

Голем успех досега постигнаа  и претставите “Силјан Штркот” “Кумови”, Собирен центар”, “Туѓо сакаме свое не даваме”, “Молам за секс“, “Спиро Црне” “Колобан” “Арсениј” ,“Полковникот птица” , “Опера за три гроша” од Брехт и др.

Театарот  во земјава се уште го има приматот на куќа во која се даваат праизведби на текстови од македонски драмски автори. Ансамблот брои 18 актери.

 

Народен театар Битола

 

14 ноември 1944 – симболично формирање на професионален театар во Битола

На сцената на градскиот театар, дел од членовите на партизанската културно-просветна група „Кочо Рацин“ ја играат агитката на Владо Малески „Петтоимениот Ѓоре“. Претставата ја режира нејзиниот протагонист, исполнител на насловната ролја Димче Стефановски. Оваа дата се смета за дата на формирање на денешниот Народен театар Битола.
bitola_teatar_pomegju

НУ – Народен театар Битола својата прва претстава на македонски јазик ја имаше на 14 Ноември 1944 година.

Се работи за претставата ” Ѓоре Магаревски ” во режија на Димче Стефановски. Во својата 72 годишна историја на сцената на Битолскиот театар се поставени 523 премиери, што би се реколо во бројки секој 45 ден од годината имало премиера.

На сцената на НТ Битола се исиграни 11.627 претстави кои биле посетени од 2.921.874 гледачи. Народен театар Битола е носитл на најмногу Гран – При и други награди на театарски фестивали.

Војдан Чернодрински во Прилеп и актерите на овој театар се едни најбројните наградувани на овој фестивал, исто така имаме и лауреати на фестивалот на камерна драма Ристо Шишков.

Ден 12 март 1952 година во битолскиот Народен театар се одржа првата дипломска претстава во Македонија, со која Димитрие Османли, тогашен студент на белградската Театарска академија ја одржа премиерата на комедијата „Ѓаволштините на Скапен” од Молиер…

Димитрие Османли со оваа претстава го положи високообразовниот испит по режија со одличен успех. Со тоа Османли стана првиот македонски димпломиран, воедно театарски и филмски, режисер.

Со тој академски старт токму во Битолскиот театар започна една богата театарска и мултимедијална режисерска биографија на творецот кој како дел од основачката генерација на високобразовната институција, стана и прв декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Почина во Скопје на 13 март 2006 година.

2016 година

ОДБЕЛЕЖАНИ 72 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО Битолскиот театар годинава со рекорден број на премиера

Во изминатите 7 години, на сцената на Народниот театар во Битола се одиграа близу 1.300 претстави, од кои 42 премиерни изведби, 21 гостување во некои од најважните театарски куќи во светот, а сето она што го создаваа актерите од овој театар го погледнаа околу 140.000 посетители. Аргументите ми дозволуваат да забележам дека оваа 2016 година, за Народниот театар од Битола беше една од најуспешните театарски години во историјата на оваа наша национална установа. Со поддршка на Министерството за култура, но и од сопствени средства, Битолскиот театар оваа година реализираше рекорден број на премиерни изведби на претстави, дури девет, од кои две претстави беа во копродукција со театри од Руската Федерација и САД. Бројката на повеќе од 20.000 посетители само за оваа година.

Крајот на 2016 година

Битолскиот театар се одбележува со нови почетоци, поточно со подготовка на две нови претстави “Грилпарцер во сексшоп” и “Смислата на животот”.

Оваа 2016 година е една од најуспешните за Битолскиот театар со оглед дека беа реализирани 9 нови проекти, беа одиграни 293 претстави, се реализираа 4 меѓународни гостувања, претстави од театарот учествуваа речиси на сите фестивали во земјава, а на последното издание на фестивалот “Војдан Чернодрински” во Прилеп, театарот беше апсолутен победник со Гран-при за претставата “Кралски игри” како и награди за актерско остварување, сценографија и режија.

