Контакт

Македонија

Втор смртен случај од коронавирус во Македонија

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус. Се работи за маж на 63-годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата.

Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород.

„Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет“, соопштија од Министерството.

Ова е втор смртен случај од коронаворус во земјата. Вчера Министерството соопшти дека првата жртва на коронавирусот во земјава е 57-годишна пациентка од Куманово, која починала на 21 март.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Прилеп доби нов Ургентен центар

Објавено пред

По 15 години е остварена иницијативата и потребата од отворање на Ургентен центар во склоп на прилепската болница, порача техничкиот премиер Оливер Спасовски за време на денешната работна посета на Прилеп, нагласувајќи дека граѓаните од оваа Општина добија модерен медицински Центар за тријажа, третман на итни пациенти, амбуланта за преглед на пациентите, просторија за реанимација, за згрижување на рани, како и просторија за давање на терапија, односно дневна болница со шест кревети.

Ургентниот центар е опремен со ЕКГ и ЕХО апарати, дефибрилатор, три пациент -монитори, инфузиони пумпи и други апарати неопходни за првата, ургентна интервенција и во него во смени ќе бидат ангажирани 12 доктори и 12 медицински сестри.

Премиерот Спасовски додаде дека во Акушерското одделение е извршено генерално реновирање на подовите, на ѕидовите и вратите, на санитетски јазли и на водоводната инсталација, на осветлувањето и на електрична инсталација, и набавени се нови кревети и медицинска опрема, потсетувајќи дека од 2017 година за потребите на повеќе одделенија е набавена опрема од над 50 милиони денари.

„Се разбира, во овие услови на здравствена криза заради пандемијата со КОВИД-19, како и воопшто, јас на сите граѓани на општината им посакувам да ги служи здравјето и колку што може помалку да имаат потреба од лекарска помош. Но, мора да бидеме секогаш добро подготвени, да имаме добро опремени јавни здравствени установи, најдобри услови за работа на докторите и на целиот друг медицински персонал, за да бидеме сигурни дека граѓаните ќе ја имаат најдобрата здравствена услуга во нивната, локална средина“, подвлече Спасовски.

Тој потсети дека ветувањата кои Владата ги даде во однос на зголемувањата на платите на медицинските лица се остварија и основната плата на лекарите специјалисти е зголемена за 40 проценти, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 проценти. На општите лекари за 25 проценти, а на здравствените соработници за 15 проценти.

„ Здравствената криза од пандемијата со коронавирусот повеќе од кога и да е покажа колку е важно здравствениот систем да биде цврст. Затоа, во овој период континуирано вложуваме и во зајакнување на здравствениот систем. Создадовме ресурси, сериозно надграден здравствен систем во однос на капацитети за сместување, медицинска опрема и знаењата на здравствените работници, за да се справиме и со актуелниот бран на коронавирусот. И во оваа прилика, како и на секој јавен настап повторувам: Вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на мерките“, рече Спасовски изразувајќи убедување дека од оваа криза ќе излеземе многу посилни и помудри и ќе разбереме колку се важни граѓанската солидарност, поддршката на институциите и меѓусебното помагање.

При обиколката на новоизградениот дел и реновираното одделение премиерот Спасовски со министерот Филипче и домаќините, градоначалникот Јованоски и директорот Богојески извршија увид и во опремата која во мај пристигна како помош од турската компанија „АЛИМ ОРМАН УРУНЛЕРИ“, односно модерни болнички кревети и помошни помагала во вредност од 50.000 евра.

Mинистерот за здравство Венко Филипче потенцираше дека со оваа инвестиција болницата во Прилеп станува врвна, европска институција.

„ Да се инвестира и да се направи Ургентен центар е навистина значајна работа. Сите пациенти, не само од Прилеп, туку и целиот регион можат навремено и сосем соодветно да добијат здравствена заштита. Кога на едно место има експертиза на искусните лекари специјалисти кои работат заедно и ги едуцираат младите специјализанти, тука е и Рендген одделението на коешто за кратко време се прави дијагностика, значи дека пациентот за рекордно кратко време добива соодветна здравствена услуга. Се прави тријажа и понатаму се прераспределува на некое од соодветните одделенија во оваа болница. Освен ургентниот центар којшто ќе биде во функција од овие денови тука во болницата во Прилеп, целосно е реновирано и гинеколошко-акушерското одделение. Сега родилките од целиот овој регион ќе имаат навистина пријатен престој во реновирани простории, целосно нови автоматизирани кревети, секоја соба со посебен тоалет“, истакна министерот Филипче.

Тој рече дека во една ваква светска здравствена криза, во пандемија, станува јасно колку е важно јавното здравство. Во еден ваков момент на секој граѓанин може да му затреба.

