ПОСЛЕДНО НАЈАВЕНИ ЧЛЕНОВИ

НОВИ ЧЛЕНОВИ

РАНДОМ ЧЛЕНОВИ

АНКЕТА

Што мислите за Магазин 4 ?
 

АНКЕТА

Колкаво влијание имa ГУРУ во вашиот живот ?
 

ПРИСУТНИ

СТАТИСТИКA

Членови : 462
Содржина : 507
Прегледи : 240679

АРХИВА

 авг   септември 2010   окт
нпвсчпс
   1  2  3  4
  5  6  7  8  91011
12131415161718
19202122232425
2627282930 
Julianna Walker Willis Technology

ИНТЕРВЈУ СО STR2
Среда, 08 Септември 2010 02:29
 

Конечно после долго време, да речеме година дена од планираното :), изготвивме интервју со хипхоп ветераните СТР2. Имавме многу побарувања од страна на посетителите за интервју со СТР2 па се надевам дека ќе ви се допадне овој потег од страна на hiphop.mk. Ние имавме многу прашања, а они ни дадоа одлични одговори, но да оставиме вие да одлучите за тоа.

 

hiphop.mk: Здраво момци, како сте ? Конечно и вие дојдовте на ред, а ??? :))) мала шала... (со момците од СТР2 требаше да направиме интервју уште лани, вината е кај нас, можете слободно да не пцуете...)

 

STR2: Да, да... Боље покасно него никад, како и да е. Ок сме, вчера снимавме нова трака со Легијата па сме у хипхоп mood(не дека некад не сме :)).

 

hiphop.mk: За почеток би сакал да ни се претставите и да ни кажете што значи името СТР2 ?

 

STR2: СТР2 се Струја и Блажеј како емсија, а Струја е и продуцент на дел од траките како и диџеј. СТР2 значи Стриктно Тврди Рими а двојката е ставена за да сите прашуваат што значи(мала шала).

 

hiphop.mk: Кога започна СТР2 со снимање музика и како дојдовте до идејата да формирате рап група ?  

 

STR2: СТР2 како група снимаат негде од 2001-ва, а идејата дојде од сличните стилови што со тек на време испадна како добра идеа пошто и се развивавме како емсија у ист правец.

 

hiphop.mk: Како изгледаше тогаш мак-рап сцената, во споредба со ова што го гледаме и слушаме денеска ?

 

STR2: Кога почнавме да снимаме рап сцената уште беше хардкор, у смисол дека се беше нискобуџетно и не беше популарно да си рапер. Разликата за децата што снимаат денес и нас беше што тие имаат на кого да се угледаат, иако и во наше време имаше рап-артисти сепак рапот беше во посурова форма и не толку во тек со стил и скил на емсијата во светот. Со тоа не мислам дека не ги прател трендовите него немаше многу емсија што фураат флоу и обрнуваат повеќе внимание на нивните текстови од тој аспект. Сега децата ќе чујат македонски артисти и го копираат нивното, а ние моравме да создадеме свое, зашто скилот и римувањето се специфични за јазикот и неможеш баш да копираш амерички емсија него можеш само да попримиш влијание. Тоа е од една страна добро само нуспојава е што често се случува помладите рапери да копираат некого и да изгубат оригиналност што ги ограничува како артисти и им ја намалува вредноста.

 

hiphop.mk: А кога би можеле да промените нешто на сценава или кај помладите артисти што би било тоа ?

 

STR2: Рапот денес е популарен и сите сакаат да снимат песна и да се експонираат, и многу за жал звучат како бледа копија на некој друг. Влијанието не е лоша работа ама ако ти се свиѓа нечив стил треба да пробаш да внесеш нешто ново во него или да го надградиш. Затоа би им препорачале на помладите артисти да се стремат кон тоа што се стремат тие што им се пример, а не да се стремат да бидат како нив.

 

hiphop.mk: Кој беше насловот на вашата прва песна и која беше нејзината тематика ?

 

STR2: Првата песна ќе да е Строго тврди рими, а тематиката беше општо рап за нашето сваќање на рапот и животот, со некои класика рап рими.

 

hiphop.mk: Низ бројки, како изгледа вашата дискографија: песни, соработки, албуми... на кратко, каде и со кого се се снимани вашите песни ?

 

STR2: СТР2 како група имаат издадено еден албум – Не заборавај, а соработки имаат на албумите на Џака Накот, Исток-Запад, потоа песни на компилацијата Шурикен... Како дел од Легијата се на албумот Лош ден за империјата. Песните се снимани во студиото на Таз, кај Аго, кај Марко – Зад Аголот и во поново време кај диџеј Гоце од Саф.

 

 

hiphop.mk: Колку време беше потребно за да исплива на површина вашиот прв албум ?

 

STR2: Па колку што се сеќавам албумот искочи негде 2007-ма во Јуни, а песните се правени во период од 2002-ра до 2005, со неколку понови траки. Самиот процес на миксање и издавање траеше некои 2 години. Се надеваме дека се исплатеше трудот и чекањето.