2017 годи за в.д директор е избран Иван Јерчиќ

2017

Реализирани проекти на НУ Народен театар Битола во сезоната 2017 финансирани од Министерството за култура на Р. Македонија:

  • „Смислата на животот„ од Идо Нетанјаху, во режија на Благој Мицевски 28.02.2017
  • “Дон Жуан„ од Молиер, режија на Андреј Цветановски 15.05.2017
  • „Сон на летната ноќ„ од В.Шекспир, режија: Џон Блондел 05.08.2017 –премиера на Охридско лето
  • „Крвави свадби„ од Ф.Г.Лорка , режија: Љупчо Ѓоргиевски 14.11.23017

Проекти реализирани од сопствени средства

  • „ Грилпарцер во секс шоп„ од Питер Турини во режија на Јован Ристовски 14. 03.2017
  • „ Пијани„ на Иван Вирипаев, во режија на Марјан Ѓорѓиевски 23.03.2017
  • „ Дупло дно„ од Горан Стефановски во режија на Ангелчо Илиевски 01,04.2017
  • „ Грета од Фауст „ на Луц Хибнер во режија на Димче Николовски 21.05.2017
  • „ Шекспир колаж „ колаж од претстави на НУ Народен театар Битола во режија на Благој Мицевски 21.06.2017

– Репризни претстави

1 „ Без паника „ од Мика Мулуахо режија: Благој Мицевски

2. „ Отело „ од Шекспир режија : Диего Де Бреа

3. „ Кокошка „ од Николај Кољада , режија : Марјан Ѓеоргиевски

4. „ Антоние и Клеопатра „ од Шекспир во режија на Џон Блондел

5. „ Метаморфози„ авторска претстава на Лилија Абаџиева , режија : Лилија Абаџиева

6. „ Последната ноќ„ од Ингмар Вилквист , реѓија : Андреј Цветановски

7. „ Кралски игри„од Григориј Горин во режија на Љупчо Ѓоргиевски

9. „Сонети „ од В. Шекспир во режија на Ангелчо илиевски и Јован Ристовски

10. „ Злосторство и казна „ од Достоевски во режија на Диего Де Бреа

12. „Трагичната љубов на една луда девојка„ од Јукио Мишима во режија на Благој Мицевски

13. „Shakespeare 4ever„ –музичко сценски перформанс

14. „ Бар –Ремарк„ од ремарк во режија на Александр Баргман

15. „ Доктор Фауст„ од Кристофер Марлоу режија на Андраш Урбан

Број на одиграни претстави по наслови во 2017

Реден број НАСЛОВ НА ПРЕТСТАВИТЕ БРОЈ НА ПРЕТСТАВИ

1. Без паника 10;  2. Отело 3;   3 Кокошка 9;  4 Антоние и Клеопатра 2;

5. Метаморфози 6;   6. Последната ноќ 5;  7. Краслки игри 9; 8. Сонети 2;

9. Злосторство и казна 6 ; 10. Трагичната љубов на една луда девојка 13;

11. Shakespeare 4ever 3;  12. Бар –Ремарк 10;  13. Доктор Фауст 11;

14. Грилпарцер во секс шоп 18;   15. Пијани 18;  16. Дупло дно 9;

17. Грета од Фауст 8;     18. Шекспир колаж 1;   19. Смислата на животот 15;

20. Дон Жуан 6;   21. Сонот на летната ноќ 8 ; 22. Крвави свадби 7;

23. Гостување од други театари 16

ВКУПНО 195

Број на претстави

а) по месеци

Јануари 14; Февруари 21; Март 18; Април 18; Мај 19; Јуни 22; Јули 12

Август 1; Септември 12; Октомври 20; Ноември 19; Декември 19

—————————————————-   Вкупно: 195

Број на публика по месеци:

Јануари 650; Февруари 1 930; ;Март 2 725; Април 1 730; Мај 2 210

Јуни 2 670; Јули 1935; Август 400; Септември 1800; Октомври 3055

Ноември 3485; Декември 2325;

