Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ „ВЕСТ“ НА ЕВРОВИЗИЈА ВО СТОКХОЛМ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

26.05.2016, 15:42

СВЕТСКИОТ КИНЕМАТОГРАФЕР РОБИ МИЛЕР Е ДОБИТНИК НА ЗЛАТНАТА КАМЕРА 300 ЗА 2016 ГОДИНА

Снимателот на Вендерс и на Фон Трир е лауреат на "Манаки"

Наградата за животно дело Златна камера 300, Интернационален фестивал на светските кинематографери "Браќа Манаки" годинава му ја доделува на холандскиот и светски кинематографер Роби Милер.

Одлуката за наградата, на прес-конференција ја соопшти новиот директор на Фестивалот Благоја Куновски - Доре, кој рече дека со оваа награда се затвора еден круг: "Роби Милер беше во Битола во 2002 година, кога  ја освои Специјалната камера 300 за особен придонес на светската кинематографија, и сигурен сум дека ќе имавме уште многу средби во Битола со Роби, да не беше неговата болест, која го врза за инвалидска количка, а за која ме информираше неговата сопруга Андреа. Ние со оваа награда не само што му се оддолжуваме на Роби Милер туку сакаме уште една ѕвезда да го следи во неговиот живот. Ете, тоа е кругот што го заокружуваме - 20 години јубилеј - во 1996 година Роби Милер ја доби Бронзената камера 300 во Битола, во 2002 беше и претседател на жирито во Битола, и сега, со оваа заслужена награда, како еден од најголемите живи кинематографери во светот влегува во Клубот на великаните на Фестивалот", рече Благој Куновски, директорот на "Манаки".


Седумдесетгодишниот Милер е познат по соработката со Вим Вендерс, со кого го снима првиот филм на Вендерс во 1969 година, за да следат потоа "Стравот на голманот од пенал", "Алис во градовите" и "Париз Тексас", за кој ја доби Златната палма, а потоа и "Буена виста соушл клаб", "Кафе и цигари". Тој е инспирација и за Џармуш, Фридкин, а со Ларс фон Трир ги сними "Спроти брановите" и "Танчар во ноќта".
Статуетата на Роби Милер на 3 јуни ќе му ја врачат директорот на ИФФК Куновски и уметничката директорка Евгенија Теодосиевска во Амстердам кога, во негова чест, се отвора голема изложба.
Милер има работено и со Петер Хандке, Питер Богданович, Роберт Алтман, со Џон Шлезингер, Роберто Бењини, Анджеј Вајда, Мајк Винтерботом и со други.
Уметничкиот директор на ИФФК Евгенија Теодосиевска рече дека Фестивалот ја подготвува програмата за 37. издание во септември, кое ќе се одвива без проблеми, како што најави, од 10 до 17 септември во Битола. (М.За.)


Текстот е прочитан 1331 пати.
#
Почнува Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“
Битова и Сен Жермен за почеток на музичкиот викенд
МНТ со "Соларис" ќе се лансира во Европа
Бугарскиот писател Георги Господинов добитник на наградата „Прозарт“
Промоција и дискусија за нова книга на Нано Ружин
Плакарт на "Шунд" фестивал во Белград
Доаѓа најдоброто од музиката на светот
Петти филмски фестивал „WatchOut!“ во Тетово
МАНУ и БАН го одбележаа Денот на св. Кирил и Методиј

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ИЗЛОГ
Село
Пишува Лејла САБИТ - Некој бега од село......

"Атека" е СУВ-првенецот на "Сеат"
"Нисан" пред десет години со оригиналниот "кашкаи" направи мешаница во сег...
"Пежо" ја претстави новата генерација на "3008"
Француските брендови се познати по иновациите кои по секоја цена ги воведу...
Британскиот премиер на жена му и купи половна кола за 2.000 евра
Кога сопственикот на плацот за продажба на половни возила од Оксфордшир пр...
Новиот "гранд сеник" е поголем за број
После новата генерација на "сеник", "Рено" пред светската премиера на Саем...
„Тојота“ и „Убер“ стануваат партнери
"Тојота" и "Убер" потпишаа меморандум за разбирање како најава за можната ...
ХУМАНОСТ
ХУМАНОСТ
Апел за помош на малата Ели
Топол дом за Жиката од Прибилци
Да и` помогнеме на Матеа побрзо да се врати во училиште кај своите другарчиња

ФотоТОП 25 најзгодни политичарки во светот
ФотоЌерката на Жан Клод Ван Дам поопасна од таткото

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Мусака од печурки
Подготовка: Печурките исечени на листови се динстаат со кромидот, додека к...
Site Meter