ВМРО ДПМНЕ - Советници на СДСМ го изгласаа Александар Македонски - eReporter
eReporter | Независна Новинска Агенција - eReporter.com.mk
среда, август 28, 2013 - 00:10
| | Големина на текст:   
| | | | | | |

ВМРО ДПМНЕ - Советници на СДСМ го изгласаа Александар Македонски

СКОПЈЕ / 7.02.10 / 16:23
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЕДИУМИ - САШО СТЕФАНОСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УМС НА ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

На лицемерноста и неконзистентноста во ставовите на Бранко Црвенковски и СДСМ им нема крај.

Нивниот стил е лага и манипулација, нивната цел е ситно и тесноградо профитерство. Нивните изјави и ставови зависат од дневно политички потреби и од моменталната проценка дали може да се добие некој ситен политички поен, макар да е тоа на штета на општиот државен и национален интерес.

Ние говориме со факти, аргументи и документи. За најновата нивна небулоза сведочи овој документ.

Тоа е Програмата за споменици донесена од страна на Советот на Град Скопје, и тоа на ден 30 ноември 2004 година. За потсетување, ВМРО-ДПМНЕ тогаш, од 45 имаше само 4 советници. Во тоа време мнозинството во Советот го имаше СДСМ и тие одлучуваа каква ќе биде секоја одлука, програма и проект. Сите советници од СДСМ гласаа за оваа програма.

Во оваа програма, која ја гласаше СДСМ, на прво, потенцирам на прво место стои дека треба да се изгради споменик на Александар Македонски, понатаму следат и останати споменици кои сега се содржат во проектот Скопје 2014 година.

Сега СДСМ се спротивставува на споменикот на Александар Македонски и е против проектот Скопје 2014. СДСМ сега е против сите споменици кои ги иницираше и за кои гласаше во 2004 година и кои се содржани во оваа програма.

На лицемерието и неконзистентноста на Бранко Црвенковски и СДСМ им нема крај. СДСМ нема кредибилитет. Се што Бранко Црвенковски и СДСМ кажаа излажаа. Се што Црвенковски и СДСМ рекоа, го порекнаа. На Црвенковски и СДСМ не може да им се верува.

*Агенцијата еРепортер им го отстапува просторот на политичките партии, пренесувајќи ги нивните соопштенија интегрално и без какви било измени. Одговорноста за содржината на соопштенијата е исклучиво на политичките партии.





| | | | | | | | |
Последни
Најчитани
Избор на Уредникот
powered by 1cm.com.mk - Web Development