daily news paper Vest
Насловна 
Македонија 
Црна Хроника 
Свет 
Скопје 
Култура 
Ревија 
Калеидоскоп 
Живот 
Фељтон 
Прилог 
Пошта 
Хумор 
Спорт 
ФОТО 
Време 
Денес    
ден: 27
ноќ: 7
Утре    
ден: 28
ноќ: 9
Задутре    
ден: 26
ноќ: 8
Кина 
Site Meter
  Година: 1   Број:215   Сабота   3/24/2001
  Ревија
Пребарувач
Тековен број
Архива
ИНТЕРВЈУ: Д-Р ИВАН КАТАРЏИЕВ, ИСТОРИЧАР
Во Македонија с&ицирц; се повторува на еден или друг начин
Мене ми е жал што и ова морам да го кажам кога на Владата треба да и се даде поддршка во оваа ситуација, но како може еден премиер во крајно критички моменти што и се случуваат на државата да си дозволи да нападне и печат, да ги нападне и европскит

- Минатата недела на ваша иницијатива од печат преведена на македонски јазик излезе книгата на Ванчо Мијалов "По трнливиот пат на македонското ослободително дело. Кои ви беа побудите оваа книга да и ја пласирате на македонската публика?
-Прашањето за михајловизмот поточно за ВМРО михајловистичка во нашата историја, пред се, во рамките на некогашна Варадарска Македонија или Република Македонија е актуелно веднаш после Првата светска војна.Со оглед на иридентистичката политика што ја спроведуваша Бугарија кон Вардарска Македонија, а ВМРО на Ванчо Михајлов беше експонент на таа политика, таа овозможи ВМРО воопшто да се третира како пробугарска организација и се направи знак на единство меѓу автономистичката ВМРО на Ванчо Михајлов и Тодор Александров и изворната Внатрешно македонска револуционерна организација. За жал , како резултат на тоа, с&ицирц; што ќе се споменеше како ВМРО се третираше како михајловистичко или пробугарско. Таа априористичка политика кон михајловизамот како нешто што не треба да се проучува, како нешто што е штетно за македонскиот идентитет,беше обратна погрешка.Тоа создаваше мит на михајловизамот кој отвораше простор некои структури од македонското општество кои беа антикомунистички расположени да претендираат кон ванчомихајовизмот.Не треба да се забориви дека и тогаш и денес во нашава средина има луѓе кои го проблематизираат македонскиот идентитет.
-Сакате да кажете треба да се апсолвира темата наречена ванчомихајловизам?
- Мислам. Ако ние денеска секојдневно доживуваме иредентистичките програми на големоалбанството, на големобугарството, на големосрпството, крајно време е ние да почнеме да го откриваме и михајловизамот на ВМРО автономистичка со нејзиниот цел комплекс. Мислам дека колку подобро се запознаеме со тој процес, со тој проблем , толку побрзо ќе се ослободиме од оние комплекси - на една страна негативистички однос , на друга страна идеологизација на таа проблематика.
- Значи тој е мотивот за излегувањето на оваа книга?
-Точно. Вториот проблем е дека во таквата ситуација каква што ја опишав е апсолутно потребно на македонскиот читател во кого имам полна доверба, а особено помладите генерации кои во голем процент ,скоро 99 отсто, не го доведуваат во прашање својот идентитет да можат изворно да се запознаат и со еден дел од публицистичката активност на Ванчо Михајлов.Затоа што кај нас овде, особено сега откако сме суверено независна држава, некои манипулираат со тезата дека за идејата за независна Македонија се борел и Ванчо Михајлов. Ако кажете на младите генерации, особено оние што не се историки едуцирани, дека Ванчо Михајлов се борел за независна Македонија, тогаш ќе ви речат па зошто тој се напаѓа?! Прашањето е во тоа што тука по својата содржина, не по формалната страна, се две различни прашања. За Ванчо Михајлов независна Македонија значи Македонија на Бугарите во Македонија. Тоа значи втора бугарска држава, а не држава на македонската национална самобитност.Од друга страна, нека се има доверба кон луѓето, па нека сами изворно читаат, за да можат врз изворната документација да дојдат до сопствени сознанија. Морам да ви кажам дека некои ме прашаа дали сега е баш време за да се објави таа книга. Но, за да се објави таа книга денеска и требаа пет години, што значи дека во никој случај не е темпрано за сегашните услови. Од друга страна, пак на Балканот и во Македонија с&ицирц; се повторува на еден или друг начин,се паѓа од криза во криза, се оди од проблем во проблем, и кога и да се појави една таква книгакон која сме "резервирани" затоа што сугерира туѓа иделогија,постојано ќе се поставува прашањето "зошто сега?". Тврдо сум уверен дека оваа книга кај сите оние што имаат желба изворно да се запознаат со Иван Михајлов ќе предизвика размислување и за неговата менталната структура и за филозофијата на михајловизмот.
