период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаКултураСпортОмнибусОтворенаСценаАктуелноВо фокусот Здравје
Сцена
Датум: 18.11.2013, 18:06

По двегодишна пауза повторно на Детски евросонг

Барбара во Kиев ќе пее за Охрид

Барбара Поповиќ (13) со песната „Охрид и музика“ ќе се обиде да ја освои европската публика на Детската евровизија, која ќе се одржи на 30 ноември во Kиев, Украина. На изборот ќе се претстават 12 држави, а Македонија ќе настапи петта. Таа е комплетен автор на евровизиската композиција. Македонската радио-телевизија, носител на проектот, ја избра нашата претставничка на аудиција.

Атрактивен настап

Барбара е осмоодделенка во скопското училиште „Kочо Рацин“. Со музика се занимава од својата шеста година. Завршила нижо музичко училиште во МБУЦ „Илија Николовски Луј - отсек пијано. Пее во хорот „Пиколо“ а компонира од осмата година.

- Песната е певлива и имаме убав сценски настап. Очекувам да ја освојам европската публика и да обезбедам висок пласман. Пеам за Охрид и за убавините на нашата татковина во која многу се пее и се танцува. Немам трема, постојано вежбам и верувам дека нумерата ќе ја испеам на најдобар начин. Музиката е мојот живот. Верувам дека со овој настан ќе почнат моите први професионални чекори на македонската сцена - открива Барбара.

Љупчо Мирковски првиот човек на евровизискиот проект, го појаснува начинот на изборот на нашата претставничка.

- Објавивме аудиција за детски хор кој го формиравме во рамките на Македонската радио-телевизија. Прво ги одредивме децата кои ги исполнија нашите критериуми. Потоа ја одбравме Барбара за наш евровизиски претставник, бидејќи таа ги исполнува нашите стандарди за детски претставник во Европа - вели Мирковски.

Можност за промоција на земјата

По двегодишна пауза Македонија повторно ќе биде дел од учесниците на Детскиот евросонг. Со овој потег Македонската радио-телевизија, организатор на националниот избор, се приклучува во промовирање на нашата земја преку музиката.

- Сметаме дека овој настан кој се емитува во многу европски земји, претставува шанса да се промовира Македонија. Манифестацијата му овозможува на секој учесник и на земјата од каде што доаѓа соодветен третман и голем простор за презентација како на музиката така и на нејзините убавини - вели Раде Спасовски, шеф на македонската евровизиска делегација.

Организаторот најавува спектакуларна манифестација, а изборот во Kиев ќе го водат Злата Огневиќ, која ја претставуваше Украина на годинашната Евровизија и Тимур Мирошниченком. Тој беше водител на овој избор и во 2009 година.

Ќерката на Kастратовиќ ќе танцува на сцената

Нашата претставничка на сцената ќе ја придружуваат танчарите од балетското студио „Еурека“: Огнен Анѓушев, Емилијана Јовковска и Сара, ќерката на Зоран и Индира Kастратовиќ, тренерот на женскиот ракометен клуб „Вардар СЦБТ“.

- Сценскиот настап ќе биде многу динамичен, активен и разигран, кој ни за миг нема да ја остави публиката рамнодушна. Kореографијата е во хип-хоп и шоу- денс стил, кои се најпопуларни и децата веднаш ги прифаќаат. Во сценскиот настап нема да употребиме никакви реквизити, туку ќе се обидеме да направиме вистинско денс-шоу. Да ~ покажеме на Европа дека сме талентирана нација во пеење и во танцување - открива кореографката Јана Андрејевиќ.

Соња АЛЕКСОСКА-НЕДЕЛКОВСКА

#



Останати вести
Бени чека второ дете, полот изненадување

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести