Мусинци

         Населбата се наоѓа во североисточниот дел на Битолското Поле, а на територијата на Општина Могила и во непосредна близина со границата на Општина Прилеп.

        Селото е рамничарско сместено на 630м.н.в. Најголем број иселено население има во Битола, Охрид, Прилеп, Европа и преку океанските земји.

         Црквата во селото е посветена на Рождество на Пресвета Богородица, изградена во 2005г, додека пак селска слава е Мала Богородица.

 

Цркви и Манастири

Рождество на Пресвета Богородица

Св. Петка