Адреса

ул. Димитрие Чуповски

бр 9, 1000 Скопје

тел: +389 2 3117 288
факс: +389 2 3118 414
e-пошта: contact@mon.gov.mk

Активности на Министерството

Известување

Министерството за образование и наука Ве известува дека, денес на 01.04.2009 година (среда) во 15:00 часот во Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово ќе биде поставен камен-темелник за изградба на училишна фискултурна сала.

На поставувањето на камен-темелникот ќе присуствува заменик-претседателот на Владата на Република Македонија Абдилаќим Адеми и заменик-министерот за образование и наука Линдита Ќазими.

Се покануваат сите медиуми да го проследат настанот.


 
Соопштение

На 30.03.2009 година, во рамки на реализацијата на проектот „145 фискултурни сали“, во 13:00 часот, свечено беше поставен камен-темелник за изградба на фискултурна сала во ОУ „Св. Кирил и Методиј “ во с. Стојаково.

Камен-темелникот го поставија, Никола Груевски претседател на Владата на Република Македонија, Васко Шутаров пратеник во Собранието на Република Македонија и Елена Манолева-Ѓавоманова директор на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во с. Стојаково.   

прочитај повеќе...


 
Поставен камен-темелник за изградба на фискултурна сала во ОУ „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје

Министерството за образование и наука Ви соопштува дека, денес на 30 март 2009 година, во основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ беше поставен камен–темелник за изградба на училишна фискултурна сала. Салата ќе има површина од 650 метри квадратни и треба да биде отворена на почетокот на следната учебна 2009/2010 година кога ќе и биде предадена на користење на општината Карпош.

На поставувањето на камен-темелникот присуствуваа заменик-претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Ставрески, министерот за информатичко општество Иво Ивановски, државниот секретар во Министерството за образование и наука Дарко Митевски и в.д градоначалникот на општина Карпош Сашо Димиќ.

прочитај повеќе...


 
Известување

Министерството за образование и наука Ве известува дека, денес на 30.03.2009 година, во рамки на реализацијата на проектот „145 фискултурни сали“, во 12:30 часот, ќе се постави камен-темелник за изградба на фискултурна сала во ОУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ во општината Карпош во Скопје.

На настанот ќе присуствуваат, Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Ставрески, Државниот секретар во Министерството за образование и наука, Дарко Митевски и в.д градоначалникот на Општина Карпош, Сашо Димиќ.

Се покануваат сите медиуми да го проследат настанот.


 
Министерот Стојановски во Охрид најави изградба на четири фискултурни сали

Министерот за образование и наука Перо Стојановски денеска престојуваше во работна посета на  Охрид при што посети неколку училишта каде е предвидена изградба на фискултурни сали во рамки на проектот „145 фискултурни сали“.

При посетата на основното училиште „Ванчо Николески“ во селото Лескоец, Стојановски изјави дека Министерството за образование и  наука со изведувачот „Гранит“ веќе потпишало договор за изградба на неколку сали и оти четири од нив ќе бидат изградени во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец, ОУ „Кочо Рацин“ во Охрид, ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид и во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. 

прочитај повеќе...


 
Соопштение

Министерството за образование и наука Ви соопштува дека, денес на 27.03.2009 година (петок), Министерот за образование и наука, Перо Стојановски посети неколку училишта во Општина Охрид и тоа: ОУ „Ванчо Николески“ во с. Лескоец; ОУ „Кочо Рацин“ во Охрид; ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид; ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид.

прочитај повеќе...


 
Соопштение

Министерството за образование и наука Ви соопштува дека, денес на 27.03.2009 година (петок), Министерот за образование и наука, Перо Стојановски го посети Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип по повод 27 март - патрониот празник на универзитетот.

прочитај повеќе...


 
Известување

Министерството за образование и наука Ве известува дека, денес на 27.03.2009 година (петок), Министерот за образование и наука, Перо Стојановски ќе посети неколку училишта во Општина Охрид:

  • ОУ „Ванчо Николески“ во с. Лескоец;
  • ОУ „Кочо Рацин“ во Охрид;
  • ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид;
  • ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид.

