Замолкна кларинетот на Тале Огненовски

Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Зоран Димитровски
Малиот Груевски и великиот Путин
Додека Европа се соочува со безизлезен должничко-финансиски вител, а нашите евроатлантски интеграции се замрзнати поради неразумната блокада од Грција, Македонија мора да продолжи да живее. Наспроти изборот што ни се нуди - брзо ...
 
Дарко Митревски
Балкански филмски грации
Мери и Буба нѐ потсетија дека своевремено имало и такви жени - ретки, но толку упорни што успеале да ги победат сите предрасуди на своето време, за денес да добијат аплаузи од кавалерите што не биле ни родени во времето кога ...
 
Александар Русјаков
Доколку останеа живи македонските комунисти
Доколку македонските комунисти предводени од Кузман останеа живи, убеден сум дека денес приказната ќе беше сосема друга. Но тоа е тоа, нас сега Самарас ни е, двор ни е, останува само да се надеваме дека кузмановиот ген не е ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Засекогаш замолкна кларинетот на македонскиот виртуоз Тале Огненовски, кој важеше за еден од најголемите културни амбасадори на Македонија

 
 
  
 Неговата животна приказна, која почна пред точно 90 години во Битола, заврши по плодни девет децении минати во постојана потрага на совршениот звук на кларинетот со кој суверено владееше. Всушност, неговите дела го претставуваат кларинетот како инструмент што има можност да го изрази највисокиот опсег во музиката. Освен на овој инструмент, Огненовски свиреше и на македонските традиционални инструменти: гајда, зурла и тапан, а е автор и на многубројни композиции, претежно за кларинет. Има компонирано и аранжирано околу 150 македонски ора, еден класичен концерт „Тале Огненовски концерт за кларинет бр. 1“ и повеќе џез-композиции.

Македонските ора на Огненовски се изведувани во Швајцарија, Франција, Шведска, Финска, Велика Британија, Данска, во Австрија. Со ансамблот „Танец“ настапувал на најпознатите концертни сцени во Северна Америка и во Европа со фантастичен успех. Особено се издвојува неговиот концерт во престижниот „Карнеги хол“ во Њујорк на 27 јануари во 1956 година, како прв Македонец што настапил на таа сцена, кога добил извонредни оценки од публиката и од критиката.

Како виртуозен солист на кларинет во филмот „Ритам и звук“, 1955 година ги изведува македонските народни ора: „Женскочамче“, „Беранче“ и други, со македонскиот ансамбл на народни игри и песни „Танец“. Неговите снимки за РТВ Белград, „Југотон“, МРТ се уникатни композиции, инспирирани од македонската фолклорна музика. Автор е на нотната збирка „Македонски ора“ издадена во 1989 година.

Огненовски е добитник на голем број награди во поранешна Југославија и во Македонија, меѓу кои и на државната „11 Октомври“, која ја доби во 2003 година.
 
   
 
 
   
   

сподели на пинг
   
 
   
Веста е прочитана: 74          Оценка: 5  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski