Saving page now... https://sport1.mk/fudbal/domashno-prvenstvo/stadionot-vo-strumica-dobiva-novo-ime-blagoj-istatov As it appears live September 22, 2020 10:24:45 PM UTC

ЗАСЛУЖЕНО: Стадионот во Струмица ќе се вика „Благој Истатов“!

Стадионот „Младост“ во Струмица во иднина ќе го носи името на македонската фудбалска легенда Благој Истатов. 

Поранешниот голман почина лани на 71-годишна возраст, а во својата кариера освен за Беласица, бранеше и за Победа, Партизан и Утрехт. Претседателот на Беласица, Славчо Васков - Пинда одлучи да го преименува струмичкиот стадион во чест на Истатов.