Основното училиште „Моша Пијаде” (сегашно „Никола Карев”) летописот на својата плодна и успешна работа низ историјата започна да го пишува од 1957 година, кога на предлог на тогашниот Општински одбор за просвета на Кочани, Народниот одбор на Општина Кочани на посебни седници на Народниот одбор и собирот на производители донел решение на 27. 9. 1957 година за основање второ основно училиште во градот, осмолетка „Моша Пијаде”, со основна дејност воспитание и образование на учениците од 7 до 15 години, Обврска училиштето добило да формира и паралелки за предучилишно и основно образование и воспитание во градот. 11 ред формирањето, кон ова училиште биле приклучени и две подрачни училишта од селата Грдовци и Бели. Според хронологијата на настаните и случувањата во училиштето за прв директор бил поставен Ристо Јорданов Данилов од Кочани ,афирмиран просветен работник кој ги извршил и сите подготовки за успешно и навремено започнување на наставата. Наставата започнала на 1 септември 1957 година. Во училиштето тогаш биле запишани 618 ученици, од кои 369 ја посетувале наставата од прво до четврто и 249 ученика од петто до осмо одделение, распоредени во 21 паралелка и забавишна група со 28 ученика. На почетокот наставата во училиштео ја изведувале 25 наставника сите со завршено соодветно образование, мегу кои се наоѓале и наставници од првата генерација учители во Училиштата во Пиринска Македонија. Нова страница во историјата, училиштето запишува во 1983 година кога беше предадена во употреба новата зграда на сегашното училиште „Кирил и Методиј”. 110 препорака на Извршниот совет на Општина Кочани, тогашниот ОСИЗ за основно образование и воспитание од овој град донесе одлука за формирање на ново посебно училиште од постојното„Моша Пијаде” на две училишта. Одлуката беше прифатена и релаизирана. Во учебната 1972/73 година по поделбата наставата во училиштето „Моша Пијаде” ја следат 1 271 ученик од прво до осмо одеелние и 130 деца во забавишните групи со вкупен број на вработени 56-мина. Со текот на времето кон ова училиште се припоени и училиштата од селата Полаки, Небојани и Главовица. Подоцна училиштето во учебната 1993/94 година го доби името на револуционерот од илинденскиот период Никола Карев, кој во нерамна борба со турскиот аскер херојски загина со својата чета кај месноста Свиланово близу селото Рајчани -Кочанско. Со училиштето во изминатиоте 55 години раководеле како директори следните лица: Ристо Данилов, Ѓорги Костов, Мите Штерјов, Соња Јовиќ Матеничарска и Владо Андов (во два мандата).