Во овие училишта треба да се изградат фискултурни сали во рамките на проектот „145 фискултурни сали“ на Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука.

При посетата на ОУ „Ванчо Николески“ во с. Лескоец, во 14:30 часот Министерот за образование и наука, Перо Стојановски ќе даде изјава за медиумите.

Се покануваат сите медиуми.


 
Известување

Министерството за образование и наука Ве известува дека, денес 26.03.2009 година (четврток) во 14:30 часот, во просториите на Средното училиште „Лазар Танев“ во Скопје Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Ставрески, Министерот за образование и наука, Перо Стојановски, Министерот за Информатичко општество, Иво Ивановски и Директорот на Бирото за развој на образованието, Весна Хорватовиќ ќе присуствуваат на презентацијата на обуките за ЕДУБУНТУ.  

На настанот ќе присуствуваат и претставници на провајдерите, Природно-математичкиот факултет и ФОН Универзитетот, кои на лице место ќе го презентираат функционирањето на обуките за ЕДУБУНТУ.

ЕДУБУНТУ е едукативна програма за која ќе се обучуваат професорите во училиштата како да ги користат компјутерите за предавање на наставните содржини на часовите. Обуката започнува во март и со неа ќе бидат обучувани професорите од средните училиштата во Република Македонија.

Се покануваат сите медиуми да го проследат настанот.


 
Известување

Министерството за образование и наука, Ве известува дека, денес на 24.03.2009 година (вторник), Министерот за образование и наука, Перо Стојановски во 13:00 часот во ОУ „11 Октомври“ во Скопје ќе присуствува на промоција на проектот за обновување и санација на училишната зграда.

Проектот е поддржан од Владата на Република Македонија, Министерството за образование и наука, Агенцијата за млади и спорт и локалната самоуправа.

Се покануваат сите медиуми да го проследат настанот.


 
Премиерот Груевски и министерот Стојановски го поставија камен-темелникот на нова спортска сала во Василево

Премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука Перо Стојановски денеска во рамките на проектот на Владата за изградба на 145 спортски сали во Република Македонија, во ОУ „Гоце Делчев“ во Василево поставија камен-темелник на нова училишна спортска сала, која треба да биде готова за шест месеци.

прочитај повеќе...


 
Обраќање на министерот за образование и наука, Перо Стојановски по повод поставувањето камен-темелник за изградба на фискултурна сала во средното училиште „Богданци“ во Богданци

Високо на агендата на Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука се развивање на спортот и спортските активности. Зошто проверена вистина е дека телесните активности не само што придонесуваат за човековото здравје, туку  се и идеална подлога за создавање на за ментално здрава младина, односно ефикасна превентива од искушенијата на модерното живеење. Дека плановите на Владата и Министерството на образование и наука успешно се реализираат говори и податокот дека во само 2 дена се поставија камен темелниците на 3 нови сали: првата во Струга, во основното училиште Јосип Броз Тито, втората денес тука во Богданци и третата во Василево, голема сала со од 1300 м2 со трибини и 400 седишта.

прочитај повеќе...


 
Известување

Министерството за образование и наука, Ве известува дека, денес на 20.03.2009 година, во рамки на реализацијата на проектот „145 фискултурни сали“, Министерот за образование и наука, Перо Стојановски свечено ќе постави камен-темелник за изградба на фискултурни сали во:

  • Средното училиште „Богданци“ од Богданци во 12:00 часот;
  • Основното училиште „Гоце Делчев“ с. Василево, Струмица во 15:30 часот.

Се покануваат сите медиуми да ги проследат двата настани.


 
Реакција на Министерството за образование и наука Во врска со наводите на INGRA D.D.

Во врска со наводите на градежната компанија INGRA D.D. од Загреб за склучениот договор помеѓу Министерството за образование и наука и градежната фирма А.Д. „Гранит“ од Скопје за изградба на 145 спортски сали, Министерството за образование и наука на јавноста и го соопштува следново:

Државната комисија за жалби по јавни набавки на ден 16.03.2009 година донесе решение со кое утврдува дека жалбата поднесена од страна на INGRA D.D. од Загреб се одбива како неоснована.