————————————————-    Вкупно: 24.915

Гостувања на НУ Народен театар Битола во 2017

1 . “Shakespeare 4 ever „ 17.04.2017 –Санкт Петербург -Русија

2. „ Дупло дно „ 08.05.2017 –ИФМ –Битола 2017

3. „ Без паника „ -26.05.217 –Денови на македонскла култура –Торонто-Канада

4. „ Злосторство и казна „-МТФ „В.Чернодрински„ –Прилеп 11.06.2017

5. „ Смислата на животот „ на МТФ „В.Чернодрински„ –Прилеп 14.06.2017

6. „ Сон на летната ноќ „ –Охридско лето 2017 05.08.2017

7. „ Отело „ на МИТ Фест во Цетиње – Црна Гора 22.09.2017

8. „ Трагичната љубов на една луда девојка „ на МИТ Фест Цетиње-Црна Гора 23.09.2017

9. „ Доктор Фауст „ МОТ Скопје 01.10.2017

10. „ Дупло дно „ Интерфест 2017 –Битола 03.10.2017

11. „ Пијани „ на денови на комедијата –Куманово 04.10.2017

12. „ Shakespeare 4 ever„ учество на АККО фестивал во Акре –Израел 08 и 09 10.2017

13. „ Последната ноќ „ гостување во Охрид на 28.10 2017

14. „ Пијани „ гостување во Ресен на 27.12.2017

Петре Прличко 1907 – 1995 година

 

 

 

На ден, 13 март 1907 година во Велес е роден Петре Прличко, доајен и еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер…

petre_4

Петре Прличко (Велес, 13 март 1907Скопје, 16 ноември 1995) — истакнат македонски глумец во повеќе филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации. Сам по себе претставува вистинска легенда и завзема голем удел во македонското глумиште во XX век.

И покрај тоа што бил запишан во гимназија, Петре Прличко не останал долго време таму. Во 1923 година ја напушта гимназијата и се приклучува кон патувачката група на Михајло Лазиќ. Откако прошетал низ неколку театарски дружини, во 1931 година, охрабрен од начинот на кој го примила публиката, тој основа свој сопствен театар „Боем“.

ed407f2a6561b94c9877f7f83706b1de

Од 1939 г. членувал во Народниот театар во Скопје, па од 1944 г. во партизанскиот театар „Кочо Рацин“ кој подоцна прераснува во Македонскиот народен театар. Токму тука неговиот талент блеснува во полн сјај и тој станува најзначајната личност на македонската сцена во тоа време. Во меѓувреме го испробува својот талент и како театарски режисер.

Со филмот „Фросина“ (1952) тој го доживува своето филмско деби. Со своите импресивни комични трансформации и изведби на улоги на „човек од народот“ го истакнува својот посебен уметнички сензибилитет, на ниво на кое може да му завидат многу други наши актери.

petre_5

Добитник е на многу награди и признанија, меѓу кои наградите: АВНОЈ, „11 Октомври“, „Бранко Гавела“, Орден за заслуга (доделен од Георги Димитров) и други.

Во една прилика Петре Прличко изјави дека сепак ако мора да избере една улога како најдрага тоа секако ќе биде „Манданата“ т.е. неговиот лик во филмот „Мис Стон“, за која ја доби и наградата „Златна арена“.

misston

Од неодамна востановена е награда за животно дело „Петре Прличко“ која се доделува на актер од средната генерација и таа се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и соодветна парична награда.

Во 2004 година Јелена Лужина објавила монографија за Петре Прличко, во издание на „Магор“.

petreprlicko

Награди

  • 1959 Пула — „Златна арена“ за главна машка улога во филмот „Мис Стон“
  • 1991 Ниш — награда „Славица“ за животно дело.

32285

Филмографија

Година Филм Улога Белешка
1949 Мајка Катина Ловет
1952 Фросина Кузман (главна улога)
1955 Волчја ноќ Паун(главна улога)
1958 Мис Стон Мандана
1959 Виза на злото Кузман (главна улога)
1960 Капетанот Леши Сок (споредна улога)
1961 Мирно лето Стрико Тале(главна улога)
1961 Парче плаво небо Дедо Филип
1961 Солунските атентатори Никола Попов(главна улога)
1961 Твојот роденден Домарот(главна улога)
1962 Пресметка
1964 Народен пратеник Јеврем Прокиќ
1964 Марш на Дрину Трајко
1965 Не се враќај по истиот пат Кирил
1965 Денови на искушение Фезлиев (главна улога)
1966 До победата и по неа
1967 Каде по дождот  ?(споредна улога)
1967 Македонска крвава свадба Мојсо(главна улога)
1967 Мементо Коле(главна улога)
1968 Планината на гневот Моне(главна улога)
1968 Братот на доктор Хомер Лекарот
1969 Републиката во пламен Дојчин(главна улога)
1971 Жед Дедото(споредна улога)
1971 Македонски дел од пеколот Лоце(главна улога)
1974 Капетанот Микула Мали Дида
1974 Ужичка Република Пекарот
1978 Златни години Берберот
1978 Курирот на Гоце
1980 Време, води Ламбе Футак(главна улога)
1982 Илинден
1987 Ѕвездите на 42-та Дедото
1988 Тврдокорни
1990 До, ре, ми
1993 Бог да ги убие шпионите
1999 Време, живот

hqdefault-3

Прличко припадник на првата генерација современи македонски театарски и филмски дејци. Сиот богат творечки живот го вгради во драмското творештво.

До крајот на животот живееше од и со македонското театарско, филмско, радиодрамско и телевизиско творештво, оставајќи зад себе многубројни главни улоги.

pp

Умре во Скопје, на 16 ноември 1995 година.

100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ПЕТРЕ ПРЛИЧКО


Одбележувањето на 100 години од раѓањето на Петре Прличко, легендата на македонскиот театар, започнува денес во Велес, родниот град на актерот. По повод 100 годишнината од раѓањето, 2007 во Македонија е прогласена за Година на актерот Петре Прличко.

По овој повод, во Паркот на културата во центарот на Велес, непосредно до локацијата на која ќе се гради новиот објект на Народниот театар, ќе биде откриена спомен биста на овој корифеј на македонското и балканското глумиште.

Бистата е дело на академик Томе Серафимовски, а по нејзиното откривање е закажана и свеченост посветена на Петре Прличко во Општината на град Велес, на која ќе говорат градоначалникот Аце Коцевски, театарологот др Јелена Лужина и Илинденка Петрушевска, филмски критичар.

Годинава со повеќе манифестации ќе се одбележува еден век од раѓањето на Петре Прличко. Во рамките на тоа во петок во Македонскиот народен театар ќе се одржи премиерата на „Сомнително лице“ од Нушиќ, во која Петре Прличко ја одигра својата најистакната улога – Јеротије Пантиќ.

На 13 март се навршуваат 100 години од раѓањето на легендата на македонското глумиште Петре Прличко (13 март 1907 Велес-16 ноември 1995 Скопје).

По повод 100 годишнината од раѓањето 2007. во Македонија е прогласена за Година на актерот Петре Прличко. Во фоајето на Македонскиот народен театар во Скопје, во кој Прличко помина најголем дел од својот творечки ангажман, на 17 март исто ќе биде откриена биста на Прличко. И таа е дело и донација на академик Томе Серафимовски.

Истиот ден е закажана премиерата на Нушиќевото „Сомнително лице“ во режија на Синиша Ефтимов. Ликот на Јеротие Пантиќ во оваа претстава Прличко го играше полни 43 години. Тоа е една од неговите незаборавни креации со кои влезе во легендата.

Петре Прличко, последниот балкански скомрах, го напушти родниот Велес на 15/16 годишна возраст и тргна во својата театарска авантура – долга речиси 67 години континуиран актерски стаж: најнапред како патувачки актер, па актер и сопствениот на Патувачкиот театар „Боем“, а од 1945 година е член (едно време и директор) на Македонскиот народен театар; режираше и играше во разни трупи и професионални театри во Македонија и на сцените на некогашна Југославија.

