четврток, 22 август 2013 | Вести: 93

Македонецот кој ги спречи Сталин и Тито да предизвикаат Трета светска војна

Да­ли СФРЈ ќе ис­чез­не­ше уште во 1956 го­ди­на до­кол­ку Ма­лен­ков не го пре­ду­пре­де­ше Ти­то де­ка СССР ќе ја на­пад­не Ун­га­ри­ја, а по­тоа и – Ју­гос­ла­ви­ја?

malenkov i stalin Life magazin

Ѓорѓи Маленков, Македонец, премиер на СССР во времето на најголемата затегнатост на односите меѓу Тито и Сталин е клучната фигура, која спречила да дојде до напад на Советскиот сојуз врз Југославија. Овие сознанија, кои денес ги обајви американската разунавачка агенција НСА, беа објавени во неделникот Република во бројот од 22 март оваа година.

Во целост го реобјавуваме тој текст од неделникот Република:

 

Со­се­ма бе­ниг­но, по мал­ку на­ви­но, во ма­ке­дон­ски­те ме­ди­у­ми се по­ја­ви ве­ста де­ка Ма­ке­до­нец бил со­вет­ски пре­ми­ер. Уште ед­на ин­те­рес­на вест за ус­пе­хот на Ма­ке­дон­ци­те во све­тот. Но, ко­га ре­шив­ме мал­ку по­ве­ќе да про­ко­па­ме по жи­во­тот, ка­ри­е­ра­та и пред­ци­те на Ѓор­ѓи Ма­кси­ми­ли­ја­но­вич Ма­лен­ков, пре­тсе­да­те­лот на со­ве­тот на ми­ни­стри на СССР, дој­дов­ме до ап­со­лут­но фас­ци­нант­на жи­вот­на сто­ри­ја.

Ма­лен­ков не са­мо што е Ма­ке­до­нец, ту­ку и чо­век што имал ди­рект­но вли­ја­ние врз жи­во­тот на де­неш­на Ма­ке­до­ни­ја – и не са­мо на Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку и на свет­ска­та исто­ри­ја!

 

Зад гр­бот на со­вет­ски­от ли­дер: „Ти­то… Хруш­чов ќе ве на­пад­не!“

malenkov life

Кој е Ма­лен­ков и ка­ко стиг­нал да би­де еден од двај­ца­та нај­моќ­ни лу­ѓе во све­тот на по­че­то­кот од 50-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, ќе разг­ле­да­ме по­до­лу во овој текст. Ма­ке­до­не­цот Ма­лен­ков, во еден клу­чен мо­мент од исто­ри­ја­та, има ди­ре­ктен при­до­нес зо­што то­гаш­на На­род­на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, за­ед­но си си­те дру­ги ре­пуб­ли­ки на СФРЈ не ста­на­ла уште ед­на со­вет­ска ко­ло­ни­ја.

Дра­ма­та се слу­чу­ва­ла во екот на Сту­де­на­та вој­на, во вто­ра­та по­ло­ви­на на 50-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век. Тоа е пер­и­о­дот ко­га две­те су­пер­си­ли САД и СССР се нат­пре­ва­ру­ва­ат во осво­ју­ва­ње на все­ле­на­та и во соз­да­ва­ње на што е мож­но по­сил­но атом­ско оруж­је. Во Ју­гос­ла­ви­ја, пак, Ти­то, тај­но го соз­да­ва Го­ли Оток, ка­де што глав­ни жр­тви се ко­му­ни­сти бли­ски на СССР, но и па­три­о­ти на ре­пуб­ли­ки­те, кои ба­ра­ат по­го­ле­ма де­мо­кра­ти­ја. Осо­бе­но на удар се при­пад­ни­ци­те на РИБ (Ре­зо­лу­ци­ја на Ин­форм­би­ро­то) за кои ју­гос­ло­вен­ска­та УД­БА си­те ги сме­та за аген­ти на НКВД (прет­ход­ни­кот на со­вет­ска­та тај­на служ­ба КГБ). Во тие пе­кол­ни мо­мен­ти за све­тот, не­ве­ро­јат­на хра­брост по­ка­жу­ва­ат Ун­гар­ци­те – се ди­га­ат на ви­стин­ско во­ста­ние про­тив Мос­ква. Во таа 1956 го­ди­на, СССР е при­ну­ден на ин­тер­ве­ни­ра. Мос­ква ги пра­ќа тен­ко­ви­те кон Бу­дим­пе­шта. Ди­рект­но е за­гро­зе­на не­у­трал­на­та Ав­стри­ја, но и Ју­гос­ла­ви­ја. Но, во­е­ни­те стра­те­зи до­бро зна­ат де­ка за удар од јуж­на­та стра­на на за­пад­на Евро­па од кри­тич­но зна­че­ње е да се има под кон­тро­ла ед­на зем­ја, Ју­гос­ла­ви­ја.