Со оглед на фактот дека решението на Државната комисија за жалби по јавни набавки е конечно, отстранети се сите правни пречки за склучување на договорот со избраниот изведувач.

Решение на Државната комисија за жалби по јавни набавки (превземи).


 
Говор на Министерот за образование и наука Перо Стојановски одржан при поставувањето на камен-темелникот на фискултурната сала во ОУ „Јосип Броз Тито“ во Струга

Проверена вистина е дека спортот и спортските активности се идеална подлога за создаванје на здрава младина и ефикасна превентива од искушенијата на модерното живеење. Задавајќи си приоритетна цел – грижа за младите, за нивното ментално и физичко здравје, како и за подобрување на квалитетот на образованието, Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука го промовираше Проектот за изградба на 145 фискултурни сали, како израз на заложбите за создавање на услови за зголемување на интересот за спорт и спортски активности кај младите луѓе. Во рамките на овој проект, за кој од Буџетот на Република Македонија се издвоени 46 милиони евра, а од Банката за развој при Советот на Европа 12,5 милиони евра,  109 фискултурни сали ќе бидат доделени на основните, а 36  на средните училишта низ целата територија на нашата држава.

прочитај повеќе...


 
Известување

Министерството за образование и наука, Ве известува дека, денес на 19.03.2009 година, во рамки на реализацијата на проектот „145 фискултурни сали“, во 11:30 часот, Министерот за образование и наука, Перо Стојановски ќе постави камен-темелник за изградба на фискултурна сала во ОУ „Јосип Броз Тито“ во Струга.

Се покануваат медиумите да го проследат настанот.


 
Соопштение

Министерството за образование и наука Ви соопштува дека, денес на 18.03.2009 година, беше потпишан договор помеѓу Министерството за образование и наука и АД „Гранит“ од Скопје за изградба на „145 фискултурни сали“. Договорот го потпишаа Министерот за образование и наука, Перо Стојановски и генералниот директор на АД „Гранит“, Страшо Милковски.

Целта на проектот „145 фискултурни сали“ е зголемување на интересот и овозможување на услови за спортот и спортските активности кај младите луѓе.

Во рамките на проектот ќе се изградат и комплетно опремат 145 фискултурни сали од кои 109 во основните училишта и 36 во средните училишта на цела територија на Република Македонија со опфат на скоро сите Општини.

прочитај повеќе...


 
Говор на заменик министерот за образование и наука, по повод информативниот ден за програмата Еразмус

Образованието претставува сила која не обединува сите. Обединети ние учиме и обединети треба да учиме понатаму. Во тој дух се создава поинаков 21. век, похуман и поблизок до идеалите за соживот и подобра иднина. Карактерот на 21-виот век или карактерот на било кое време зависи од улогата на образованието и зрелоста на едукаторите. Ова значи дека успехот, квалитетот, значењето, содржината на образованието се одлучувачки фактори за соживот обединети околу основните човечки вредности.

прочитај повеќе...


 
Соопштение

Министерството за образование и наука Ви соопштува дека, денес на 12.03.2009 година, Министерот за образование и наука, Перо Стојановски го посети подрачното основно училиште „Дитурија“ во с. Крушопек.

Целта на посетата беше надминување на проблемот со далноводот кој поминува над училишната зграда. За обезбедување на сигурност на учениците во с. Крушопек е склучен договор помеѓу ЕВН и Министерството за образование и наука. Министерството ги презема финансиските обврски за дислокација на далноводот со инсталација на подземни високонапонски кабли, а ЕВН во рок од 20 дена се обврзува да ги заврши предвидените градежни работи.

прочитај повеќе...


 
15–тата заедничка средба на CEEPUS министрите

На 6-ти март 2009 година во Букурешт, Романија се одржа 15-тата заедничка средба на CEEPUS министрите. Домаќин на овогодишната средба беше министерот за образование, наука и иновации на Романија, г-ѓа Екатерина Андронеску. На истата учество земаа делегации од земјите потписнички на Меѓународниот CEEPUS II договор, меѓу кои и тричлена делегација од Министерството  за образование и наука на Република Македонија, во состав г-дин Борчо Алексов, советник во Кабинетот на министерот за образование и наука - одговорен за високо образование, наука и технолошки развој, м-р Снежана Билиќ - Сотироска, помошник раководител на Секторот за високо образование и Нада Атанасовска, соработник во Националната CEEPUS канцеларија.

