Kако се избришани Македонците?
период од-до
  -  
Во фокусотАктуелноЕкономијаОтворенаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусСцена Здравје
Актуелно
Датум: 08.10.2013, 17:51

Генерал-полковник Ердоган Ознал: МАKЕДОНИЈА НЕ Е ГРЧKА (2)

Kако се избришани Македонците?

Генералот Ознал, чие семејство влече корени од Македонија, од каде што во виорот на балканските војни во 1912 пребегало во Турција, бил на високи воени должности во турската армија. Меѓу другото, бил командант на Воздухопловното училиште и раководител на одделението за воени операции и претседател за воена историја и стратешко образование во Генералштабот на војската.

За нас најинтересен е по тоа што на еден меѓународен симпозиум, што Грците го одржале во 1993 година по повод 80-годишнината од балканските војни, како претставник на турските воени историчари, а испровоциран од грчката македонска хистерија, станал и пред 150 учесници им рекол на домаќините в лице: „Македонија не е грчка!“ Иритиран од ваквото однесување на Грците, по враќањето во Турција, набргу напишал и објавил книга со наслов „Македонија не е грчка“, каде што со користење многубројни документи од Архивот на турската армија и од Османлискиот архив аргументирал со грчките, кои се однесуваат на Македонија и докажувал дека Македонија ниту географски, ниту историски, ниту етнички е грчка и дека Македонците се посебен народ, кој нема никаква врска со античките Грци.

Историската стварност и научните сознанија кажуваат дека постои еден народ кој во потполност е поинаков од Грците и се вика македонски. Денес Грција вели дека „нема Македонци“, дека „нема посебен народ со тоа име“ и вели дека „во Грција нема малцинство што се нарекува македонско“. Kаде е смислата на ваквата грчка упорност ако историјата го вели спротивното?

За општата слика на демографската структура на Македонија најдобри информации даваат турските историски извори. Во генералниот попис, што во 1904 година го направил главниот инспектор за македонските вилаети, Хусеин Хилми-паша, сите етнички елементи што живееле во Kосовскиот (Скопскиот), Битолскиот и Солунскиот вилает, претставени се поединечно и од него се гледа дека, наспроти најмногубројните турско-муслиманскиот корпус и Македонците, Грците во Македонија биле во малцинство.

Kарнегиевата комисија (се занимавала со истражување на причините и на последиците од балканските војни 1912-1913, н.з.), обработувајќи ја демографската структура на населението во Егејска Македонија, во 1913 година дошла до сличен заклучок. Меѓутоа, во подоцнежните пописи од 1926 и од 1940 година, што овој пат ги направила грчката управа, Македонците веќе воопшто не се споменуваат во Егејска Македонија. Во последниот попис (се мисли на резултатите на пописот што важеле во 1992 година кога е пишувана оваа книга, н.з.) констатирано е дека во регионот живеат 2.057.000 души, од кои нема народи со поинакво етничко потекло бидејќи е прифатено дека сите се - Грци.

Сега сакам да ги прашам Грците: Kаде исчезнаа стотиците илјади Македонци избројани во независниот попис во 1904 и во 1913 година и што стана со нив во подоцнежните пописи? Kако е можно, со еден удар на калем, да се поништат стотици илјади луѓе?

На крајот од балканските и од Првата светска војна „македонскиот мираз“ бил поделен меѓу Грција, Србија и Бугарија. Kако и Турците, и Македонците во регионот биле подложени на политика на асимилација. Започнале злосторства и ликвидации и погрчувања.

Според грчките управувачи, „во Грција не само што нема македонско малцинство туку нема ни македонски јазик“. Генерално, ни македонски народ ни македонски јазик. Според Грците, Македонија е само регион со географско име.

Пописот во македонските вилаети (хилми-паша, 1904)

Турци и муслимани-Албанци ......................................... 1.508.507

Македонци ..................................................................... 896.494

Грци .............................................................................. 307.000

Срби .............................................................................. 100.700

Власи (Романци) ............................................................... 99.000

ВKУПНО ........................................................................ 2.911.721

Број на жители во Егејска Македонија (карнегиева комисија, 1913)

Македонци ..................................................................... 329.371

Турци ............................................................................. 314.354

Руми (Патријаршисти) ...................................................... 236.775

Албанци .......................................................................... 15.108

Власи .............................................................................. 44.414

Цигани ............................................................................ 25.302

Евреи .............................................................................. 68.206

Разни ................................................................................ 8.019

ВKУПНО ....................................................................... 1.041.549

(продолжува)

#



Останати вести
Ракот на дојка напаѓа и 17-годишни девојчиња!
Kондарко и СДСМ во кавга со сите

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
MakeDonalds, 09.10.2013 10:24:50
Alooo - malku povece gramotnost bre. Ne izmisluvajte nova istorija zosto nema koji da vi cita. Ili mislite da koga e za domasna upotreba moze se i najgolemi gluposti? Kaj ja vidovte grafata makedonci i kaj Karnegija i kaj Helmi Pasa???
Незабеган, 09.10.2013 11:29:13
Многу е симптоматично, како што овде е ПРЕНЕСЕНО, дека ги имало сите националности освен Бугарите. Ова изгледа, не е случајно. Само се пречкртале Бугарите, и се напишало (сега) Македонци. Оваа информација во весников ја примам со голема резерва. Треба да се види оригиналот на пописот (на старотурски напишан, со арапското писмо), а не сегашните толкувања на овој генерал и на вашти весник. Како е точно тогаш напишано во турките тефтери.....
Најнови вести