Saving page now... https://ekipa.mk/kozhuv-potpisha-so-chetiri-makedonski-reprezentativtsi/ As it appears live October 1, 2020 11:08:35 PM UTC

Кожув потпиша со четири македонски репрезентативци

Екипата на Кожув покажува сериозни амбиции за новата сезона откако денеска потпиша договори со четири македонски репрезентативци. Бојан Трајковски си заминува од Гостивар и кариерата ќе ја продолжи во клубот од Гевгелија, а заедно со него ќе пристигне и плејмејкерскиот тандем на Работнички, Бобан Стајиќ – Димитар Караџовски. Македонскиот „квартет“ што ќе потпише за Кожув го комплетиран Предраг Пајиќ од Фени Индустри, кои неколку години наназад е дел од поширокиот список на националниот тим.

„Целта на Кожув е фокусот да се стави на македонските играчи, тие да ја имаат главната улога во тимот, а доколку доведеме странци, тие да бидат користени како „бек-ап варијанти“. Презадоволен сум што доведовме квалитетни играчи во нашиот табор, како најава за успешна сезона. Не се залетуваме, првична цел останува пласманот во Супер-лигата и како што реков, давање на што позначајна улога на македонските кошаркари. Наспроти информациите за фузија, можам да кажам дека управниот одбор и начинот на функционирање на КК Кожув останува ист, буџетот нема да биде „џиновски“ како што некој го најавуваше, но тие пари ќе бидат максимално искористени за да се постигнат најдобри можни резултати“ – истакна тренерот Алек Јончевски за ЕКИПА.

Воедно, во клубот ќе останат и младите кошаркари од Гевгелија кои минатата сезона настапуваа за Кожув и за Блокотехна. Дел од Кожув ќе биде и Американецот Пејн, кој и лани настапуваше за оваа екипа, а се очекува и ангажман на уште еден кошаркар на центарската позиција.

Се вчитува...