- Ме интересира да ми објасните зошто ми изјавивте дека во оваа книга може да се најде компаратривност меѓу актуелната власт и ванчомихајловизмот?
- Во превртливоста.Луѓето ќе имаат можност она што ќе го прочитаат да го вкомпонираат во она што ни се случува сега во практика.Аргументацијата е многу едноставна, но сепак треба да се потсети. Потсетете се на претседателските и локалните избори со какви средства се служеше актуелната власт. Потсетете се на упадите на власта во приватизираните претпријатија, правени за власта да се заграби за нив. Тоа е истата методологија на ванчомихајловизмот. Потсетете се на обидот за рестрикција во поглед на слободното изразување во медиумите. Тоа исто го прави и Ванчо Михајлов. Кај Ванчо Михајлов и покрај тоа што Пиринска Македонија вриеше од незадоволство и протести против него, тој во Бугарија и во светот нудеше аргументација дека Пиринска Македонија е најдобро уредениот округ во Бугарија и дека треба да е пример за целокупното уредување на Бугарија. Значи, служењето со демагогија, служењето со разубавување на стварноста која не е таква како што се претставува,е нешто што и сега ни се случува. Најпосле тука е и превртливоста на Ванчо Михајлов кон бугарската држава, како што сега овде имаме случај. Мене ми е жал што и ова морам да го кажам сега кога на Владата треба да и се даде поддршка во оваа ситуација, но како може еден премиер во крајно критички моменти што и се случуваат на државата да си дозволи да нападне и печат, да ги нападне и европските сили за односите кон Македонија. Истото го правеше и Ванчо Михајлов, кога во еден момент во Бугарија му откажаа поддршка заради што ја изгуби политичката сила во Бугарија и кога се најде на отворена сцена, лишен од материјалните богатства од располагањето со животот и имотите на граѓаните, почна да напаѓа с&ицирц; што е рационално во Бугарија и бугарската политика, затоа што тоа не корелираше со неговите сфаќања за власта. Значи овде не се работи за никакви идеологизации, туку за историски компарации што ни се повторуваат.
-За што Ванчо Михајлов обвинува во книгата?
- Тој ја обвинува Бугарија дека секогаш маипулирала со прашањето за автономијата на Македонија. Секогаш кога Бугарија била јака, кога располагала со воена сила, тогаш Бугарија не размислувала за автономија на Македонија. Типичен е случајот како што го наведува Ванчо Михајлов на Првата балканска војна. Тогаш Бугарија го заборава прашањето за автонимијата на Македонија, туку инсистира за приклучување на Македонија кон Бугарија. Секогаш кога Бугарија е слаба, поразена, таа го активира порашањето за автономијата на Македонија. Тоа е само едно од прашањата на кои Михајлов укажува на дволичноста на бугарската политика кон Македонија. Тој наведува познати бугарски личности, меѓу кои и егзарх Јосиф, кои и сугерираат на бугарската влада искрено да го прифати прашањето за автономија на Македонија. Затоа што никогаш Македонија, со оглед на нејзиното централно место, со оглед на нејзината мешовита етничка состојба,со оглед на интересот на другите соседни нејзини држави,нема да и припадне на Бугарија. Според тоа автономијата е најдоброто решение, сугерираат тие, затоа што на тој начин ќе се помират противречностите на балканските држави кон Македонија и со тоа се отвора процес за интеграција на Балканот. Ако се исклучи дека сето ова се однесува на бугарската националност во Македонија, на Бугарите во Македонија, како што тие не нарекуваат,таа теза ќе беше сосема е во ред и сосема добро кореспондира со стварноста. Но, тоа не се однесува на македонскиот нациопнален идентитет, туку на Бугарите во Македонија.Тоа е исто како и прашањето за самостојна и независна Македонија, само што нејзината содржина е друга.За да биде појасно. Ванчо Михајлов на едно место во својата книга вели: "јас на можам да сфатам како мислат Бугарите да ја приклучат Македонија кон себе си, кога тие мораат да војуваат и со Југославија, и со Грција и со Албанија и спрема себе да имаат осум према 50 души. Нам ни треба да создадеме услови во кои Бугарите во Македонија ќе имаат самостојна држава и живот, а со тоа ќе има две самостојни бугарски држави на Балканот. На тој начин без менување на граници, границите на бугарската држава практично ќе се протегаат од Црно Море до Олимп.Практично тоа значи ширење на бугарската држава с&ицирц; до Олимп. Тоа е негово убедување, ние тое не можеме да го негираме, и затоа е добро да се знае и да се навлезње во политичката психологија на ванчомихајловизамот кој и натаму е активен и морам да ви речам и денес извонредно многу се протежира во бугарската држава. Според тоа оваа книга е истовремено и документ за запознавање со наследството, за да можеме да водиме рамноправен дијалог со нашите соседи во интерес на надминувањето на баластите од минатото.
