прва страна инфо прилози импресум маркетинг контакт  
четврток, 18 февруари 2010    
 
 
Актуелно
Во фокусот
Република
Економија
Отворена
Свет
Хроника
Метропола
Фељтон
Култура
Спорт
Омнибус
АРХИВА
ПРЕТХОДНИ СОДРЖИНИ
Насловна























Пораст на ирачки деца родени со недостатоци
Како да се најде работа во странство?
Германските иноватори во опасност?
Нов пакет антикризни мерки за Грција
„Сараево не беше невино“
Пребарување
dnevnik.com.mk
  
Барај со НАЈДИ!
  
Барај со НАБУ
  


 
Култура

Почнува ревитализацијата на скопската чаршија

Со реализацијата на програмата треба да се врати сјајот на скопскиот ориент

Обновување фасади на старите куќи, поддршка на занаетите, економски развој, туристички тури, организација на концерти, изложби, промоции, законски одредби за заштита на градбите и за задржување на автентичноста треба да добие Старата скопска чаршија. Ревитализацијата е предвидена да се реализира во следните пет години од страна на Министерството за култура, Министерството за транспорт и врски, Градот Скопје, општините Центар и Чаир, организацијата на занаетчиите, невладини организации, здруженија, граѓани, уметници, архитекти.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека со програмата ќе се овозможи тој простор да се развие стопански, културно, урбано и притоа да го задржи својот идентитет како место во кое се мешаат традицијата, културата, обичаите.

- Со ревитализацијата ќе се овозможи општ развој на заедницата во чаршијата, но и на сите оние што тука ќе доаѓаат да работат, учат или да го поминат слободното време. Старата скопска чаршија е наше заедничко богатство и затоа е заедничка одговорноста да се грижиме за неа и да ја зачуваме. Со програмата ќе му го вратиме сјајот на скопскиот ориент - рече Канческа-Милевска.

Таа истакна дека е во тек и процесот на инвертаризација на Чаршијата при што до сега биле опфатени 300 објекти.

Градоначалникот на Општината Чаир, Изет Меџити, смета дека со програмата чаршијата ќе се развива културно и стопански.

- Старата скопска чаршија ни е оставена како наследство, но и како обврска да ја зачуваме и развиваме. Таа е доказ за различните историски периоди и за вековниот соживот на овие простори. Битно да ја заживееме и ревитализираме и да го покажеме нејзиното историско, културно, но и политичко значење во нашиот главен град - рече Меџити.

Плановите за заживување и издигнување на овој културен и историски простор од главниот град ги води Националниот совет за ревитализација на Старата скопска чаршија на чие чело е Јасмина Хаџиева-Алексиева.

Таа на промоцијата презентира поголем дел од програмата, која треба да заврши до 2015 година. Како што истакна, ревитализацијата ќе биде поделена во пет области и тоа, занаети, туризам, култура, угостителство и услужни дејности. Во делот со културата се предвидува да се организираат изложби, театарски претстави, концерти, ликовни ателјеа на отворено, филмски проекции. Ќе бидат поттикнати занаети што се значајни за идентитетот, но и за стопанскиот развој на чаршијата. Се планираат изработки на туристички мапи, ангажирање туристички водичи, отворање туристички сервис.

Како што истакна Хаџиева-Алексиева, ќе бидат подготвени и нови правилници со кои строго ќе се контролира урбанистичкото планирање и реновирањето на приватните објекти. Плановите за ревитализацијата се достапни на интернет-страницата www.skopskacarsija.gov.mk.

Тоше Огњанов


#


Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
              *Ве молиме впишете ја шифрата и притиснете испрати
ASP CAPTCHA Generator 



Време

 Четврток       Петок
 
 мин-макс     мин-макс
    1/12             1/9

Хороскоп
курсна листа

 EUR      61.50
 AUD     40.35
 USD     45.32
 GBP     68,89


 
 
прва страна   контакт