Добрушево

        Населбата се наоѓа во североисточниот дел на Битолското Поле, на левата страна на Црна Река. Селото е рамнинско на 595 м. надморска височина. Населбата од Могила е оддалечена 14 км., а од Битола 24 км.

        Според легенда, прв во месноста се населил некој си Добруш и по неговото име и населбата била именувана.

        Добрушево е голема населба, но во последните три децении, бројот на жители значително се намалил. Карактеристично за ова село е дека многу се негува Христијанството. Повеќе од 20 свештени лица (попови) излегле од ова село. Актуелниот Архиепископ Г.Г. Стефан потекнува од ова село.

        Во 1961 г. селото имало 1182 жители, додека во 2002 г. бројот се намалил на 624 жители. Бројот на емигрирано население изнесува над 600 лица. Најголем број од населението е иселено во Битола, Скопје, прекуокеанските земји и Европските држави. Во 2008 г. во селото имаше 720 жители.

        Црквата во селото е посветена на Вознесение Христово – Спасовден. Подигната 1860г. Во Првата светска Војна до темел разрушена, додека во 1924 г. изградена на старите темели. Реновирана во 60-тите години, а потоа обновена во 90-тите години на 20-ти век со донаторска помош на иселеници – роднокрајци. Слава на селото е Спасовден.

        И покрај големите емиграциски преселби селото го задржало своето доманантно место на развиен населба во Пелагонискиот регион.

Цркви и Манастири

Св. Спас