„Ние започнавме огромни инвестиции во јавното здравство изминатите три години, во изминатите 2 години вработени се 20 лекари во болницата. Само изминатата година пратени се од болницата во Прилеп 15 лекари на специјализација. Направивме инвестиција во платите какви што никогаш во историјата во нашата земја и во системот во здравството немало. Платите на лекарите специјалисти сега изнесуваат помеѓу 85 и 160 илјади денари. Верувам дека ги одвративме младите лекари од желбата да ја напуштат нашата земја. Сакам на крајот да им честитам на сите вработени во болницата, на директорот, на колегите лекари, на медицинските сестри и помошно-техничкиот персонал во несебичната и пожртвувана борба со вирусот КОВИД-19, третирајќи ги најтешките пациенти и така стоејќи напред во борбата против овој непријател на крај ќе бидеме победници“, посочи Филипче.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски изразувајќи задоволство од зголемувањето на здравствениот капацитет во Прилеп и подобрувањето на здравствената заштита на населението на Општината, упати апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19.

Градоначалникот Јованоски посебно се обрати кон младата популација да ги почитува препораките и да не подлегнува на како што истакна, повици на социјалните мрежи за дружења во поголеми групи, истовремено нагласувајќи дека припадниците на Министерството за внатрешни работи треба да ги зајакнат контролите и заеднички да се организираат во заштита на населението од ширење на вирусот КОВИД-19.

Директорот на Општата болница, Драги Богојески ги поздрави присутните посебно укажувајќи дека трудот кој последните три години е вложен заедно со Владата и локалната самоуправа, може да се види преку Општата болница „Борка Талески“, која претставува модерен здравствен центар кој пружа комплетна здравствена заштита извршија обиколка на новоизградениот Ургентен центар и реновираното Акушерско одделение во рамки на болницата од било каков вид, за над 100.000 граѓани од оваа Општина.

Посетата на Прилеп, премиерот Спасовски, заедно со домаќините од општината и со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, ја завршија со посета на најнаселената населба „Точила“, каде извршија увид врз завршената реконструкцијата на локалниот пат, главната сообраќајница со вкупна асфалтна површина од 10.000 метри квадратни во оваа населба, со што се заокружи изградбата на целокупната придружна инфраструктура во населбата „Точила“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од недела операторите најавија времени прекини на ТВ-програмите, освен на МРТ

Објавено пред

Македонските оператори информираат дека од 21 јуни (недела) се принудени да почнат со времени прекини во реемитување на сите телевизиски програми, освен на јавниот сервис МРТ.

Ова, како што велат, се должи на измената на законската и подзаконската регулатива во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, со која на операторите им се наметнуваат неуставни обврски.

„На овој начин сакаме да го подигнеме нивото на свесност за сериозноста на ова прашање кај пошироката јавност, особено нашите крајни корисници, кои ќе бидат најмногу погодени од актуелното законско решение. И покрај сите напори, реакции и отвореност за соработка, во интерес на корисниците, состојбата со реемитување на телевизиски канали нема решение туку сè повеќе се комплицира. Одлуката за времени прекини ја поддржуваат сите оператори кои се дел од Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија.

Причината за ваквиот чекор е усвојувањето на измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги по скратена и нетранспарентна постапка, без претходна консултација и расправа. Со овој закон, на сите оператори им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програмите кои само ги реемитуваат и за тоа да сносат кривична и материјална одговорност. Реемитувањето на програми и авторските права е согласно ЕУ-стандардите и е веќе уставно регулирано со закон.

Дополнително, на 29.05.2020, во време на вонредна состојба, донесена е уредба со која законот е надополнет со уште една обврска на штета на операторите и корисниците која го доведува во прашање натамошното реемитување на телевизиски содржини преку нашата јавна електронска комуникациска мрежа. Оваа уредба им наментува обврска на операторите за пререгистрација на веќе регистрирните странски канали во рок од 60 дена.

Сите оператори по истекот на овој период, односно на 8.8.2020 ќе треба да ги исклучат странските канали кои ги реемитуваат, поради регулативата која од една страна бара нивна пререгистрација под нови услови без оправдани причини, а од друга страна бара изјави со кои под морална и кривична одговорност операторите би одговарале за нешто за што немаат законска должност ниту, пак, моќ да го контролираат“, се наведува во соопштението.

Оттаму порачуваат дека се отворени за соработка и дека понудиле предлог за измена на Законот и на подзаконските акти кои доколку се прифатат ќе добијат прифатливо решение што ќе го превенира потенцијалниот медиумски и информативен мрак.

Прикажи повеќе...

Македонија

Индекс на транспарентност: Министерство за здравство со високи 81,3 процентни поени

Објавено пред

Според Индексот на транспарентност за 2020 година што го прави Центарот за граѓански комуникации, Министерството за здравство е институција чија активна транспарентност е рангирана во категоријата „многу добра“ со високи 81,3 процентни поени, соопшти министерството.

Како што се наведува, споредено со Индексот од минатата, 2019, година кој изнесува 77,5 процентни поени во истата категорија, Министерството за здравство бележи раст од 3,8%. Во 2017 година, активната транспарентност на Министерството за здравство била рангирана во категоријата „слаба“, а за само три години министерство бележи скок од 43 места.

За три години министерството бележи поместување од категоријата „слаба“ во „многу добра“, што е практично и највисоката категорија во рангирањето и рекорден скок од 43 места. Ова е огромен напредок за нас како институција и резултат на нашата посветеност кон целосна транспарентност во објавување на информациите.

