Луѓе и настани
Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје вчера ја одбележи 30-годишнината од постоењето. По тој повод на факултетот во салата „Архиепископ Доситеј“ се одржа свеченост на која присуствуваа поглаварот на Македонската православна црква г. г. Стефан, ректорот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Ѓорѓи Мартиновски, директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Звонко Муцунски, владици, отци, универзитетски професори, академици и студенти. - Во ова 2007 лето Господово ние одбележуваме 30 години од постоењето на Православниот богословски факултет во оваа наша, современа форма, кој е основан во 1977. Истовремено одбележуваме 1.121 година од богословските студии кои биле основа на Светиклиментовиот универзитет во Охрид, основан 886 година - рече во поздравното обраќање деканот на факултетот, Ратомир Гроздановски.
Шпиц, број 437, 15.11.2007


     


Какви споменици, таква држава

Гордана Петровска

Гоце Делчев е апостол на македонското револуционерно движење и клучна фигура за македонската државност и историја, така што негрижата за неговиот споменик е скандалозна и разочарувачка, реагираат повеќемина скопски интелектуалци.
Споменикот на Гоце Делчев е целиот ишаран, валкан и испишан со графити, а неговата околина запуштена и несредена, плочките наоколу искршени, жардиниерите полни со ѓубре.
- Одлуката за заштита на Заводот се темели врз решение во кое се вели дека се што се наоѓа во околината на паркот е заштитено со закон и за него е надлежен градот. Тука не спаѓа само „Кермес“, од кој градоначалникот сака да направи голема зграда за личен профит - вели Ѓорѓи Маријановиќ, член на Советот на Скопје.
Споменикот го изработил скулпторот Љубомир Далчев, роден во Кукуш, кој подоцна предавал на софиската ликовна академија.
- Квалитетно е изработен и е меѓу првите споменици во Скопје. Грижата за спомениците нив е исклучително важна – вели Боро Митриќески, скулптор и член на МАНУ.
Никола Жежов од Институтот за историја на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ смета дека само доколку се направи алеја на споменици на македонските дејци, која ќе биде заградена, осветлена и за која ќе се плаќа влезница, спомениците ќе бидат заштитени од вандализам.
- Односот кон историјата и кон културното наследство ни е никаков. Гоце Делчев е апостол на македонското револуционерно движење. Тој бил лидер во сенка, но и народен човек. Да не умрел толку млад, сигурно нашата историја би била поинаква. Потребно е да се развие свест за културното наследство – вели Жежов.
Некои, пак, имаат едноставно решение.
- Кога ме боли заб, одам на забар. За она што треба да се чува, потребен е чувар. Каква болест, таков иљач – вели познатиот колумнист Братислав Димитров.
Граѓаните не веруваат дека ќе се смени нешто. Постарите се разочарани од младината.
- Споменикот е огледало на една култура. Порано спомениците никој не ги чуваше, но никому не му паднало на памет да чкрта по нив. Денес младите не ги почитуваат ниту спомениците ниту минатото – вели еден пензионер.


Слични статии:


Останати статии од оваа рубрика:


Од Елмази „шугата“ мина на спикерот


Милион евра за вештачко ѓубре


Топлификација им ги отстапи котларниците на битолчани


Пациенти од Албанија бесплатно се лекуваат во Македонија


На наркозависниците им се „скисели“ од Кисела Вода


Половина Македонија еден час во темница


Редици за бесплатен преглед на белите дробови

Оценки/Коментари   Оценете


Оценил:   Nikola
konstatacijata za "lider vo senka" e pogresno prenesena od sostavuvacot na statijata i e nejzino licno tolkuvanje,a ne moe.Nikola Zezov

Оценил:   ivo
Гоце Делчев е апостол на македонското револуционерно движење. Тој бил лидер во сенка Aman bre- gluposti "vo senka" na koi e bil Goce????


Пребарување:




 







Хроника
 
 
 
 
 
 
| Најава

© 2006  www.spic.com.mk . Сите права се задржани