прочитај повеќе...


 
Учениците во гостиварското село Врапчиште учат во реновирана зграда

Министерот за образование и наука Перо Стојановски денеска на пригодна свеченост ја промовираше реновираната училишната зграда на ОУ „Чеде Филипоски“ во гостиварското село Врапчиште.

За реновирањето на училишниот објект се вложени околу 300 илјади евра, обезбедени од Министерството за образование и наука и од   Турската агенција за меѓународна соработка. Стојановски вети дека годинава ќе почне и изградба на спортска сала.

прочитај повеќе...


 
Свечено отворање на реконструираната училишна зграда на ОУ “Чеде Филипоски” во с. Врапчиште

Министерството за образование и наука, Ве известува дека утре, 04.03.2009 година (среда), министерот за образование и наука, Перо Стојановски свечено ќе ја пушти во употреба реконструираната училишна зграда на ОУ „Чеде Филипоски“ во с. Врапчиште.

Со финансиската поддршка од Турската агенција за меѓународна соработка се обновија: надворешната и внатрешната фасада на зградата, вратите, прозорците и подот во училниците, како и училишните клупи и столчиња.

Оваа донација е надополнување на веќе преземените активности за санација на покривот и санитарните јазли во училишната зграда, со што целосно се обезбедуваат соодветни услови за изведување на наставно – образовниот процес за осумстотините основци.

Настанот ќе започне во 12:00 часот во просториите на ОУ „Чеде Филипоски“ во с. Врапчиште.

Ги покануваме сите медиуми.


 
СООПШТЕНИЕ

На 26 февруари 2009, Проектот на УСАИД и Министерството за образование и наука потпишаа Меморандум за соработка во спроведувањето на иницијативи за развој на работна сила, вклучително и Националната програма за практикантска работа и вработување, Програмите за обука и сертификација, Програмите за партнерства помеѓу индустријата и образованието, и работната група за развој на работната сила. На настанот беше направена презентација на Националниот портал за практикантска работа и вработување, www.mojakariera.com.mk, кој е подготвен во рамките на програмата за практикантска работа и вработување на УСАИД Проектот за конкурентност. 

прочитај повеќе...


 
Потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Проектот на УСАИД за конкурентност

Министерството за образование и наука Ве известува дека утре 26.02.2009 година (четврток), Министерството за образвоание и наука и Проектот на УСАИД за конкурентност ќе потпишат Меморандум за соработка во спроведувањето на иницијативи за развој на работна сила. Стратешки интервенции кои се предвидуваат во текот на времетраењето на Проектот се: Националната програма за практикантска работа и вработување, Програмите за обука и сертификација, Програмите за партнерства помеѓу индустријата и образованието и работната група за развој на работна сила.

прочитај повеќе...


 
Известување

Министерството за образование и наука, Ве известува дека до ден 23.02.2009 година, сеуште ги нема добиено пресметките за исплата на плата за месец јануари 2009 година за училиштата од општините: Илинден, Чаир, Вевчани, Тетово, Берово, Македонски Брод, Валандово, Дебар, Центар Жупа, Демир Хисар, Гевгелија, Богданци, Кавадарци, Зајас, Осломеј, Кочани, Чешиново Облешево, Зрновци, Радовиш, Липково, Крушево, Неготино и Свети Николе.

Од причина што исплатата на платите за вработените во училиштата, не може да се изврши се додека податоците не бидат добиени од општините, Министерството за образование и наука ги известува сите општини кои не доставиле податоци, согласно новиот начин на пресметка на плати, истите потребно е да ги достават најдоцна до 25.02.2009 година. Напоменуваме дека пресметките треба да бидат проверени, со точни и веродостојни податоци и потврдени со потпис и печат од страна на Градоначалникот на општината.


 
Соопштение

Во неделата (15.02.2009 година), во салата на Македонската опера и балет се одржа концертната промоција на проектот „Кирилицо испеана“, организирана од Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука.

