Општина Свети Николе
Унапредувањето на родовата еднаквост PDF Печати

Проект:  Воспоставување  рамка за ефективно спроведување  на Законот за еднакви можности  на жените и мажите во локалнта  самоуправа 

       На ден 20 и 21.11.2009 година во Општина Свети Николе се одржа воведна обука за основни концепти и стратешки приоди во промовирањето и унапредувањето на родовата еднаквост. Обуката беше спроведена од страна на Здружението Акција Здруженска, а на истата учествува претставници од Локалната администрација , Комисијата за еднакви можности и останати  советници, се со цел за успешно имплементирање на Законот за еднакви можности.

 

Повеќе...
 
Едношалтерска канцеларија PDF Печати

ЕДНОШАЛТЕРСКА  КАНЦЕЛАРИЈА 

      Во  рамките на Општина Свети Николе од 15.09.2009 година, започна со работа т.н. Едношалтерска канцеларија која се наоѓа во приземјето на општинската зграда.

      Канцеларијата е опремена со поддршка од Европската унија и во неа секој граѓанин ќе може да ја добие потребната информација  и услуга од работењето на Локалната  самоуправа.Ова е првиот чекор  кон создавање на т.н. Е- Општина

( Електронска  Општина).

        Принципот на функционирање на  оваа канцеларија се состои  во тоа што секое барање од граѓаните ќе биде скенирано преку внатрешна компјутерска мрежа,истото ќе биде архивирано, а потоа препратено до градоначалникот или раководителот на секторот ( во зависност од областа на која се однесува ).

   

Повеќе...
 
Соопштение - Ден на дрвото PDF Печати

С О О П  Ш Т Е Н И Е

    Ве известуваме дека акцијата Ден на дрвото „Засади ја својата иднина“  ке се одржи на  13 ноември 2009 година (петок). Ги повикуваме сите граѓани на Општина Свети Николе да земат активно учество и со засадување на што повеќе садници да придонесат кон унапредување на животната средина.

              Пошумувањето ке се спроведува на следниве локации: 

  • КО Орел место викано „Ковчези“  и
  • КО Свети Николе место викано „Рудина“ и „Сивир тепе“

             За таа цел ќе биде организиран бесплатен превоз на граѓаните до локацијата каде ке се врши пошумување.

 Тргнувањето  на автобусите  е  од 8.00 часот пред училиштата и центарот на градот, и истите ке ротираат во текот на денот.

Убедени сме дека ке го дадете својот максимален придонес, за успех и на втората годинешна акција за пошумување.

 
Ден на дрвото PDF Печати

ОДРЖАНА АКЦИЈА ДЕН НА ДРВОТО 

  На ден 13.11.2009 година се одржа акцијата Ден на дрвото „Засади ја својата иднина“, на која учествуваа Градоначалникот на Општина Свети Николе г- дин Роберт  Ѓоргиев,  голем број на граѓани, ученици , вработени во државните институции и локалната самоуправа, се со цел да  го дадат својот придонес за успех и на втората годинешна акција за пошумување.

      Пошумувањето  се спроведе на следниве локации:

  • КО Орел место викано Ковчези и
  • КО Свети Николе место викано Рудина и Сивир тепе

  

Повеќе...
 
Јавен повик 31.10..2009 PDF Печати

Врз основа на Одлука бр.0701-686 од 31.10.2008 и Одлука бр.0701-631 од 29.09.2008 година донесени од Советот на Општина Свети Николе, Градоначалникот на општината го распишува следниот:

 

ЈАВЕН ПОВИК

 

Се известуваат сите заинтересирани Здруженија на граѓани и фондации, како и спортски клубови и други форми на здружување во областа на спортот дека Општина Свети Николе започна со изготвување на Нацрт буџетот за 2009 година.              Од тие причини доколку сметате дека Вашите предлог проекти треба да бидат вклучени во истиот, потребно е да доставите комплетна документација во општината до 16.11.2009 година.

Согласно Одлуката бр. 0701-686 од 31.10.2008 год.здруженијата на граѓани и фондации потребно е да достават:

  • Комплетна документација од извршена регистрација и Статут;
  • Годишна програма за работа;
  • Наративен и финансиски извештај за последните две години (доколку постојат подолг временски период)
  • Листа на реализирани проекти домашни и меѓународни и заеднички проекти со општината;
  • Формулар за аплицирање( кој може да се подигне од Информативниот центар или од ВЕБ страната на општината.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 Следно > Крај >>

Лист 1 од 2
Македонски (Macedonia)English (United Kingdom)

Кој е онлајн

Има 8 гости присутни

Анкета

Како би ја оцениле транспарентноста во работењето на локалната самоуправа на Општина Свети Николе?
 
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер