Амфакситида

ГЕВГЕЛИЈА | БОГДАНЦИ | ДОЈРАН | ВАЛАНДОВО | МИРАВЦИ

А М Ф А К С И Т И Д А

Обележјата на на еден регион се збир вредности, карактеристики и обележја создадени од природата, а без учество и влијание на човекот. Во нив спаѓаат географската и геопрометната положба на подрачјето, рељефните карактеристики, геолошки, сеизмички, педолошки, хидрографски и климатски карактеристики, како и обележјата на флората и фауната. Проучувањето на сите природни обележја и класификација и валоризација на определените вредности и погодности и нивното конфронтирање или синтеза на вредностите создадени од човекот, претставува основа за организација, односно разместување на човековите активности и дејствија на најрационален начин.
Во делот на анализата за погодностите на природната средина се врши валоризација на потенцијалите на природните ресурси, што воедно е и појдовна основа за планирање на локалниот економски развој. При тоа компонентите на природната средина се третираат како извори на природното богатство на определен простор чија експлоатација зависи од нивото на развој на производните сили, од потребите на човекот и степенот на свесни и плански акции. Валоризацијта на погодностите на природната средина претставува појдовна основа за планирано и рационално користење на природните потенцијали за потребите на развојот на стопанството и за обезбедување на хумани услови за живеење, и тоа не само од аспект на нивното искористување, туку и врз активно делување врз природните фактори и модификација на дадените природни услови по пат на разни зафати. Тој процес во својата вкупност претставува основа за креирање на планот за искористување на природната средина како еден од мошне важните аспекти за стратешко планирање на локалниот економски развој.

You may also like...

За што не објавуваат медиумите, тоа не се ни случило.
Translate »