Најнов број Насловна
Број 2035    сабота, 18 март 2006
 
 
 
 
 
 
 
   

Елена Ристеска

ЗАВЧЕРАВЕЧЕР ВО УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА
Избрани победниците на аудицијата "Плеј-потрага по ѕвезди" на "М2"

Победници на музичката аудиција "Плеј-потрага по ѕвезди" се Александра Пилева, која пред публиката во Универзална сала на финалната вечер, која се одржа завчера, се претстави со песната "Ангел мој" и Туна Сејди, која ја отпеа композицијата "Најди ноќ, најди ден, најди време".

Според публиката во Универзалната сала и онаа покрај малите екрани, која гласаше со СМС-пораки, најдобра е Елена Ристеска, која за песната "Она другото" освои 448 гласа. Според гласовите на радиостаниците, најдобар беше Игор Узунов, кој ја отпеа нумерата "Ми требаш како молитва".

Поради, како што велат во компанијата, изедначениот квалитет на сите учесници, "Мобимак" прогласи двајца победници: Аднан Курдов ("Не ми треба сон") и Емил Арсов ("Јас сум повторно јас"), а Иво Јанковски од "М2" истакна дека оваа компанија ќе соработува и со другите ненаградени финалисти.

Музичката аудиција "Плеј-потрага по ѕвезди" ја организираше новата македонска музичка куќа "М2" во соработка со "Мобимак". Во изминативе два и пол месеца аудициите се извршија во шест града низ Македонија. Организаторот помина 1.200 километри, а беа пријавени повеќе од илјада кандидати.

Една од целите на оваа музичка акција е и, со поддршка на компании како што е "Мобимак", да се спушти цената на компакт-дисковите на достапно ниво. Веќе од вчера цедето со десетте песни на финалистите може да се купи по специјална цена од 200 денари во сите продажни места на "Мобимак".


Соња Алексоска Неделковска


НАСЛОВНА

 

© 2001 Дневник, сите права задржани