прочитај повеќе...


 
Известување

Министерството за образование и наука, Ве известува дека Владата на Данска нуди стипендии за постдипломски-магистерски студии во областа на климатските промени за странските студенти за студирање во Данска за академската 2009/2010.

прочитај повеќе...


 
Гала концертна промоција на проектот „КИРИЛИЦО ИСПЕАНА“

Министерството за образование и наука Ве известува дека во недела (15.02.2009 година), Владата на Република Македонија и Министерството за образвоание и наука ќе организираат концертната промоција на проектот „Кирилицо испеана“. Концертот ќе се случи во Македонската опера и балет со почеток во 20.00 часот. ЦД-то „Кирилицо испеана“ - македонски хитови кои сеуште не го изгубиле сјајот е само еден од проектите на Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука за одбележување на 2008-та Година на македонскиот јазик.

прочитај повеќе...


 
Почна изградбата на средно училиште во општината Шуто Оризари

Во скопската општина Шуто Оризари денеска свечено беше поставен камен-темелник за изградба на средно училиште, за економко-правна и трговска насока, инвестиција на Владата од 100 милиони денари. Објектот ќе се гради на површина од 9.390 метри квадратни, ќе има современа опрема и капацитет за околу 950 ученици. Според најавата на Владата, новото училиште треба да проработи за седум до девет месеци.

прочитај повеќе...


 
Обраќање на министерот Стојановски по повод поставување на камен темелник за изградба на средно училиште во Шуто Оризари

Ако потенцијалната сила и услови за прогрес на една држава се мери според човечките и технички ресурси, тогаш вложувањата на таа држава во образовниот процес мора да биде еден од нејзините приоритети. Од друга страна, ако сакаме да зборуваме за граѓанско, мултикултурно општество во вистинската смисла на зборот, тогаш на државата и се наметнува приоритетната задача да ја развива свеста за значењето на образованието и да создава клима тоа, под еднакви услови, да биде достапно за сите. Оваа Влада на Република Македонија, заедно со Министерството за образование и наука, изготвувајќи ја својата „Програма во 100 чекори“, си ги постави како приоритетни ваквите задачи. Како дел од резултатите е и изградбата на средно училиште во населбата Шуто Оризари.

прочитај повеќе...


 
СООПШТЕНИЕ

Министерството за образование и наука, Ве информира дека изминативе две години интензивно се ангажира да ја воспостави комуникацијата и соработката со надлежните структури за обезбедување на безбедно следење на наставата во средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“. Успешното менаџирање во образованието подразбира посветеност и одговорност на: општина Струга, директорите на средните училишта „Нико Нестор„ и „Ибраим Темо“, Советот на родители, наставните колективи на наставниците албанци и наставниците македонци, како и претставници на средношколци од овие две училишта.

прочитај повеќе...


 
 
Македонија доби 3,5 милиони евра во четвртата фаза на Темпус програмата

Во рамки на четвртата фаза на Темпус програмата на Македонија овозможени и се 3,5 милиони евра од регионалните претпристапни фондови за 2008 година.

Конкурсот што се отвори денеска бара меѓусебна соработка на универзитетите од Република Македонија и регионална соработка со високообразовните институции од Западен Балкан. Со еден проект треба да соработуваат најмалку три универзитети, вклучувајќи ги сите акредитирани високообразовни институции кај нас и во регионот.

прочитај повеќе...


 
Обраќање на министерот Стојановски по повод Националниот информативен ден за Темпус програмата

Ми претставув особена чест и задоволство да го по­здравам вашиот одзив на Националниот информативен ден за Темпус Про­грамата, организиран од Генералниот директорат за обра­зо­ва­ние и култура на Европската Комисија, во соработка со Делегацијата на Европската Комисија во Република Македонија и На­цио­налната Темпус канцеларија при Министерството за образование и наука.

прочитај повеќе...


 
Известување

Министерството за образование и наука Ве известува дека во петок, 06.02.2009 година, ќе биде одржан Национален Темпус информативен ден, во рамки на информативната кампања за отварањето на новиот Конкурс на Темпус 4 програмата, а организиран од страна на Генералниот директорат за образование и култура на Европската комисија, во соработка со Националната Темпус канцелиарија при Министерството за образование и наука и Делегацијата на Европската комисија во Скопје. Настанот ќе започне во 10.00 часот во просториите на Економскиот факултет во Скопје.

