МакедонијаМинистерствоНадворешна ПолитикаКонзуларни услугиМедиа Центар
 
 
Македонија и ЕУ
Македонија и НАТО
Дипломатски конзуларни претставништва на РМ
Визен режим
Најчесто поставувани прашања и одговори
 
Документи
и информации
од јавен карактер

Насловна > Македонија > Политички систем
 
ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ
 

Македонија е република со повеќепартиска парламентарна демократија и политички систем поделен на законодавна, извршна и судска власт. По 1945 година, Македонија станува суверена република во рамките на Југословенската Федерација, а на 8 септември 1991 година, по референдумот на граѓаните, Македонија станува суверена и независна држава. Уставот на Република Македонија е усвоен на 17 ноември 1991 година од страна на првиот повеќепартиски парламент. Главната цел е Македонија да се формира како суверена и независна, граѓанска и демократска држава и да се создаде институционална рамка за развој на парламентарната демократија, во која ќе се гарантираат човековите права, граѓанските слободи и националната еднаквост.

Собранието е централната и најзначајна институција на државната власт (www.sobranie.mk). Според Уставот, Собранието е претставничко тело на граѓаните и нему му е доверена законодавната власт на Републиката. Собранието е составено од 120 места.

Претседателот на Република Македонија ја претставува Републиката и е Врховен командант на Вооружените сили на Македонија. Претседателот се избира на општи и непосредни избори за мандат од пет години и може да служи најмногу два мандата. (www.president.gov.mk)

Извршната власт на Република Македонија е поделена меѓу Владата и Претседателот на Републиката. Владата ја избира Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници и за својата работа одговара пред Собранието. Организацијата и работата на владата е дефинирана со закон за влада.

Согласно своите уставни надлежности, извршната власт ѝ е доверена на Владата на Република Македонија (www.vlada.mk). Таа е највисоката институција на државата администрација и, меѓу другото, ги има следните одговорности: да предлага закони, буџетот на Републиката и други регулативи коишто се усвојуваат во Собранието; да ги определува политиките за извршување на законите и другите регулативи на Собранието и е одговорна за нивното спроведување; да носи одлуки за признавање држави и влади; да воспоставува дипломатски и конзуларни односи со други држави; го предлага Јавниот обвинител; да предлага назначување на амбасадори и претставници на Република Македонија во странство и да назначува шефови на конзуларни канцеларии; и извршува други должности предвидени со Уставот и законите.

 
Испрати до пријател
 
ВЕСТИ
10.11.2008
Министерот Милошоски во посета на Турција
07.11.2008
Амбасадорот на РМ во НАТО, Кире Илиоски, претседаваше со состанокот на групата за управување на безбедносната соработка во Југоисточна Европа
03.11.2008
Интервју на министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, за Радио Дојче Веле
Архива >>
ПУБЛИКАЦИИ
Македонски дипломатски билтен
Crossroads - списание за надворешна политика
ДОКУМЕНТ
 
Времена спогодба помеѓу Македонија и Грција од 1995 година