ЖРК Вардар ги претстави новите засилувања за сезоната 2014/15

Петок, 01 Август 2014

Ракометниот шампион на Македонија ЖРК Вардар, на денешната прес конференција ги претстави новите пет засилувања за претстојната сезона. Претседелот на нашата екипа Гордана Нацева истакна дека во следната сезона црвенo-црниотдрес ќе го носат ракометарки кои се репрезентативки на своите држави: Андреа Пенезиќ (Хрватска), Барбара Лазовиќ (Словенија), Ања Алтхаус (Германија), Алена Ихнева и Олга Черноиваненко (Русија).

На прес конференцијата нашите нови девојки изразија особено задоволство за тоа што во новата сезона ќе играат за екипа со шампионски амбиции, како што е Вардар. Двете ракометарки кои во овој преоден рок пристигнаа од Крим Меракатор Пенезиќ и Лазовиќ, се задоволни од атмосферата во екипата.


Драго ми е што дојдов во Скопје и што ќе бидам дел од екипата на ЖРК Вардар. Одлична атмосфера, позитивна и се надевам дека добро ќе се подготвиме за предизвиците што не очекуваат во текот на претстојната сезона – изјави Пенезиќ

Имам убави впечатоци за Скопје, ракометарките добро ме прифатија, така што останува да одиме чекор по чекор, да не најавувам премногу и се надевам дека се ќе биде како што треба. Не чуствувам никаков притисок и не се плашам од конкуренција, бидејќи тоа според мене е добра работа. За тоа кој ќе игра одлучува тренерот – Лазовиќ.

Руските репрезентативки Ихнева и Черноиваненко се чуствуваат добро во Вардар и среќни се поради тоа што ќе играат во македонскиот првак.

Задоволна сум поради тоа што ќе бидам дел од екипа со големи амбиции како што е Вардар. Се надевам дека тука ќе продолжам да се развивам во врвна ракометарка – изјави Ихнева.

Среќна сум што ќе настапувам во Вардар, ми се допаѓа градот, добра е атмосферата во екипата и се надевам дека ќе продолжиме со успесите – изјави Черноиваненко.

Германската репрезентативка Ања Алтхаус се надева дека Вардар со една ваква силна екипа ќе успее да ги оствaри зацртаните цели за следната сезона.

Многу сум среќна што сум тука, атмосферата е пријателска, сите ракометарки се позитивно расположени. Среќна сум што ќе играм во Лигата на шампионите како дел од еден силен тим како што е Вардар и се надевам дека ќе ги оствариме зацртаните цели – изјави Алтахаус.

Вардарки до 5 август ќе тренираат во Скопје, а потоа заминуваат на подготовки во Австрија, а од 22 до 24 август ќе учествуваат на турнир, чии што домаќин е европскиот шампион Ѓер.



Календар

Екипа
P
W
D
L
D
P