Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Претплата Шестмесечна 500 денари Годишна 1.000 денари Телефон: +389(0)2 60 91 798; +389(0)78 232-712
Дигитален магазин
  • СЕМЕЈСТВОТО БАБУНСКИ

    Македонија се крсти во Давид и во Доријан

  • ТЕМА НА МЕСЕЦОТ

    Во името на парите?

  • ЈОВАНКА РАДИЧЕВИЌ (ЖРК ВАРДАР)

    Сите се плашат од нас...

  • СПОРТ И БРАК

    Ања ги открива тајните на својот сопруг Павел

Ekipa

Дамјан Стојановски и Емил Рајковиќ – кошаркарски лауреати за 2014

Дамјан Стојановски и Емил Рајковиќ – кошаркарски лауреати за 2014

Дамјан Стојановски и Емил Рајковиќ се добитници на главните признанија за 2014 година, што ќе бидат доделени в сабота од страна на Македонската Кошаркарска Федерација. Членот на МЗТ Скопје и ланскиот тренер на Работнички добија најмногу бодови при гласањет, па така Дамјан Стојановски ќе се закити со епитетот „Најдобар македонски кошаркар за 2014 година“. Тој имаше зад себе одлична сезона во која го предводеше МЗТ Скопје на патот до нова двојна круна, а главен ривал за наградата му беше Тодор Гечевски, кој сепак го освои само второто место во ова гласање.

Емил Рајковиќ очекувано стигна до наградата за најдобар тренер во 2014 година, откако овој трофеен стручњак лани со Работнички стигна до финалето од плејофот. Таму Рајковиќ беше поразен од МЗТ Скопје предводен од Зоран Мартич, но добрите резултати во текот на целата сезона и силниот отпор што Работнички им го пружи на „металците“ беа доволна причина за тој да добие уште една награда за најдобар тренер во нашата држава.

Признанието за најдобар кошаркар во странство сосема очекувано заминува во рацете на Перо Антиќ, првиот Македонец што заигра во НБА-лигата, а лани со Атланта хоукс дури и беше дел од плејофот во најсилната кошаркарска лига во светот.

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.