Во овој пер­и­од на­ши­от Ѓор­ѓи­ја ве­ќе ја за­гу­бил пре­ми­ер­ска­та функ­ци­ја во СССР од укра­ин­ски­от зем­јо­де­лец Ни­ки­та Хруш­чов, но сè уште ја имал мо­ќта. Хруш­чов мо­рал да го ин­фор­ми­ра за сè.

 

Двај­ца ноќ­ни го­сти на Бри­о­ни

 

Без ка­ква би­ло нај­а­ва (за ова не доз­нал то­гаш ни­ту еден ме­ди­ум), спе­ци­ја­лен „ту­по­љев“ сле­тал на ае­ро­дро­мот на остро­вот Бри­о­ни, но­ќта ме­ѓу 1 и 2 но­ем­ври 1956 го­ди­на. Ави­о­нот но­сел двај­ца по­себ­ни го­сти, за­ед­но со де­се­ти­на те­ло­хра­ни­те­ли на НКВД. На ае­ро­дро­мот лич­но ги пре­че­кал Ти­то, пре­тсе­да­те­лот на СФРЈ. Во не­го­ва­та ви­ла вед­наш поч­на­ле раз­го­во­ри­те ме­ѓу то­гаш­но­то двог­ла­во водс­тво на СССР, Ни­ки­та Хруш­чов и Ѓор­ѓи Ма­лен­ков, со ап­со­лут­ни­от вла­де­тел на Ју­гос­ла­ви­ја. Но, двај­ца­та го­сти има­ле со­се­ма раз­лич­ни на­ме­ри. Ед­ни­от, ка­ко ли­дер на со­вет­ски­те ко­му­ни­сти, Хруш­чов, го опи­пу­вал пул­сот на мар­ша­лот за да утвр­ди ка­ко ќе се од­не­су­ва Ју­гос­ла­ви­ја ако дој­де до су­дир со не­ко­ја од зем­ји­те на НА­ТО.

tito

Дру­ги­от, Ма­лен­ков, во па­у­зи­те, кра­тко му до­шеп­ну­вал на Ти­то: За­ду­тре (4 но­ем­ври) вле­гу­ва­ме во Ун­га­ри­ја. Ако има по­тре­ба, Хруш­чов ќе на­ре­ди на­пад и на вас!

Ти­то не че­кал ни ми­ну­та, вед­наш по за­ми­ну­ва­ње­то на го­сти­те, го ин­фор­ми­рал Ва­шин­гтон за пла­но­ви­те на Со­ве­ти­те.

Се­га ќе за­ста­не­ме ту­ка, да се вра­ти­ме три го­ди­ни на­на­зад на еден до­го­вор, кој е мал­ку поз­нат во на­ша­та јав­ност. И за де­неш­ни и за то­гаш­ни ус­ло­ви, овој пакт е крај­но не­ве­ро­ја­тен – во­ен со­јуз ме­ѓу ед­на со­ци­ја­ли­стич­ка и две ка­пи­та­ли­стич­ки др­жа­ви, но крв­ни не­при­ја­те­ли. Под па­тро­нат на САД – Ју­гос­ла­ви­ја, Гр­ци­ја и Тур­ци­ја во Ан­ка­ра на 28 фе­вру­а­ри 1953 го­ди­на пот­пи­ша­ле т.н. до­го­вор за во­е­на со­ра­бо­тка.

Ток­му за ова Ти­то му се ја­вил на Ва­шин­гтон, вед­наш по пре­ду­пре­ду­ва­ње­то на Ма­лен­ков. Да­ли до­го­во­рот ќе зна­чи и по­мош на Ју­гос­ла­ви­ја од Гр­ци­ја и од Тур­ци­ја, ако СССР ре­ши сво­и­те тен­ко­ви по Бу­дим­пе­шта да го на­вр­ти на­кај Бел­град?

