Мората: Да играш против Кјелини е како да си во кафез со горила…

Kjelini-Morata

Алваро Мората со нетрпение го очекува квалификацискиот натпревар меѓу Шпанија и Италија, а ќе се обиде да го совлада Џиџи Буфон кој му беше соиграч додека настапуваше во Јувентус.

Шпанскиот напаѓач кој сега е во Челси, не штедеше комплименти за искусниот италијански голман.

– Буфон е вонземјанин, за мене тој и Икер Касилјас се најдобри голмани во историјата. Тешко ќе видиме голмани како нив во скоро време, можеби ја немаат агилноста како некогаш, но се уште доминираат во игра еден на еден. Буфон предвидува се, со 20-годишно искуство може да ги претпостави потезите на напаѓачите, – вели Мората.

Џорџо Кјелини нема да настапи на оваа средба поради повреда, но Мората има интересен коментар и за него.

– Кој ми правеше најмногу проблеми од одбраната? Секако тоа е Кјелини. Тоа е како да сте ставени во кафез со горила и треба да му ја земете храната. Невозможно е да освоите дуел еден на еден или да го минете Кјелини ако внимава на вас, – потенцира шпанскиот репрезентативец.

Facebook Коментари