Вардино

       Вардино е рамничарско село и се наоѓа на источниот дел од територијата на Општина Демир Хисар, во долината на Црна Река. Од градот Демир Хисар селото е оддалечено околу 4 км.

       Неговиот атар зафаќа простор од 8,8 км². Обработливото земјиште зазема површина од 234,8 ха., на пасиштата отпаѓаат 222,7 ха., а на шумите 385,7 ха.

        Во селото има Основно училиште „Гоце Делчев“ до V одделение, подрачно училиште на ОУ „Гоце Делчев“ - Демир Хисар

        Во 1961 години бројот на жители изнесувал 543. Во 1994 година, бројот се намалил на 327. Според пописот од 2002 година, населението на Вардино повторно се намалило и тоа брои 266 жители. Денес во селото има околу 200 постојани жители.

Цркви и Манастири

Св. Никола

Св. Константин и Елена