Охрид договори шесто засилување, Штерјов потпиша со „галебите“

Искусниот Александар Штерјов е нов член на екипата на АБ Охрид. Тој доаѓа од Кожув и потпиша договор на една сезона.

33-годишникот е последното парче од сложувалката на новиот тренер Марјан Илиевски. Тимот има високи амбиции и ќе атакува на врвот во новата сезона.

Македонскиот претставник во АБА2 лигата од минатата сезона, претходно се договори со Игор Пенов, Војче Лефковски, Данило Мијатовиќ, Марјан Младеновиќ и Адем Меќиќ.

Подготовките за новата сезона „галебите“ ќе ги започнат во втората половина од август месец.