Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Новото ЦД на кларинетистот Тале Огненовски оценето како феноменално

„Тале Огненовски е еден од најголемите композитори во светот на музиката“, пишува „All About Jazz“

Новиот албум на македонскиот кларинетист и композитор Тале Огненовски, објавен на 1 септември годинава, едноставно насловен „Македонски џез композиции за кларинет од Тале Огненовски“, добива одлични рецензии од странскиот печат, а особено внимание му е посветено на познатата Веб-страница „All About Jazz“. Тале Огненовски се јавува како автор, композитор и аранжер на сите 12 композиции присутни на албумот, кој е издаден за „Индепендент рекордс“ во продукција на Тале Огненовски и Стеван Огненовски, а во дистрибуција на „Д’ Орчар“.

Ова трето ЦД на Огненовски е продолжение на неговите претходни два албуми под наслов „Џез, македонски народни ора и класична музика“ и „Моцарт и концертите на кларинет на Огненовски“ (Тале Огненовски аранжираше делови од концертот за кларинет на Моцарт, за два кларинета), по повод 250-годишнината од раѓањето на австрискиот композитор Волфганг Амадеус Моцарт. И на новиот албум Огненовски настапува со неговиот актуелен квартет: Тале Огненовски на кларинет, флејта, зурла, мала гајда и тапан, неговиот син Стеван Огненовски на флејта и тапан и неговите внуци Никола Огненовски и Климент Огненовски на флејти.

Во освртот за делото на Тале Огненовски, „All About Jazz“ меѓудругото пишува: „Тале Огненовски е познат во светот по неговите виртуозни перформанси. Огненовски и неговиот квартет нудат сензационална џез-музика на кларинет. Македонскиот џез на кларинет компониран од Тале Огненовски ќе биде феноменален. Различни фрази, спектакуларни соло-изведби на кларинет, кои се и интересни и фасцинирачки за луѓето да ги слушаат и да им се восхитуваат. Секој дел од албумот е ритмички комплексен. Истражувањето на македонските музички традиции со џез-сензибилитет е извонредно. Звукот е едноставно феноменален. Музиката на Огненовски е безвременска. Тале Огненовски очигледно е далеку пред своето време, и тоа е класика што ќе постои засекогаш. Овој албум е еден од најдобрите џез-инструментални албуми на сите времиња. Тале Огненовски отвори нови можности за кларинетот што никој не можеше да ги предвиди. Тој е најголемиот кларинетист, флејтист, зурлист, и гајдист на сите времиња, демонстрирајќи уникатни вештини, богатство на изуми, извонредна импровизациска виртуозност и извонредна музичка способност во сите области на музиката. Тој е еден од најголемите композитори во светот на музиката...“ (Т.И.)


Статијата е прочитана 135 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Живот меѓу камера со плочи и фотодигиталец
Виктор Фридман стана „Духовен воин“ на Македонија
Валтер Карвалјо ја прими „Златна камера 300“ за животно дело
Богата програма на „Скопскиот џез-фестивал“
На Балканот творат талентирани луѓе
Во Битола ќе се одвива паралелно затворање на „Браќа Манаки“