Добредојдовте во Музеј на Македонија

Е-пошта Печати PDF

muzej.jpgМузеј на Македонија е еден од најстарите музеи во државата, чии збирки се формирале уште на почетокот на XX век.

Лоциран во Старата скопска чаршија, Музеј на Македонија се простира на повеќе од 10.000 м², од кои околу 6000 м² претставуваат музејски простор за постојани и повремени изложби.

Музејот е Национална установа од комплексен тип - во него се прибира, истражува, чува, конзервира, обработува и презентира културно-историското наследство на Македонија од праисторијата до денес, обединувајќи збирки од областа на археологијата, етнологијата, историјата и историјата на уметноста.

Во Музеј на Македонија овие области се поделени во одделенија во кои работат специјалисти - археолози, филолози епиграфичари, нумизматичари, антрополози, етнолози, историчари, историчари на уметноста, архитекти, ликовни уметници, конзерватори.

Материјалот за збирките доаѓа во Музејот по пат на истражувања и со откуп.

Овде може да се добие стручно мислење за различни видови предмети што се наоѓаат и во приватна сопственост.

Во рамките на Музејот е и Куршумли-ан, споменик на културата од средината на XVI век, во кој се презентирани камени споменици - лапидариум. Овој прекрасен простор многу често се користи за музички, театарски и изложбени настани во културниот живот на Скопје.

Музеј на Македонија се грижи и за музејските збирки во:
- Домот на културата „Драги Тозија" - Ресен;
- Bиблиотека „Искра" - Кочани;
- Домот на културата „25 Мај" - Валандово;
- Спомен-соби во с.Битуше, Галичник и Горно Врановци.

фотогалерија

 
Банер

Настани

октомври 2012 ноември 2012 декември 2012
По Вт Ср Че Пе Са Не
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30