Инаку, под „активна транспарентност“ се подразбира објавување информации по сопствена иницијатива од страна на институцијата. Центарот за граѓански комуникации го спроведува истражувањето врз основа на методологија и структурирани прашалници за исполнетоста на обврските за активно објавување на информациите на интернет-страниците на институциите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет21 минута

(Видео) Тешка сообраќајка во Русија – камион се заби во колона возила, има и жртви

Две лица загинаа, а седум се тешко повредени откако камион налета на пет други возила во Русија. Инцидентот се случил...

Македонија1 час

Од недела операторите најавија времени прекини на ТВ-програмите, освен на МРТ

Македонските оператори информираат дека од 21 јуни (недела) се принудени да почнат со времени прекини во реемитување на сите телевизиски...

Економија3 часа

ФИТР преку „Стартапувај 2“ на 53 фирми ќе додели 1,5 милиони евра

Вицепремиерката задолжена за економски прашања, Мила Царовска, и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, ги објавија...

Европа4 часа

Лајен: Планот за економска помош можност која ЕУ не смее да ја пропушти

Планот за закрепнување што го предложи Европската комисија заедно со новиот повеќегодишен буџет е можност за ЕУ која не смее...

Европа4 часа

Првите резултати од вакцината против коронавирус се очекуваат за два месеца

Првите резултати од испитувањето на вакцината против коронавирус, што ја разви компанијата „CureVac“ со седиште во Германија, се очекуваат за...

Топ5 часа

Загина мотоциклист по удар од камион

Триесет и двегодишен жител на скопското село Стајковци загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на булеварот Киро Глигоров....

Свет6 часа

Коронавирусот брзо се шири во семејствата каде што има заболено лице

Коронавирусот е двојно позаразен во домаќинствата отколку сличните болести, како САРС, бидејќи значителен број нови инфекции се проширил пред заболениот...

Европа6 часа

Коронавирусот во Милано бил присутен уште во декември

Траги од вирусот Ковид-19 во отпадните води на Милано и Торино во северна Италија имало уште во декември, според студијата...

Свет7 часа

СЗО се надева на стотици милиони дози вакцина против Ковид-19 до крајот на годината

Светската здравствена организација (СЗО) изрази надеж дека неколку стотици милиони дози вакцина против коронавирус ќе бидат произведени до крајот на...

Свет7 часа

Турција повторно воведува полициски час

Носењето заштитна маска од сега е задолжително на јавни места во трите најголеми градови во Турција, соопштија денеска надлежните. Бројот...

Свет18 часа

Азербејџан повторно воведува карантин, овој пат до 1 август

Азербејџанската влада објави дека повторно ќе го воведе карантинот на населението по скокот на бројот на заболени од коронавирус, помалку...

Свет18 часа

Трамп за книгата на Болтон: Тој е лажго, сите го мразат

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги отфрли обвинувањата од книгата на својот поранешен советник за национална безбедност, Џон Болтон. Тој рече...

Свет19 часа

Русија почна со клиничко испитување на вакцина против коронавирус

Универзитетот „Сеченов“ во Москва почна со клинички испитувања на вакцината против коронавирусот. „Првите 18 доброволци ја примија експерименталната вакцина“, изјави...

Македонија21 час

Шекеринска: Берлин ни понуди лекување на нашите пациенти во Германија

Германија им понуди на сите земји членки на НАТО третман на пациенти со Ковид-19 во своите болници. Ваква понуда добила...

Европа21 час

Во Италија 66 починати и 333 нови случаи на коронавирус

Бројот на починати од коронавирус во Италија во изминатите 24 часа е 66, а регистрирани се уште 333 нови случаи,...

Топ23 часа

Четири лица, меѓу кои и малолетник, обвинети за обид за убиство пред пицерија во Гостивар

Три лица заедно со еден малолетник се обвинети за обид за убиство, што се случил пред пицерија во Гостивар. „Обвинетите на...

Македонија1 ден

Нови 182 случаи на Kовид-19 и шест починати во земјата

Во последните 24 часа се направени 1.348 тестирањa, а регистрирани се 182 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје – 107,...

Регион1 ден

Коронавирусот во Црна Гора повторно го донеле навивачи од натпреварот Ѕвезда – Пaртизан

Директорот на болницата во Подгорица денеска изјави дека коронавирусот во Црна Гора повторно се проширил поради навивачи кои биле на...

Македонија1 ден

(Видео) Русковска: Ќе ги обжалиме двете пресуди, за Јовановски очекував казна над 10 години

Обвинителката Вилма Русковска, која го водеше предметот „Рекет“ и го поднесе обвинението до судот, не е задоволна од изречената казна...

Македонија1 ден

(Видео) Јовановски: Пресудата е политичка, а ќе ми го продолжите притворот бидејќи така ви е наредено

Осудениот Бојан Јовановски деновиве најави дека ќе достави кривични пријави против вистински сторители на кривични дела во Македонија, а на...

Досие