Што од­го­во­ри­ле Аме­ри­кан­ци­те, до де­нес не е поз­на­то. Но, со­вет­ски­те тру­пи, отка­ко го скр­ши­ле от­по­рот на ун­гар­ски­те во­ста­ни­ци, та­му и оста­на­ле. СФРЈ, пак, ди­скрет­но се свр­ти кон За­пад и поч­на да до­би­ва огром­на фи­нан­си­ска по­мош во фор­ма на кре­ди­ти. Со тие па­ри, Ти­то го поч­на еко­ном­ско­то чу­до во Ју­гос­ла­ви­ја. Тоа ја опре­де­ли и суд­би­на­та на Ма­ке­до­ни­ја.

 

Кои се Ма­лен­ко­ви?

 

Но, да се вра­ти­ме на исто­ри­ја­тот на на­ши­от ју­нак. Ѓор­ѓи Ма­кси­ми­ли­ја­но­вич Ма­лен­ков во Ру­си­ја ни­ко­гаш не го кри­ел сво­е­то по­тек­ло. Та­ка стои во ру­ски­те до­ку­мен­ти. За не­го­ви­от прв пре­док што до­шол од Ма­ке­до­ни­ја не се знае мно­гу. Во ру­ски­те ар­хи­ви, стои са­мо пре­зи­ме­то Ма­лен­ков, по­на­та­му де­ка е ро­ден во Ма­ке­до­ни­ја (во Охрид) и де­ка бил на­гра­ду­ван вој­ник во ру­ска­та цар­ска вој­ска за вре­ме на поз­на­та им­пе­ра­тор­ка Ека­те­ри­на Ве­ли­ка. И де­нес во Охрид жи­вее поз­на­то­то се­мејс­тво Ма­лен­ко­ви, кое има мно­гу чле­но­ви и гран­ки. Се­ка­ко, од нив нај­поз­нат е по­ра­неш­ни­от нај­до­бар ма­ке­дон­ски пли­вач Але­ксан­дар Ма­лен­ко. Ко­га ќе се зе­ме вре­мен­ски­от пер­и­од и фа­ктот де­ка тој Ма­лен­ков бил вој­ник, нај­ве­ро­до­стој­на прет­по­ста­вка е де­ка се ра­бо­ти за еден од по­том­ци­те на во­ста­ни­ци­те на Пе­тар, во на­ша­та исто­ри­ја поз­нат ка­ко Кар­пош. Кол­ку за по­тсе­ту­ва­ње, Кар­по­шо­во­то во­ста­ние се слу­чи­ло во 1689 го­ди­на. По на­би­ва­ње на кол на Кар­пош, огро­мен број во­ста­ни­ци, со­се нив­ни­те се­мејс­тва се на­се­ли­ле во Вој­во­ди­на. По не­цел век жи­ве­е­ње та­му (Вој­во­ди­на то­гаш е ав­стро-ун­гар­ска про­вин­ци­ја), го­лем дел од нив ре­ши­ле да за­ми­нат за Укра­и­на (то­гаш дел од Ру­ска­та Им­пе­ри­ја). Нај­ве­ро­јат­но пре­до­кот на Ма­лен­ков, ка­ко и мно­гу дру­ги Ма­ке­дон­ци, ста­пи­ле во ре­до­ви­те на Ру­ска­та ар­ми­ја. То­гаш во 1759 го­ди­на, ца­ри­ца­та Ели­са­ве­та Пе­тров­на го фор­ми­ра­ла Ма­ке­дон­ски­от гу­сар­ски полк. Ма­ке­дон­ски­те вој­ни­ци би­ле мно­гу ус­пеш­ни, а дел од нив стиг­на­ле до ге­не­рал­ски чи­но­ви. Из­вес­но е де­ка еден од нив бил пр­ви­от Ма­лен­ков од на­ша­ва при­каз­на. Тоа се гле­да по тоа што тој Ма­лен­ков до­бил ста­ту­сот на двор­ја­нин од нас­лед­нич­ка­та на Ели­са­ве­та, Ека­те­ри­на Ве­ли­ка, а по­тоа и чин пол­ков­ник на ру­ска­та ар­ми­ја. Бра­тот на пр­ви­от Ма­лен­ков, за ко­го, исто та­ка, не­ма име во ар­хи­ви­те, стиг­нал до чин кон­тра-ад­ми­рал. Мо­же­би за­тоа пр­ви­от Ма­лен­ков, во знак на бла­го­дар­ност, на еден од не­го­ви­те си­но­ви им дал гер­ман­ско име – Ма­кси­ми­ли­јан (ру­ска­та ца­ри­ца Ека­те­ри­на би­ла Гер­ман­ка по по­тек­ло). Тој Ма­кси­ми­ли­јан Ма­лен­ков раз­ви­ва го­лем биз­нис, отво­ра фар­ма во род­ни­от град Орен­бург. При кра­јот на сво­јот жи­вот, во 1901 го­ди­на, до­би­ва син, на­ши­от ју­нак, Ѓор­ѓи Ма­лен­ков.