Со својата голема професионална и лична кондиција и непресушен „елан витал“, како комбинација на ентузијазам, хедонизам и талент, боемот, фантаст и идеалист Прличко, оствари незаборавни остварувања во театарот, на филмот, телевизијата, радиото…

Прличко одигра педесетина ролји во патувачките театри; петнаесеттина (можеби и дваесет) на професионалната скопска сцена помеѓу 1940 и 1944; речиси осумдесет на сцената на МНТ; триесеттина филмски ликови меѓу кои е и легендарниот Мандана во филмот „Мис Стон“; приближно дваесеттина ликови во телевизиски драмски емисии и играни серии за возрасни и деца; автор е на драмски текстови, драматизации и адаптации, работеше и како режисер…

Со оние од неговиот патувачки период или агитпроповските во и по Втората светска војна, бројот на одиграните ликови на Прличко се заокружува на околу 250 кои се репризирани во приближно 8.000 поединечни претстави. Добитник е на најразлични награди и признанија.

Низ неповторливиот професионален животен пат, остварувајќи една од најимпресивните кариери и во историјата на македонскиот и европскиот театар, Петре Прличко беше и останува добриот дух на македонскиот театар и култура чие грандиозно актерско/театарско наследство театролошката наука денес го вреднува како културно богатство од највисок ранг.

ПРЛИЧКО ВО БЕЗВРЕМЕТО

„Да си ми живо и здраво детуле…“ Не верувам дека има некој што не се сеќава на почетокот од милозвучниот благослов на Манданата од Мис Стон, со кој во свет пркнува ново чедо, поттикнато и поздравено од песната на славејот, која тече од устата на стариот комита… Токму овој момент го чини незаборавен овој легендарен лик кој го (пре)создава единствениот, најголемиот – Петре Прличко! Тој го сака и негува актерот во себе во театарот, филмот, операта, на медиумите, создавајќи од својот живот метафизика, заради која уметноста е уметност, актерот – уметникот е создаден да твори, да премине преку времето, да остане во безвреме… Тоа маркантниот чичко Перица го достигна. А, започна како штотуку пркнато детуле – момчак. На 16 години го напушта родниот Којник во Велес и од неговиот макадам, преку театарот на Михајло Лазиќ, тргнува во светот на смеата и солзите, песната и плачот. Научил се, од корен – играл по улиците, дворовите, кафеаните, импровизираните сцени, неретко и гнилите штици… Најнапред во Србија…Но, токму тие и такви штици и буквално живот му значеле. Враќајќи се дома, македонската врвица ја започнува со Аркадиј во „Платон Кречет“, првата пиеса одиграна на македонски јазик, со што свесно се вградува во темелите на македонкиот театар… Оттогаш па се до 1991 година, тој игра, оставајќи на сцената и надвор од неа ѕвездена трага… Никој не ќе го заборави ниту легендарниот Јеротие Пантиќ, кој опстојува полни 43 години (262 изведби). Тука е и Арсо во „Чорбаџи Теодос“ (346), Митке во „Коштана“ (203)… И навистина многу други.

Зад себе остава 55 професионални режисерски ракописи, една оперска режија – „Гоце“ (1954 – МНТ), шест куси драмолетки – едночинки, 11 драматизации, 17 режии на куклени претстави… Триесет и два филмски лика… Бројки! Но, бројки кои говорат за еден постамент во театарот, за еден столб кој, и да сакаш, не можеш да го одминеш, токму поради тоа што последната премиера ја доживува на 82 години – го игра Убав во претставата „На сечило“ (текст Бранко Варошлија, режија Душан Наумовски на сцената на „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ во Велес). Интересно заокружен, креативен пат, зар не?!

Наградите се бројни добиени низ целата територија на некогашна СФРЈ – филмски, театарски, животни… Во 1977 година е најполуларно ТВ лице на „Вечер“… Не само печатот и колегите, ами и оние поради кои Петре Прличко создаваше – гледачите, го имаа за свој, преку сцената, платното, ТВ екраните, „во живо“…

И токму затоа, по еден век од неговото раѓање, деновиве, весниците (медиумите) се полни со неговиот „лик и дело“. МНТ му се оддолжува со биста и ново „Сомнително лице“, а Јеротие го игра неговиот наследник… Но, дали е тоа доволно, дали е се направено, дали е се речено… Останува да се помислиме, оти: зборот е збор, мислата – мисла, сеќавањето – сеќавање, а легендата е легенда. Прличко е токму тоа.