прочитај повеќе...


 
Втор ден од работната посета на министерот Перо Стојановски на Република Хрватска

Министерството за образование и наука Ве информира дека денес, 03.02.2009 година (вторник), делегација предводена од министерот за образование и наука, Перо Стојановски го посети Лекторатот за македонски јазик при Филозофскиот факултет во рамки на Универзитетот во Риека.

Во говорот кој Министерот го одржа пред присутните беше изразено неговото задоволство од отворањето на новиот Лекторат по македонски јазик и беше потенцирана традиционално блиската соработка помеѓу Република Македонија и Република Хрватска, која соработка се манифестира и во сферата на науката, образованието и спортот. „Споделување на нештата бара однос на заемна доверба и разбирање, онаков каков што низ историјата се покажува во релациите помеѓу Македонија и Хрватска„ истакна Министерот.

прочитај повеќе...


 
Обраќање на министерот Перо Стојановски пред присутните во Лекторатот по македонски јазик при Филозофскиот факултет во рамки на Универзитетот во Риека

Изразувајќи го задоволството од отворањето на Лекторатот по македонски јазик, но особено од големиот интерес што оваа студиска програма ја предизвика на Филозофскиот факултет во Риека, по овој повод, би сакал уште еднаш да ги нагласам традиционално блиските односи помеѓу нашите две земји, кои денес се манифестираат во сите сфери, а особено на полето на науката, образованието и спортот. Споделување на нештата бара однос на заемна доверба и разбирање, онаков каков што низ историјата се покажува во релациите помеѓу Македонија и Хрватска.

прочитај повеќе...


 
Посета на министерот Перо Стојановски на Република Хрватска

Министерството за образование и наука Ве информира дека денес, 02.02.2009 година (понеделник), делегација предводена од министерот за образование и наука, Перо Стојановски оствари работна посета на Република Хрватска.

Делегацијата и Министерот го посетија Ректоратот на Универзитетот во Загреб, каде остварија средба со проф. д-р Алекса Бјелиш, ректорот на Универзитетот. На средбата беа разгледани прашања од заеднички интерес поврзани со унапредување и развој на високо-образовниот процес во двете земји.

прочитај повеќе...


 
Известување

Министерството за образование и наука Ве известува дека на 2 и 3 февруари 2009 година, министерот за образование и наука Перо Стојановски ќе оствари работна посета на Република Хрватска, каде ќе се сретне со министерот за наука, образование и спорт на Република Хрватска, проф. д-р Драган Приморац.

Целта на посетата е унапредување на востпоставената добра соработка помеѓу Република Македонија и Република Хрватска во областа на образованието.

прочитај повеќе...


 
Министерот Перо Стојановски се сретна со претставници на верските заедници

Министерството за образование и наука Ве информира дека денес, 29.01.2008 година (четврток), министерот за образование и наука, Перо Стојановски оствари средба со претставници на верските заедници од Република Македонија. На средбата беа разгледани прашања во врска со начинот на реализација на наставата по вероучение во основните училишта на територијата на Република Македонија, за проблемите кои се јавуваат на терен и што треба Министерството од една страна и локалната самоуправа од друга да превземат со цел наставата по овој наставен предмет да се одвива нормално. Воедно, на средбата беше отворено и прашањето за верските средни училишта и нивно приклучување кон системот на јавно образование.

прочитај повеќе...


 
Министерот Перо Стојановски се сретна со високиот комесар на ОБСЕ, Кнут Волебек

Министерството за образование и наука Ве информира дека денес, 28.01.2008 година (среда), министерот за образование и наука, Перо Стојановски оствари средба со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, амбасадорот Кнут Волебек, кој е во тридневна посета на нашата земја.

За време на средбата министерот Стојановски и високиот комесар Волебек постигнаа согласност за значењето на образованието како точка на обединување и основа за развивање на меѓуетнички дијалог.

прочитај повеќе...