Зглоб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Градба на зглоб

Зглобот е место на сврзување меѓу две или повеќе коски.

Видови зглобови[уреди | уреди извор]

Поделба на зглобови

Зглобовите се поделени на три основни групи, врз основа на материјалот што се наоѓа меѓу клетките, па така постојат:

Градба на синовијални зглобови[уреди | уреди извор]

Синовијални зглобови
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Синовијални зглобови.

Коските во подвижните зглобови се држат заедно со лигаменти. За подобра заштита и цврстина, зглобовите имаат и зглобна капсула од сврзливо ткиво што го затвора зглобот и е еден вид продолжение на периостеумот на коските. Површината на коските во подвижните зглобови е заштитена со мазна обвивка од ’рскавица наречена мазна ’рскавица.

Видови синовијални зглобови[уреди | уреди извор]

Во зависност од движењето што го oвозможуваат, синовијалните зглобови можат да бидат:

  • Лизгачки зглобови, кај кои косените површѓини налегнуваат една врз друга. Примери се зглобовит ево дланката и стапалото.
  • Висечки зглоб, кај кој е дозволено движење само во една насока, при што се менува аголот на коските во зглобот. пример е зглобот во лактот и поврзувањето на коските во прстите на рацете и нозете.
  • Ротационен зглоб или пилот зглоб, кој овозможува кружно движење околу должината на коската. Pримери се зглобот меѓу првиот и вториот вратен пршлен и зглобот меѓу горниот крај на палечната и лакотната коска.
  • Кондилоиден зглоб или зглоб на израсток, кој овозможува движење во две насоки. Примери се поврзувањата меѓу коските на дланката и коските на подлактцата и поврзувањето меѓу тилната коска на черепот и првиот вратен пршлен.
  • Седлест зглоб е сличен на кондилоидниот зглоб, а има внатрешни спојни површини. Пример е спојувањето меѓу дланката и метакарпалната коска на палецот.
  • Топчест зглоб, кој овозможува движење во многу насоки од една централна точка. овој вид спојување дава голема слобода во движењето. Примери се раменските и карличните спојувања.

Основна фунцкија на синовијалниот зглоб е слободно движење на поврзаните коски со што се овозможува менување на положбата и одењето. има четири видови движења со менвуање на аголот, или движења кога агоолот меѓу коските се менува. Тоа се: свиткување, испружување, одвојување и придвижување.

Болести на зглобови[уреди | уреди извор]

Зглобовите може да се пворедат со механичко дејство, пример за тоа се изместувањата или шинувањата. Изместувањето е разместување на деловите на зглобот. Hајчесто изместен зглоб во организмот е раменскиот зглоб. Шинувањето претставува истегнување на зглобот со кинење или распукување на лигаментите.

Артритис[уреди | уреди извор]

Артритис
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Артритис.

Најчестиот вид на оштетување на зглобовите е артритисот, односно таканаречено „воспаление на злобови“. Постојат различни видови на артритис:

  • Остеоартритис, кој е дегетеративна болест на зглобот што најчесто се забележува кај постари луѓе. Најчесто ги напаѓа зглобовите што ја носат тежината при носење, како што се колковите, колената и ’рбетниот столб. Во дегенерација е вклучена зглобната ’рскавица, по што коските во зглобот меѓу себе се допираат.
  • Ревматоиден артритис е состојба што се доликува со отекување на зглобовите на рацете, нозете и другите делови на телото, каоко резултат на воспаление и зголемување нас иновијалните мембрани и другите ткива во зглобот. Рамната ’рскавица се уништува и и зглобната празниан овозможува атхезија при која површините настојауваат да се приближат со што поврзувањето станува круто и таквите зглобови стануваат бесполезни.
  • Инфективен артритис се јавува кога бактеријата што предизвикува некоја друга болест, преку циркулацијата ќе навлезе и во зглобовите. Како предизвикувачи најчесто се јавуваат Streptococcus, Staphylococcus и Neiseria.
  • Гихтот е вид артритис што е предизвикан од промени во метаболизмот. Еден од производите на метаболизмот е и мозочната киселина, која нормално се излачува со мочта. Ако се создава поголемо количесто мочна киселина, или ако поради некоја причина таа се излачува недозволено, таа се собира во вид на кристали, што се задржуваат околу зглобовите и други делови од телото. Последица на тоа е што зглобовите почнуваат да се воспалуваат и многу болат. Најчесто од гихт заболуваат средновечните мажи.