СП во Јапонија: Французинките стартуваа со неочекуван пораз, Норвежанките најубедливи

Fra-Kor

Поразот на Франција од Јужна Кореја (27:29) е најголемото изненадување од денешниот ден на Светското ракометно првенство во женска конкуренција кое се игра во Јапонија.

Актуелниот азиски, го совлада европскиот и светски шампион и направи подвиг на мундијалот, а најзаслужна за големата победа била Еун Хи Риу со 12 голови.

Рутински старт на првенството имаа Норвешка, Данска и Шведска, Словенија ја победи Холандија, а до првите бодови стигнаа и Србија и Црна Гора.

Црна Гора-Сенегал 29:25
Јапонија-Аргентина 24:20
Германија-Бразил 30:24
Србија-Ангола 32:25
Унгарија-Казахстан 39:15
Словенија-Холандија 32:26
Шпанија-Романија 31:16
Русија-Кина 26:11
Данска-Австралија 37:12
Норвешка-Куба 47:16
Шведска-ДР Конго 26:16
Ј.Кореја-Франција 29:27

 

Facebook Коментари