 

hiphop.mk: Мораме да признаеме дека имате препознатив стил на римување и уникатно флоу... Од каде црпите мотивација и како "пластично" би ни опишале, како изгледа составувањето на вашите текстови ? (дали ги пишувате заедно - истовремено или едниот од вас прв започнува, па после се надополнувате).

 

STR2: Текстовите доаѓаат најчесто спонтано, значи ние пишуваме текстови постојано, а ако некој има идеа за конкретна трака или па кога ќе дојде ред да се снима ако имаме слични текстови тогаш ги досредуваме или адаптираме. Понекогаш едниот пишува текст за темата на другиот, или пишуваме за некоја инструменталка а во поново време за Легијата некои текстови се напишани на лице место. Иначе текстовите обично ги пишуваме посебно а рефрените ги правиме заедно.

 

hiphop.mk: Кои се вашите омилени артисти или идоли ако ги имате и чиви рими преферирате да слушате ?

 

STR2: Омилени артисти се многу, може да ги спомнеме Biggie, Kool G, 2Pac, Nas, Big Pun, Big L, Gangstarr, Wu, NTM, Rakim…

 

hiphop.mk: Дали хип-хопот е мртов, дали умира или се трансформира во нешто трето ?

 

STR2: Енергијата во хипхоп-от е во надолна линија, иако популарноста е тука формата е извештачена и тој се претвора во продукт а не уметност. Сеуште има талентирани артисти и луѓе кои прават рап за душа ама самата индустрија форсира поедноставен рап кој би допрел до што поширока публика и новите артисти кои може и незнаат дека постои нешто друго прават лоша копија на south хип-хоп кој се пушта во клубовите. Тоа се пренесува и кај нас во последно време а тоа со хипхоп-от е мртов е фраза која воедно е точна и неточна, ако ме сваќате што мислам...

 

hiphop.mk: Вие сте дел од една од постарите, поголемите и би рекол една од најзначајните екипи кај нас, Легијата. Како функционирате таму, која е приказната што ве поврза на почетокот, ште ве поврзува сеуште и нешто повеќе околу Легијата ?

 

STR2: Па Стр2 во Легијата пак го фураат филмот на СТР2 а пошто сите функционираме на другарска база нема некој посебен однос него едноставно сите прават што сакаат.  Тоа е истото што не поврза на почетокот, како и сличното сваќање на правење рап. Легијата е позитивна појава зашто во поголема група секој може да си најде нешто што му се свиѓа и им пружа пристап на сите во неа до поширока публика што не значи само материјална корист за артистите. Некој што чул за Легијата поради фама може ќе чуе нешто од Стр2 што е похард или подлабоко од тоа што го очекувал и ако тоа му се свиѓа ќе се надгради себе, вкусот за музика или што и да е. Истовремено тоа не значи дека Легијата е наш покомерцјален аспект зашто таму не се прават никакви компромиси, едино што допира до поширока публика.

 

hiphop.mk: Јасно е дека се работи, се вртат нови траки, видео записи итн. Дали може да им откриеме на нашите читатели и вашите фанови, што следно може да се очекува од Легијата? И дали можеби наскоро ќе имаме можност да слушнеме некој нов албум од СТР2 ?

 

STR2: Од Легијата може да се очекуваат нови траки и настапи(следниот би требало да е на бела ноќ во почеток на октомври). За групен албум уште нема ништо конкретно, иако се снимаат нови траки, а очекувајте наскоро албум од Струја како соло артист, Против Сите... Уствари скоро сите во Легијата имаат соло проекти кои се очекува да искочат во иднина.

 

hiphop.mk: За пред крај би ве запрашал каде се гледате во иднина, не мислам на 2012 и предвидувањата на Нострадамус :))), туку како ги замислувате СТР2 и хип-хоп сцената во иднина ? (не сакам да чујам за пензионирање).

 

STR2: Не сме многу во бизнисот на замислување, нешто на кое се надевме се подобри услови за правење рап а неостварена желба е да се живее од правење музика што засега е само тоа, желба.

 

hiphop.mk: Сега уште би ве прашал дали имате некоја порака за нашите читатели ? Дали ќе не испцујете нас администраторите во некоја песна ? И секако ако имате некоја пофалба, критика или предлог за хипхоп.мк. Ви благодариме што издвоивте време за нашето интервју.

 

STR2: Поздрав за тоа што правите нешто ради ентузијазмот за хипхоп-от... Предлог и конструктивна критика према други рап-сајтови и блогови е да се фокусирате на барање нови траки од наши и странски артисти што се стварно релевантни за да си го исполните сајтот содржински. Фала за шансата да си кажеме шо имаме и поздрав до вас и сите посетители на hiphop.mk
 

Коментари  

 
0 #1 bboy Cloud 09.09.2010 18:41
Od srce vi posakuvam da vi se ispolni zelbata da ziveete od pravenje rap muzika.Keep it real 1L
Одговор
 

Додади коментар


Безбедносен код
Освежи