Ѓор­ѓи­ја имал со­се­ма по­и­на­кви пла­но­ви во жи­во­тот. Са­кал да ста­не ин­же­нер, ја за­вр­шил Мо­сков­ска­та ви­со­ка тех­но­ло­шка шко­ла, но го по­не­ла по­ли­ти­ка­та. Имал со­се­ма спро­тив­ни по­ли­тич­ки пог­ле­ди од та­тко му, ка­пи­та­лист. Ѓор­ѓи учес­тву­вал во Октом­ври­ска­та ре­во­лу­ци­ја, а во 1920 го­ди­на ста­нал и офи­ци­јал­но член на Ко­му­ни­стич­ка­та пар­ти­ја. Бил наз­на­чен за по­ли­тич­ки ко­ме­сар во Тур­ке­стан, цен­трал­на Ази­ја. Во овој пер­и­од ја за­поз­нал жи­вот­на­та со­пат­нич­ка Ва­ле­ри­ја Го­луб­цо­ва, исто та­ка ќер­ка на ру­ски ка­пи­та­лист од вре­ме­то на царс­тво­то. Та­кво по­тек­ло имал и Вла­ди­мир Илич Ле­нин, а Ва­ле­ри­ја би­ла во род­нин­ска вр­ска со не­го. Ова ќе се по­ка­же ка­ко мош­не зна­чај­но во по­ли­тич­ка­та ка­ри­е­ра на Ѓор­ѓи.

 

Ста­ли­но­ва­та дес­на ра­ка

 

Ма­лен­ков бр­зо на­пре­ду­вал во сво­ја­та ка­ри­е­ра. Бил по­ста­вен за пар­ти­ски се­кре­тар на Ви­со­ка­та тех­нич­ка шко­ла во Мос­ква, ка­де што прет­ход­но сту­ди­рал. Та­му ги за­поз­нал и ста­нал бли­зок при­ја­тел со Вја­чес­лав Ма­ли­шев и со Игор Кур­ча­тов, двај­ца клуч­ни на­уч­ни­ци во со­вет­ска­та нук­ле­ар­на про­гра­ма. Ток­му Ма­лен­ков по­доц­на ќе им би­де прет­по­ста­вен на овие двај­ца, кои пр­во ја соз­да­ва­ат пр­ва­та со­вет­ска атом­ска бом­ба, а по­тоа (во вре­ме ко­га Ма­лен­ков е пре­ми­ер) и пр­ва­та со­вет­ска хи­дро­ген­ска бом­ба.

Во овој пер­и­од, Ста­лин го за­бе­ле­жал Ма­лен­ков и му ја до­ве­рил ед­на од најз­на­чај­ни­те за­да­чи во со­вет­ска­та им­пе­ри­ја. Ма­лен­ков ста­нал шеф на Орг­би­ро (Ор­га­ни­за­ци­ско би­ро за над­зор на пар­ти­ски­те чле­но­ви ко­ме­са­ри). Ма­ке­до­не­цот со сво­јот тим на­пра­вил по­ве­ќе од два ми­ли­о­на до­си­е­ја за чле­но­ви­те на Ко­му­ни­стич­ка­та пар­ти­ја. Зна­ел сè за се­ко­го. Тоа го на­пра­ви­ло иск­лу­чи­тел­но моќ­на лич­ност во СССР.

stalin

Не­го­ва­та по­зи­ци­ја на­пра­ви­ла да би­де ре­чи­си не­из­бе­жен су­ди­рот со Ни­ко­лај Је­жов, ше­фот на тај­на­та по­ли­ци­ја НКВД (прет­ход­ник на КГБ). Ма­лен­ков ус­пе­ал да го ур­не Је­жов.

