Saving page now... https://ekipa.mk/glavchev-prv-so-potpis-za-rabotnichki/ As it appears live August 8, 2020 2:53:05 AM UTC

Главчев прв со потпис за Работнички

Горан Главчев и Димитар Мираковски минатата сезона имаа бројни дуели во домашното првенство, а екс-капитенот на Блокотехна во новата сезона ќе настапува под водство на младиот стратег, кој ќе го наследи Марин Докузовски на клупата на Работнички. Она што ЕКИПА веќе го најави, токму Главчев е првото засилување на Работнички откако овој кошаркар ги договори сите услови за соработка со најтрофејниот македонски кошаркарски колектив.

Главчев во последните две сезони како член на Блокотехна забележа значителен раст во формата, како во фазата на напад, така и во одбраната. По фузијата на Блокотехна и Кожув желба на самиот кошаркар беше да се испроба во средина надвор од Гевгелија, а понудата од Работнички беше прифатена иако интерес постоеше од уште неколку македонски прволигаши. Тој поради сериозна повреда ги пропушти последните месеци од ланската сезона, но рехабилитацијата влегува во завршна фаза и се очекува Главчев да биде максимално подготвен за стартот на новата сезона.

Ангажманот на Главчев е само првиот дел од мозаикот за тренерот Мираковски, кој има полни раце работа по пензионирањето на Чековски, заминувањето на Чавдар Костов, но и истекот на договорите со останатите членови на првата петорка. Стајиќ се наоѓа пред камбек во МЗТ Скопје, истиот клуб се интересира и за Бојан Крстевсмки, а „центарци“ се во преговори за нов договор со Караџовски. Со преселба во „Градски Парк“ покрај репрезентативецот Бојан Трајковски е поврзуван и Дарко Соколов, а како можна опција се споменува и Горјан Марковски, кој е интересен и за Куманово.

Се вчитува...