-Дали само поради баластот од минатото,понудата Бугарија да ни биде напомош во оваа ситуација во која во моментов се наоѓа Македонија предизвика толку многу неодобрување и отпор меѓу македонските граѓани?
-Предлогот на Бугарија да ни помогне во ситуацијава во која се наоѓаме беше тотално нерационален. На Балакнот толку многу се оптоварени од минатото во односите меѓу соседите, кои за жал и натаму произведуваат оптоварености во односите меѓу луѓето на Балканот, што секое поединечно доаѓање да и се помага на една од балканските земји ќе биде контрапродуктивно. Тоа веднаш би предизвикало сомнеж кај нашиот јужен сосед, за Албанците тоа би било сфатено како повод за војна, кај Србите исто така. Помошта на соседите во Македонија е непожелна, и како поединци, и како колективи.Најдобро во таков случај е помагање на сили од надвор кои не се со хипотеките на минатото.
- Како ја кометирате оваа рекација на Албанците во Македонија? Како очекувана и далиу е тоа домашна или увезена реакција?
- Што се однесува до односот на албанските партии во Македонија, ако сакаме да извлечеме една објективна оценка, игнорирајќи ја нивната патриотска реторика која е многу жешка и која за жал носи карактер на извесен антимакедонизам, ние сме соочени со една непрекината еволуција на македонските Албанци кон остварувањето на нивниот големобалкански идеал. Ова важи за доминантните идеолошки побуди на одредени структури.Прашање е што од тоа е увезено, што е автентично. Мислам дека албанскиот случај во Македонија е директна последица по распаѓањето на СФРЈ и очекувам таа криза уште долго да трае. Албанскиот фактор мисли дека настапил моментот за решавање на албанското прашање во создавање на Голема Албанија за спојување на сите делови каде што живеат Албанци. Во една таква ситуација при еуфорично развиен албански национализам, најголемиот дел од оние кадри од албанската политичка карта живеат со идеалот за Голема Албанија. Оттука, по мене, и психологијата по секоја цена да се изравнат со Македонците на овој простор, да станат државен фактор во Македонија.Притоа искуството покажува дека тоа го прават со препознатливи сценарија со нивниот постојан критичен однос во консолидацијата на Македонија. Тие во 1991 година не гласаа за Устав, тие предизвикаа инциденти само за да го привлечат вниманието на меѓународната заедница. Тие сами измислија труење, за да "докажат" дека Македонците се терористи, што е нон сенс. Она што нам ни недостасува, што нам ни е фалично, тоа е што ние на меѓународен план не сме воопшто присутни,просто живееме во информативен мрак за меѓународната јавност. Јас морам да ви кажам дека еден Ванчо Михајлов за да ја афирмира својата теза, својата мимикрија дека формирал сепаратна држава во Бугарија, тој имаше извонредно развиена меѓународна пропагнада. На стотици книги се објавувани, преведувани и давани и ширени и во Америка и во Европа.Во Женева излегуваше весник "Ла Маседоан" во кој се пропагираше михајловистичката идеологија. Република Македонија, колку што знам, го игнорира тој проблем, а на тој начин практично таа се самоизолира. Денес имаме еден негативистички однос кон с&ицирц; она што е создадено како културно наследство за сопствената држава, а камоли тоа да се афирмира. Денес постои потполна негација на постоечките институции, ако е возможно тие да се оневозможат и материјално и кадровски и на тој начин бидејќи нема кпој да ја афирмира се руши супсттанцата на македонската држава. Денес имаме таков еден систем кој оневозможува секаква рационална научна активност. Не може да се објави книга од историографијата ако е повеќе од 100-тина страници, со доведување во крајно тешка ситуација да барате спонзори, односно да се понижувате кај разни директори, претпријатија да овозможат