Во те­кот на Вто­ра­та свет­ска вој­на бил дел од Ко­ми­те­тот за од­бра­на на др­жа­ва­та, ма­ла гру­па по­ли­ти­ча­ри во ко­ја бил и злог­лас­ни­от Ла­врен­тиј Бе­ри­ја и кои ја има­ле се­та моќ во др­жа­ва­та по Ста­лин. Клуч­на­та за­да­ча на Ма­лен­ков бил над­зор на про­из­водс­тво­то на ави­о­ни, ка­ко и на со­вет­ска­та нук­ле­ар­на про­гра­ма. По вој­на­та, Ма­лен­ков бил ор­га­ни­за­тор на но­се­ње­то на гер­ман­ски на­ци­стич­ки на­уч­ни­ци во Ру­си­ја, исти­те што за Хит­лер ги соз­да­ле ра­ке­ти­те „В2“ со кои бе­ше бом­бар­ди­ран Лон­дон. Тој ста­ну­ва клуч­на лич­ност во пре­тво­ра­ње­то на СССР во атом­ска си­ла, што го за­вр­шил иск­лу­чи­тел­но ус­пеш­но. Ова му да­ло нај­го­ле­ма моќ во др­жа­ва­та по Ста­лин.

Смрт­та на Ста­лин во 1953 го­ди­на го исфр­ли­ла Ма­лен­ков ка­ко единс­твен кан­ди­дат за не­гов нас­лед­ник.

 

Ста­ли­нист и ре­фор­ма­тор

 

Ма­лен­ков ка­ко лич­ност е че­сто кон­тро­вер­зен. Име­но, тој оста­нал ста­ли­нист до кра­јот на сво­јот жи­вот, но сме­тал де­ка во зем­ја­та тре­ба под ит­но да се спро­ве­дат ре­фор­ми. Ка­ко пре­ми­ер се за­ла­гал за зго­ле­му­ва­ње на про­из­водс­тво на по­тро­шу­вач­ки­те до­бра. Иа­ко, ка­ко клуч­на лич­ност во со­вет­ска­та атом­ска про­гра­ма, отка­ко би­ло соз­да­де­но нук­ле­ар­но­то оруж­је, тој се спро­тив­ста­вил на на­та­мош­но тро­ше­ње па­ри за на­уч­но истра­жу­ва­ње во оваа об­ласт. Ка­ко што ре­кол на пар­ти­ска го­вор­ни­ца во Кремљ, „нук­ле­ар­но­то во­о­ру­жу­ва­ње е бес­мис­ле­но би­деј­ќи нук­ле­ар­на вој­на ќе го уни­шти све­тот“.

Ток­му по­ра­ди ова спро­тив­ста­ву­ва­ње не бил из­бран за ге­не­ра­лен се­кре­тар на Ко­му­ни­стич­ка­та пар­ти­ја. Тоа ме­сто ус­пе­ал да го зе­ме укра­ин­ски­от по­лу­пис­мен се­ла­нец Ни­ки­та Хруш­чов. Од 1953 го­ди­на, ко­га Ма­лен­ков ста­нал пре­ми­ер, до 1955 го­ди­на, ко­га ја за­гу­бил функ­ци­ја­та, е поз­нат ка­ко пер­и­од на ди­ум­ви­рат или двој­но водс­тво. Ма­лен­ков и Хруш­чов мо­ра­ле да ја де­лат вла­ста, иа­ко и двај­ца­та има­ле мош­не раз­лич­ни по­ли­тич­ки гле­ди­шта. Во 1960 го­ди­на Ма­лен­ков бил исфр­лен од ко­му­ни­стич­ка­та пар­ти­ја, но оста­нал жив, за раз­ли­ка од дру­ги ста­ли­ни­сти, кои би­ле стре­ла­ни, ка­ко Ла­врен­тиј Бе­ри­ја.

Кон­тро­вер­зен ка­ков што бил це­ли­от жи­вот, Ма­лен­ков по за­вр­шу­ва­ње­то на сво­ја­та ка­ри­е­ра ста­нал – по­бо­жен чо­век! За­ед­но со не­го­ва­та ќер­ка поч­на­ле да гра­дат цр­кви низ Ру­си­ја. По­чи­нал во 1988 го­ди­на.