Моментална инспирација

18 Јули, 2006 - 12:52

„Леси“ се врати дома

Дискавери денес слета во Флорида. За среќа, без жртви ниту проблеми. Уште една авантура на НАСА, заврши.

1 коментар | за печатење | прати по e-mail | 18 пати прочитано   #

15 Јули, 2006 - 10:52

„Леси“ се враќа дома (ај билив)

Вчера астронаутите си ги собрале пљачките и се спремаат за дома. Засега има само еден „мал“ проблем. Нешто е дупнато и течи (по малку, 6 капки на час), само не се сигурни дали е хидразин или нитроген, ама шо е битно? 6 капки на час ти е ич. Сепак се плашат дека при влез во атмосфера може да се рашири дупката и тогаш да биди проблем. А освен тоа може и да се запали, е па тогаш да биди уште поголем проблем. И одма од НАСА ни велат да не се остриме да гледаме „фајрворкс“ пошто некогаш, некој шатл слетал со пожар во моторот... Значи и понатаму има дефекти, и понатаму се тешат и нон-стоп велат, можеби, веројатно, најверојатно, изгледа дека...

Јебем ти такву науку... За така и јас можам да бидам и астронаут и научник и шта ја знам... А бе уште од мал сакав да иам пиштол, само не знаев зошо ми е. Сега, знам... Потамани ги имбецилите! 

14 Јули, 2006 - 15:34

Русите се спреммат за вселенски хотел

И не само што се спремаат туку веќе почнале да тестираат. Американциве известуваат со лоши наслови (се тешат со шатлот)... И не само што лансирале за тест, туку планираат да лансираат 6 до 10 тестни :-) По тестовите предвидено е да паднат при што би можеле да експлодираат (ова ги теши/сити американциве иако тоа е предвидено како природна реакција).

Повелеле „на дупка“. 

14 Јули, 2006 - 15:27

Discovery си ја предизвикува среќата

И покрај сите проблеми при полетувањето и потоа, ќе вршеле тестирање за издржливост од удари на мали метеори и вселенско ѓубре. Тоа е да си ја предизвикуваш среќата... Деталите овде.

13 Јули, 2006 - 14:52

Microsoft има шанси набрзо пак да го крка :-)

Не само што Microsoft го окрка, туку има шанси за брзо време пак да го окрка :-) пошто не им иди умот. А бе, да не им се заубај на овие (мислам на Microsoft)?

13 Јули, 2006 - 11:57

Discovery - вест во мирување

Денес никој не го спона Discovery (засега)... Мени нешто смрди, веројатно се нешто куха у НАСУ... %-|

13 Јули, 2006 - 11:50

Microsoft го окрка

Го окрка со казна од 300 милиони евра

Ако сакате да знајте зошто и како, повелете овде на BUG или овде на Reuters. 

p.s. Microsoft пак од друга страна, само за илустрација вели дека ова нема да го одложи излегувањето на Windows Vista (нормално, 300 милиони им се 10% од заработката по квартал)...

13 Јули, 2006 - 11:45

Телеком - ЛОПОВИ!

А бе мамицата нивна, уште не сум ја видел сметката а веќе знам дека ме крадат. Само шо разбрав дека дошло 1500 за телефон, од кои 3 часа за интернет... Јес да имав интернет, ама не фазла од 30 минути... Од дома се поврзувам само во хитни случаи, ама ко шо гледам, че го исклучам телефоно, па после че можа само да ми го попуша! Крфта нивна... Досега вака играф: Иди сметка со нереална сума, одам поднесувам приговор, се одбива... Следната сметка е ОК. И таман се уште една или две сметки, па пак иди набуфтана, пак поднесувам приговор, пак се одбива, пак 1-2 се таман и така во бесконечност... Ама сега че ја окончаме. Че му го спопикам, оти конечно ми се закинаја нервите. Че го исклучам, па после да ги видам, нема ни нормалните 1000 денари шо ги трошам да ми ги земат... Поарно че торшам 1000 фазла за мобилен, поефтино ми е.

Немам шо да напишам фазла освен, ако и вие се двоумите дали да го исклучите телефоно од телеком, ДА, МОЈ СОВЕТ Е ДА ГО ИСКЛУЧИТЕ...

 

И за крај еден поздрав до телеком:

na.GIF

12 Јули, 2006 - 09:56

Види ги ти Končar...

Končar - фирмата која ја познаваме по фрижидери и шпорети (ако не се лажам, се работи за истата или за нејзина фирма ќерка) изгледа дека прават лаптопи во Хрватска!?

Končar-INEM претставиле ултрапреносник со Пентиум М (ULV) на 1,1 GHz, кој држи батерија до 5 часа работа, а има звучна, мрежна, модем и безжична мрежна картичка. Па има 2 USB 2.0, Firewire, PCMCIA, како и читач на картички за MemoryStick, MemoryStick PRO, SecureDigital и MMC... Монитор од 10,6" TFT, со резолуција од 1280 по 768 пиксели (демек widescreen). HDD 60 односно 80 GB, двослоен DVD/RW. Во основна конфигурација има 512 MB RAM, а е проширлива до 2 GB.

Поефтината верзија со WinXP Home кошта 9600 куни или околу 1320 евра (без вклучен данок) во наши пари, а поскапата, со поголемиот диск е 10400 куни, т.е. 1430 евра...

11 Јули, 2006 - 15:24

Со нуклеарки против глобалното затоплување

Англичаниве се мрднаја последно време. Со нуклеарни централи че се бореле против глобалното затоплување.

LONDON (Reuters) - Britain must build new nuclear power stations, generate more electricity from wind and waves and curb domestic demand in the battle against global warming, Trade Secretary Alistair Darling said on Tuesday.

А бе ова масониве ко да ја мата работава, мене ко така ми се римува :-)