Игор за Петре…
Има еден факт за дедо ми кој не верувам дека некој од помладите, па и многу возрасни не го знаат: во 1939 година во Српското народно позориште во Скопје, Петре Прличко бил примен во редовен работен однос токму од Бранислав Нушиќ, тогашен директор на овој театар.
Што се однесува до тоа како дедо ми го одигра Јеротие можам да кажам дека тој беше „марсовец“ во однос на тоа како го правеше сето тоа…

СИНОТ НА ТАЛИЈА

Актерот Петре Прличко уште еднаш (по којзнае кој пат), завчеравечер во МНТ, таму каде што беше ги започнал чекорите по македонската театарска голгота, се потврди како безвремен. Повод беше откривањето на бистата поставена во центарот на фоајето на МНТ, пред која се поклонија многумина од театарската и уметничката фела.

„Имавме театар – Петре. Сите оние што имаат ваков театар (ова не е лапсус лингва) немаат потреба да стравуваат за неговата иднината. Тој не беше актер, режисер, драматург… Тој беше се што значи театар“, рече спикерот на Парламентот и режисер Љубиша Георгиевски, за својот колега и пријател, Петре Прличко, на момент пред да го овековечи и открие споменот на големиот чичко Перица.

Во едно, не така далечно, писание од 1965 година, Славко Јаневски, овој уметник, скомрах, актер и се што е театарот, ќе го овековечи како „посинок на божицата Талија… опашеста ѕвезда која патува, не гледа, свети, жарува, но е далеку од пеколот…“ Авторот на скулптурата, академик Томе Серафимовски само го „исправи“ Јаневски, потврдувајќи го Прличко како син на Талија.

Писанието актерски живо го пренесе Сенко Велинов, по што не покани на премиерата, во која во „центарот“ се најде актерскиот потомок на Прличко – Игор Џамбазов. Тој и неговите „сожители“ на сцената добија громогласни аплаузи на отворена сцена, на поклонот по премиерата на „Сомнително лице“ и не наполнија со позитивна енергија. Верувам дека овие аплаузи ги виде и почувствува и дедо Петре Прличко.

ЛУЛИЊАТА ОД ПЕТРЕ ПРЛИЧКО ВО МНТ!

Лулињата од Петре Прличко, прстенот кој не го вадел од рака се до смртта, познатите очила, бројните награди, слики и карикатури од великанот на македонското глумиште, личниот магнетофон и многу други предмети неговата сопруга Нада Прличкова ги подари на Македонскиот народен театар.

„Не знаев што да им правам на личните работи. Цела куќа е полна со негови работи. Некои ми велеа да ги продадам, но јас не сакам да продадам ништо негово“, рече вчера во МНТ се уште виталната сопруга на Прличко, кој го нарекува како сите негови блиски: Перица. Средбата беше по повод 100-тата изведба на втората поставка на претставата „Сомнително лице“. Во првата поставка на оваа претстава, која се играше од 1945 до 1980 година, Прличко го глумеше легендарниот Јеротие Пантиќ. Како што кажа и познавачот на делото на Прличко, професорката Јелена Лужина се работи за најизведуваната претстава во историјата на Македонскиот народен театар.

„Нашето театарско минато не е Лоренс Оливие, тоа е Петре, и со тоа треба да се гордееме“, рече Лужина за Прличко. Предметите на Петре засега ќе бидат поставени во холот на МНТ, каде стои и негова статуа.

Од МНТ вчера ја најавија и наградата АМФИ, која ја добива актерот со најмногу одиграни претстави за минатата сезона. Добитник е Гораст Цветковски, кој со 100 одиграни претстави го победил Сашко Коцев, кој играл 96 пати. Директорот на МНТ, Дејан Лилиќ најави и дека ќе отворат детска театарска сцена, која ќе започне со премиера на „Самовилско јајце“, на трети април.

Потсетување за Перица:
– Избегал од дома на 16 години за да стане актер
– На 88 години старост се уште ги паметел ролјите наизуст
– Во „Сомнително лице“ играл фантастични 262 пати
– Десетина години работел како патувачки актер
– Не го извадил прстенот од рака од 1956 до смртта во 1995 година