Saving page now... https://ekipa.mk/kostoski-ushte-edna-godina-vo-gostivar/ As it appears live September 18, 2020 9:01:27 PM UTC

Костоски уште една година во Гостивар

Гостивар продолжува со составување на ростерот за наредната сезона, договарајќи уште едно значајно парче од мозаикот за тренерот Марјан Србиновски. Александар Костоски и во следната сезона ќе го носи дресот на гостиварци, откако одличниот плејмејкер ги договори условите за нова едногодишна соработка со овој клуб.

Костоски дојде во Гостивар на стартот од минатата сезона и експресно се наметна како еден од лидерите на екипата. Добрата тимска атмосфера беше причина тој летово да одбие неколку понуди и да ја прифати онаа на „сино-белите“ од Гостивар, а официјалното потпишување на новиот договор ќе се случи во текот на денешниот ден.

Само за потсетување, гостиварци пред неколку дена потпишаа нови договори со Диме Тасовски и со Ренато, Роберт и Милан Димитриевски. Воедно, ангажирано е и првото странско засилување за оваа екипа, американскиот плејмејкер Донован Доналдсон.

Се вчитува...