Алем Тоскиќ е пикер на колото во Лигата на шампионите

Вардаровиот пикер е избран во најдобрата постава во третото коло во Лигата на шампионите, поради неговата белскава партија на гостувањето во Кристијанштад.

Нашиот Тоскиќ беше ноќна мора за одбраната на Кристијанштад постигнувајќи седум гола и тоа го препорача за признанието најдобар пикер во оваа рунда.

Во идеалниот состав, покрај него е најдоа и Анхел Фернандез од Ла Риоха (лево крило), Борут Мачковчек од Монпелје (лев бек), Ајденас Маласинскас од Мотор Запорожје (среден бек), Дајнис Кристопанс од Мешков Брест (десен бек), Гаспер Маргуч од Веспрем (десно крило) и Кевин Мелер (Фленсбург).

Во изборот на ЕХФ немаше ниту еден вардарец во најдобрите пет гола и во најатрактивните пет одбрани.

понеделник, 5 октомври 2015 - 11:58