Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Претплата Шестмесечна 500 денари Годишна 1.000 денари Телефон: +389(0)2 60 91 798; +389(0)78 232-712
Дигитален магазин
Ekipa

Стојан Ѓуроски продолжува во Левски

Бугарскиот првак Левски го доведе своето прво засилување за следната натпреварувачка сезона, и тоа македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски, кој денеска и официјално му пристапи на тимот на Тити Папазов. Клубот од Софија, чиј претседател е Леонид Гајдаџиев, се соочува со огромни финансиски проблеми поради кои беше откажан и договорениот трансфер на Марио Касун, но „сино-белите“ сепак се обидуваат да состават респектибилен тим за настап во дебитантската сезона во АБА-лигата.

Гајдаџиев и Папазов се во преговори со неколку потенцијални засилувања, а досега успешно ги финишираа преговорите единствено со Ѓуроски. Македонскиот интернационалец последните четири години ги мина во американската НЦАА-лига, како член на Луизија тек Универзитетот, така што договорот со Левски ќе биде негов прв професионален кошаркарски ангажман во кариерата. Ѓуроски ќе му се приклучи на својот нов тим дури на крајот од овој месец, откако ќе заврши со настапите за репрезентацијата на Македонија во квалификациите за Евробаскет 2015.

Со оглед на фактот дека Левски ќе настапи со значително подмладен тим во новата сезона, јасно е дека Ѓуроски ќе добие доволно шанси за да ги покаже своите квалитети.

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.