Број 1436 понеделник, 16 октомври 2006


  На прво место

   

 

ПРОФИЛ
Ромео Живиќ човек со многу лица

КУМАНОВО - Веста за загинувањето на кумановецот Ромео Живиќ во прексиноќешната престрелка во Скопје, во Куманово вчера беше примена со поделени коментари затоа што станува збор за многу контроверзна личност, човек со бурно минато, прилично ценет во кумановското подземје, како и познат како борец против неправдите и за правата за Србите во неговото родно село Матејче. Со овој "ореол" се здоби во една престрелка пред кумановската болница пред речиси две децении, кога со пиштол застрела на место еден Албанец и потоа од судот излезе без затворска казна што беше поздравено и од Македонците и од Албанците. Од тој настан произлезе тезата во јавноста дека е близок соработник на кумановската служба за безбедност.

За време на воениот конфликт пред три години, околу еден месец помина како заробеник на терористите на ОНА во Липковскиот регион, како наводно киднапиран борец за македонската кауза. Покојниот Живиќ подеднакво им стоеше на располагање со своите "услуги" и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, а има пријатели и во редовите на албанските политички партии. Тие што добро го познаваат тврдат дека бил добар по душа и дека имал многу повеќе пријатели отколку непријатели. (Ст.Б.)

© 2001 Утрински Весник, сите права задржани