средства да објавите некоја книга, а тоа верувајте тоа не се прави во политиката, тоа не и одговара на националната политика. Погледенте што прават Албанците. Тие имаат извонредно развиен меѓународна информативна активност и во Њујорк и во Европа и во Женева, и во Лондон. Албанската популација одвојува дел од средтвата дел на сила, дел доброволно за постигнување на цели. Ние немаме други цели на Балканот освен да ја сочуваме оваа држава . Колку повеќе водиме грижа за културното наследство, толку повбеќеќе покажеме дека македонскиот народ водел битка за својата афирмација под крајно тешки околности. Затоа и не е ништо чудно што определени структури во македонската средина го проблематизираат својот национален идентитет со оглед на влијанието на странските пропаганди.Тоа е баласт што го обременува сознанието на македонскиот човек. На тој начин да го игнорираме интересот на Македонија на Балканот, ние си работиме во корист на наша штета.
- Како историчар имате свои прогнози како ќе резултира ескалираниот екстремизам што сега ни се случува во Македонија?
- Јас веќе реков за начинот што го прави актуелната власт дека личи на она што го правеше михајловизмот во Бугарија, а тоа е што ние создаваме илузија за релаксирани меѓуетнички односи. Ние апсолутно не треба да се самозалажуваме, ниту пак да ги сокриваме противречностите. Апсолутна грешка е ако ние она што ни се случува го идеализираме. За работите треба отворено да се разговара. Фактот што се случија оние екцеси на претседателските и локалните избори кога државата се послужи со државен терор, говори дека нема релаксирани односи.Ако можеа да се случат убиства во Кондово за да се фалсификуваат изборите,под поимот на релаксирани односи, практично се релаксирани криминалистички односи меѓу одделни структури на власта и нивните сојузници.
-Сакате да кажете дека сега тоа се враќа како бумеранг?
- Апсолутно.. Тоа е всушност показ колку непродуктивната пропагнада на актуелната власт за релаксирани меѓуетнички односи била лажна, колку била погрешна и колку жестоко ќе се одрази врз битието на македонскиот народ, без оглед на која етничка групација и припаѓаме. Сето тоа говори колку актуелната власат настојувала да ги прикрие овие односи за да оствари сосема прагматични цели за да може да разговара на криминален начин со средствата на државата. Како да ја сфатам изјавата на актуелниот премиер дека нема "да остане камен на камен", да ја сфатам како пропагнадна реторика, зошто не можам да верувам оти навистина имал такви намери. Но ако споредите со ова што ни се случува можете да видите дека потоплно се применува во актуелната практика. Се надевам дека таа политичка елита ќе сфати дека не може да остане на политичката сцена во Македонија ако работат против интересите на македонскиот народ. Од друга страна, имам впечаток дека и Европа, исто така лута во однос на Балканот, затоа што нему му треба сила која нуди перспектива за излез од кризата. Балканот е целиот во криза. Ако Европа се откаже од она политичко наследство да ги дели балканските земји, да го дели Балканот со разни прегради, мислам дека можеме да се надеваме на перспектива. Во спротивно нема перспектива. Тоа што се случува на Балканот е резултат на старите процеси со тоа што почнува да се смета на тоа дека секој може да ја искористи ситуацијата за да ја реализира идејата за големи држави. Видете ги само платформите што излегоа од академиите на науките. Среќа е што кај нас таква платформа за обединување на Македонија не се појави. Сите живеат со илузиуте дека во 21. век ќе ги остварат своите "праведни" цели.

© ВЕСТ 2001
Секое користење на информации и фотографии од сајтот,
без дозвола на Редакција ВЕСТ е забрането
sloboden dneven vesnik Vest
Рекламен
простор