Довчерашните долгогодишни коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ заеднички подготвиле договор за коалиција, кој покажува дека работните групи на двете партии го поделиле владиниот колач и се договориле да донесе нов закон за јазици, да се предлага харномизиран буџет, да се отвори дебата за државните симболи на државата и за геноцид врз македонскиот и албанскиот народ.

Исто така, партиите постигнувале согласност за заеднички пристап во решавање на отворените прашања со соседите, вклучително и со оној за името со Грција, па дури и се презема обврска до собранието да предложат резолуција за активно залагање во насока на решавање на спорот за името и другите отворени прашања со соседите.

Она во двете партии не се согласиле е прашањето околу Специјалниот јавен обвинтел и Законот за заштита на сведоците, во однос на што стои една дополнителна реченица: „ДУИ ќе предложи во собранието Закон за промена на законот за СЈО и Предлог-закон за заштита на сведоци“.

Фокус интегрално ја пренесува содржината од овој договор, кој не беше оверен од една едноставна причина – мнозинство од раководството на партијата на Али Ахмети не беше за продолжување на соработката со Никола Груевски, туку за формирање на владејачка коалиција со СДСМ предводена од Зоран Заев.

ДОГОВОР ЗА КОАЛИЦИЈА

1.СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА

Во согласност со Охридскиот договор и Уставот на РМ, партиите се согласуваат за донесување на нов закон за употреба на јазиците.

Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор ќе се трансформира во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, во чии рамки ќе биде основана централна институција за стандардизирана употреба на јазиците на заедниците која ќе обезбедува подготовка на преведувачи, лектори, предавачи, како и Инспекторат за имплементација на овој закон.

Париите се согласуваат да се ангажираат за да почнат сеопфатна општествена дебата за државните симболи.

Во согласност со Охридскиот договор, партиите поддржуваат спроведување на правична застапеност во органите кои не се регулирани со законите за јавна и државна администрација, како и спроведување на правична застапеност на сите нивоа на централната власт и јавните услуги и во претпријатијата со доминантна државна сопственост.

Партиите, исто така, поддржуваат широка дебата на ниво на експерти за злосторствата кон албанскиот и македонскиот народ во текот на минатиот век.

2.СИСТЕМСКИ ЦЕЛИ НА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

Партиите се залагаат за целосно спроведување на реформите во согласност со Договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската комисија, како и препораките од Пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ, со посебен акцент на усвојување на законски решенија во текот на 2017.

Партиите се согласуваат за поголема етничка застапеност на Албанците во сите нивоа на Државниот завод за статистика, како предуслов за спроведување на пописот на населението во текот на 2018 година, со употреба на средства и земање на отпечатоци од прсти како начин да се потврди присуството и веродостојноста на податоците дадени пред Пописната комисија.

Партиите се согласуваат заеднички да предложат измени на Изборниот законик за овозможување на земање на отпечатоци на прсти при контрола на идентитетот на гласачот, со цел спроведување на оваа метода да започне од локалните избори во 2017 година.

Партиите имаат несогласување околу прашањето за Специјалниот јавен обвинтел и Законот за заштита на сведоците.

ДУИ ќе предложи во собранието закон за промена на законот за СЈО и Предлог-закон за заштита на сведоци.

Партиите се согласуваат околу потребата за транспарентност во оспорените судски постапки, вклучувајќи и формирање на анкетни комисии и поканувајќи еден независен меѓународен орган, во согласност со позитивните законски прописи.

Преземање на афирмативни мерки за финансирање на албанските и македонските културни инстититуции на централно и на локално ниво.

Партиите се согласуваат околу принципите на функционирање на коалицијата во сите нивоа на власта преку постојана комуникација, со цел донесување на одлуки без надгласување во државните органи за прашањата кои се предмет на двојно мнозинство.

Гаранции за почитувње на двојното мнозинство во општините каде Македонците се малцинство и санкции за непочитување на овој принцип и почитување на потребите на малциснтвата по општини.

Систематско унапредување на работниците во јавната и државната администрација во првата половина на 2017 година преку унапредување во кариерата според нивото на образование за вработените и во сосгласност со системот на заслуги.

Ургентно систематизирање во првата половина на 2017 година на вработените во СЕП кои не се систематизирани во институциите.

Координирано партнерство за локалните избори.

Партиите се согласуваат да продолжат со практиката на предложување на харномонизиран буџет.

Главен приоритет на партиите е отворање на нови работни места и намалување на невработеноста во континуитет.

Партиите го поддржуваат процесот на формирање и финансирање на поголем број на невладини организации во пошироки областа, со цел овозможување на плурализмот во невладиниот сектор и мултикултурализмот.

Измена на закон кој ќе овозможи поголемо финансирање на партиите од државниот буџет со околу 7-8 милиони евра годишно, во согласност со бројот на освоени гласови, како обид против корупција и нетранспарентно финансирање на партиите.

Комерцијално финансирање на медиумите со цел избегнување на финансирање на медиуми преку владините грантови и донации за зголемување на транспарентноста и поддршка на слободата на изразување.

3.ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Рурални зони.

Жртвите на транзицијата.

Партиите ќе се залагаат за еднаква дистрибуција на домашни и странски инвестиции на цел простор на РМ.

Гасификација.

Поддршка за земјоделскиот сектор.

4.ОДНОСИ СО СОСЕДИТЕ

Партиите се согласуваат за заеднички пристап во решавање на отворените прашања со Бугарија.

Партиите се согласуваат да се разгледаат можностите за интегрирано управување на границите со соседите и делување во согласност со можностите.

Партиите се согласуваат да работат активно во 2017 година за отворање на граничните премини Љојан – Миратоц, Бељаноц – Станчич и др.

Партиите се залагаат за заеднички пристап во решавање на спорот со Грција.

5.НАТО И ЕУ

Партиите се согласуваат да предложат Општа облигативна резолуција до собранието за активно залагање во насока на решавање на спорот за името и другите отворени прашања со соседите.

6.ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА

Партиите се согласуваат да создадат механизам во форма на Комисијата за финансирање на општините за да донесе правилни одлуки за владини грантови во корист на општините, управувано од министерот за локална самоуправа.

Фискална децентрализација.

Партиите се согласуваат да се вклучат во активно спроведување на стратегија за еднаков регионален развој.

7.ПРОГРАМА

Партиите се согласуваат да ги хармонизираат изборните платформи во заедничка владина програма.

Инаку, осмата точка се однесува на поделбата на ресори, при што стои дека ДУИ требало да добие претседател на собранието, двајца вицепремиери, министер за внатрешни работи, министер за образование, министер за животна средина, министер за економија, министер за локална самоуправа и министер без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции.

В.С.

 

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.